Спорт
Девојката раскажа детали како Хакими сексуално ја злоставувал
Покрената е официјална истрага против мароканскиот интернационалец од Пари Сен Жермен, Ашраф Хакими, поради обвинувања за силување, соопшти обвинителството во Нантер, општина во Париз. На Хакими му е забрането да има контакт со младата жена која го тужела, но дозволено му е да ја напушти француската територија.
Откако обвиненијата за силување протекоа во јавноста, сопругата на Хакими, актерката Хиба Абук реши да се разведе од него. Тие имаат две деца.
Пред судот сведочеа Хакими и девојката која го обвини за силување. Таа опиша како поминала вечерта, во неделата на 26 февруари, кога ПСЖ играше против Олимпик Марсеј, но Хакими не можеше да настапи поради повреда.
Неговата сопруга била на патување во Дубаи со децата и тој ја имал куќата за себе.
Извесен период бил во контакт со девојката преку Инстаграм, а дури тој викенд првпат се виделе во живо. Мароканскиот репрезентативец испратил „убер“ да ја земе, кој ја однел во неговиот дом.
„Во неговиот дом работите излегоа од контрола. Ме бакна во уста, ми ја соблече облеката од градите, иако реков дека не сакам да го прави тоа. Ме допре за вагината, иако јас не сакав да го прави тоа“, се вели во сведочењето на жртвата.
Француските медиуми објавија дека таа успеала да го оттурне фудбалерот и да повика еден од пријателите да дојде да ја земе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дон Карло, апсолутен рекордер во Лигата на шампионите
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти стана најтрофејниот тренер во историјата на Лигата на шампионите.
На „Вембли“, петти пат во кариерата стана европски првак. Реал во финалето ја победи Борусија Дортмунд со 2:0.
Дон Карло трипати го освојуваше овој трофеј со Реал, а уште два пати со тимот на Милан.
По натпреварот тој имаше интересна изјава за тоа како ќе го прослави овој апсолутен рекорд и уште еден трофеј во низа.
„Ќе славам во карактеристичен стил, со уште една пура на плоштадот Цибелес во Мадрид“, беше одговорот на Анчелоти во изјавата за шпански „Мовистар“.
Секако, имаше и неколку зборови за самиот натпревар.
„Малку го турнавме Винисиус понапред, бидејќи во првото полувреме бевме малку мрзеливи, ја губивме топката. Играа како што сакаа, влегоа во многу опасни ситуации и многу опасно не нападнаа“, изјави Анчелоти.
Имаше што да каже и за Тони Крос кој со оваа титула се збогува од Реал Мадрид.
„Малку е тажно што Тони вака не остава. Но тој е на врвот на кариерата и тоа мора да се почитува“, заклучи Анчелоти.
Спорт
Модриќ е играчот со најмногу трофеи во историјата на Реал Мадрид
Лука Модриќ стана фудбалерот со најмногу трофеи во историјата на Реал Мадрид.
Реал ја победи Борусија Дортмунд со 2:0 на „Вембли“ во Лондон и ја освои Лигата на шампионите. Тоа е 15-та европска титула во историјата за „кралскиот клуб“.
Стрелци за Реал беа Дани Карвахал во 74. минута и Винисиус Жуниор во 83. минута.
Капитенот на Хрватска влезе во игра во 85. минута и го освои својот шетти пехар во ЛШ и на клупската листа се изедначи со Пако Хенто.
Воедно, ова е 26. титула за Модриќ во дресот на Реал, што значи дека тој е фудбалерот со најмногу трофеи во историјата на Реал.
Модриќ ги претекна поранешните соиграчи Карим Бензема и Марсело.
Актуелниот капитен на Реал, Начо Фернандеш е изедначен за првото место со Модриќ.
Модриќ стана и најстариот играч кој некогаш играл за Реал во финалето на Лигата на шампионите. Рекордот доаѓа од фактот дека Модриќ е најстариот играч на Реал во ЛШ воопшто.
Тој го собори овој рекорд во полуфиналето против Баерн, кога настапи на возраст од 38 години и 234 дена.
Модриќ е и играчот со најмногу настапи во финалето на ЛШ откако елитното натпреварување се игра во овој формат.
Тој по шести пат играше во финалето на Лигата на шампионите, што досега го имаат постигнато само Паоло Малдини и Кристијано Роналдо и неговите соиграчи Начо и Тони Крос.
Досега, со пет настапи во финалето, Модриќ беше изедначен со Бензема, Патрис Евра, Кларенс Сидорф и Едвин ван дер Сар.
Спорт
(Видео) Навивачи го прекинаа финалето, еден си направи „селфи“ со Винисиус
Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите по 15. пат во својата историја. Во финалето одиграно на стадионот „Вембли“ во Лондон пред 86.000 гледачи Реал ја победи Борусија Дортмунд со 2:0. Стрелци за Кралскиот клуб беа Дани Карвахал во 74. минута и Винисиус Жуниор во 83. минута од натпреварот.
Финалето во Лигата на шампионите беше прекинато уште во првата минута бидејќи на теренот влегоа тројца навивачи, најверојатно Реал.
😡 Embarrassing start for UEFA & Wembley as series of pitch invaders go unchallenged & disrupt start to game. Delay of 2 minutes #UCLfinal pic.twitter.com/hP3etCMJRI
— Craig Hope (@CraigHope_DM) June 1, 2024
Обезбедувањето ги бркаше натрапниците на теренот, а прекинот траеше речиси две минути. Еден навивач го извадил мобилниот телефон и направил „селфи“ со Винисиус.