Спорт
Дешам реши да ја напушти Франција

Селекторот на Франција, Дидие Дешам, во текот на денот официјално ќе објави дека ќе ја напушти функцијата по Светското првенство во 2026 година во САД, Мексико и Канада.
Како што пренесуваат француските медиуми, Дешам ќе ја објасни својата одлука во снимено интервју кое ќе се емитува на „TF1“, во 13 часот.
Назначен во 2012 година по Европското првенство и заминувањето на Лоран Блан, Дешам е селектор со најдолг стаж. Речиси 14 години е на клупата на „сините“.
За тоа време, Франција стигна до финалето на ЕУРО 2016 на домашен терен, пред да го освои Светското првенство во Русија во 2018 година.
Четири години подоцна во Катар, Французите во финалето загубија од Аргентина.
На Европското првенство во 2024 година, тие беа елиминирани во полуфиналето од Шпанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Во Реал можат да здивнат, Мбапе не е сериозно повреден

Повредата со која се здоби Килијан Мбапе на натпреварот против Арсенал не е сериозна. Тој ќе биде подгтовен за финалниот натпревар во Купот на кралот.
Французинот мораше да го напушти натпреварот во средата навечер поради повреда на скочниот зглоб. Реал загуби од Арсенал (1:2) и ја заврши сезоната во Лигата на шампионите.
Мбапе е суспендиран за дуелот со Атлетик Билбао овој викенд, а ќе го пропушти и гостувањето кај Хетафе в среда, за да биде целосно подготвен за финалето од Копа дел Реј на 26 април.
Мбапе оваа сезона постигна 34 гола и имаше четири асистенции на 49 натпревари во сите натпреварувања.
Финалето на Купот на кралот се игра на стадионот „Ла Картуха“ во Севилја во сабота на 26 април од 22:00 часот.
Спорт
Шортс ја предводи најдобрата петорка во Евролигата

Евролигата ги објави имињата на кошаркарите кои ги формираа првата и втората најдобра петорка.
Изборот, како и секогаш предизвика контраверзи, особено кога станува збор за првата петорка, во која се најде и натурализираниот Македонец, ти Џеј Шортс.
Забележливо е дека првата петорка е составена без центар, со три „единици“ и две „четворки“.
Покрај Шортс, во петорката се Карсен Едвардс (Баерн), Кендрик Нан (Панатинаикос), Најџел Хејс-Дејвис (Фенербахче) и Саша Везенков (Олимпијакос).
Во втората петорка се: Тео Маледон (Асвел), Мајк Џејмс (Монако), Еван Фурние (Олимпијакос), Хуанчо Ернангомез (Панатинаикос) и Валтер Таварес (Реал Мадрид).
Спорт
„Целта на Арсенал е да ја освои Лигата на шампионите“

Деклан Рајс, фудбалерот на Арсенал го најави освојување на Лигата на шампионите.
Арсенал оваа сезона стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите, а во четвртфиналето го исфрли Реал Мадрид, убедливо со вкупен резултат 5:1.
Еден од хероите на тимот од Лондон изјави дека целта на Арсенал е да ја освои Лигата на шампионите оваа сезона.
„Средата беше исклучителна ноќ за нашиот клуб, историска ноќ. Имаме цел во ова натпреварување, а тоа е да ја освоиме Лигата на шампионите“, рече Рајс.
Англичанецот потоа ги пофали соиграчите.
„Бевме навистина полни со самодоверба и верба дека можеме да победиме во Мадрид. Тоа што го имавме во нашите глави го спроведеме во пракса“, изјави Рајс и додаде:
„Имав чувство дека напредуваме, ова е навистина неверојатно. Завршивме неверојатна работа досега во ЛШ. Имаме верба во себе, му веруваме на тренерот без резерва, тој е неверојатен. Полуфиналето е голема работа за нас и сакаме само да уживаме во се“.