Спорт
Џеко се скарал со тренерот. Нема да го игра најголемиот натпревар во кариерата?
Интер во финалето на Купот на Италија во Рим ја победи Фиорентина со 2:1 и со тоа ја освои деветтата титула во тоа натпреварување. Фиорентина поведе во третата минута по една убава акција која ја заврши Нико Гонзалес со гол од речиси мртов агол. Сепак, до полувремето Интер направи пресврт со головите на Лаутаро Мартинез.
Натпреварот го одбележа и судирот меѓу напаѓачот на Интер, Един Џеко и тренерот Симоне Инзаги. Џеко му се налути на тренерот што го замени во 58. минута, кога Инзаги го испрати Ромелу Лукаку на теренот.
Џеко одби да се поздрави со тренерот, а после тоа имаа жестока расправија на клупата за резерви.
Италијанските медиуми најавуваат дека Џеко поради своето однесување би можел да го гледа финалето од Лигата на шампионите против Сити од клупата, а Лукаку да влезе во првиот тим.
Џеко, 37. годишниот напаѓач од Босна и Херцеговина, оваа сезона постигна 14 гола. Тој има договор со Интер до крајот на јуни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Холанд петти пат по ред е фудбалер на годината во Норвешка
Голгетерот на Манчестер сити и репрезентацијата на Норвешка, Ерлинг Браут Халанд очекувано е избран за фудбалер на годината во Норвешка.
Тоа е петти пат по ред како Норвешката фудбалска федерација (Noregs Fotballforbund), , го прогласува напаѓачот за најдобар во изминатата година.
Халанд ја освои својата прва Златна топка во 2020 година како играч на Борусија Дортмунд, кој го наследи Мартин Одегард, и оттогаш се претплати на оваа награда.
„Ова е голема и драга награда за мене, многу ја ценам. Горд сум што го освојувам петта година по ред. Беше добра година, играв постојано и постигнував голови, среќен сум поради тоа. Ја освоивме Премиер лигата, што беше фантастично и имавме многу успеси со тимот“, изјави Ерлинг Халанд.
Спорт
Српските ракометарки добија Норвежанец за селектор
Норвежанецот Бент Дал ќе биде новиот селектор на женската ракометна репрезентација на Србија. Ангажманот на Дал ќе биде официјализиран утре на седницата на Управниот одбор на Ракометниот сојуз на Србија.
Бент Дал со Ракометниот сојуз на Србија договорил соработка до крајот на квалификациите, со можност договоорт да му биде продолжен.
Српската репрезентација во плеј-офот за пласман на Светското првенство ќе игра против Словенија.
Дал важи за одличен експерт, професионалец со долгогодишно искуство.
Норвежанецот ги предводеше Опсал, Скрим, италијанската репрезентација и Халвард. Дал беше на клупата на унгарскиот Сиофок со кој имаше големи успеси, а потоа три години ја водеше и романската Влчеа, а последен ангажман му беше на клупата на чешката репрезентација која ја совлада репрезентацијата на Србија на неодамнешното Европско првенство.
Спорт
Медведев за соработката меѓу Ѓоковиќ и Мареј: Замислете Меси да го тренира Роналдо
Рускиот тенисер Даниил Медведев, во Мелбурн зборуваше за Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј.
Ѓоковиќ пред еден месец објави дека Мареј ќе биде неговиот нов тренер. Многумина во светото на тенисот се прашуваат како функционира соработката
„Какво влијание ќе има врз Новак? Тешко е да се каже, бидејќи замислете дека го тренирате, а тој игра добро и победува. А потоа се прашуваме, дали е поради Мареј или Новак? Мислам дека тоа е одлично партнерство во секој поглед. Во однос на енергијата, медиумите, тенисот, тоа е одлично за развојот на тенисот. Тоа е исто како Лео Меси да стане тренер на Кристијано Роналдо. Би било чудно“, рече Медведев.