Спорт
Џирона го сака Тер Штеген
Џирона размислува да повлече сензационален потег во зимскиот преоден рок. Клубот сака да се обиде да го ангажира Марк-Андре тер Штеген. Иако станува збор за исклучително сложена операција, клубот е подготвен да направи сè за да ја истражи дури и најмалата шанса за реализација на овој трансфер.
Клубот итно има потреба од ново име на голманската позиција, а германскиот репрезентативец, со своето искуство и квалитет, совршено се вклопува во профилот на играч кој би можел да ја сврти сезоната.
„Астон Вила исто така покажа интерес за Тер Штеген поради ситуацијата со Емилијано Мартинез“, пишува „Мундо Депортиво“.
Од спортска страна, работата е јасна, се разгледува само позајмица, сценарио кое Барселона веројатно би го прифатила со оглед на моменталниот статус на голманот.
Сепак, најголемата пречка е неговата плата. Џирона не може да ја покрие платата на германскиот голман, која е далеку над платите на останатите играчи во тимот и тешко се вклопува во буџетот.
Сепак, Џирона има неколку адути. Клубот ја разгледа ситуацијата и дозна дека Тер Штеген е отворен да ја разгледа оваа опција. Близината на Барселона, каде што живее со своето семејство, ја прави Џирона привлечна дестинација доколку одлучи да го смени клубот во потрага по минутажа.
Редовното играње е клучно за да остане сериозна опција за германската репрезентација на претстојното Светско првенство, што е важен фактор во неговата одлука.
Сценаријата за реализиција на трансферот се јасни, но тешки. Или Тер Штеген ќе се согласи на драстично намалување на платата за време на шестмесечниот позајмица, или Барселона ќе мора да го преземе поголемиот дел од неговата плата.
Џирона има стабилни финансии, но со оглед на тоа што тимот е во зоната за испаѓање, принуден е рационално да ги распределува ресурсите и да го даде приоритет на поширокиот пазар.
Доколку трансферот се реализира, Германецот нема да има потреба од период на прилагодување. Тренерот Мичел веднаш би му ја доверил позицијата прв голман. Иако денес оваа работа изгледа како далечен сон, во Џирона се свесни дека ваква можност не смеат да пропуштат.
Foto/ depositphotos
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Конте: Не сме на нивото на Лигата на шампионите
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изјави дека е разочаран од нерешениот резултат против Копенхаген во седмото коло од Лигата на шампионите, објавија денес италијанските медиуми.
Фудбалерите на Копенхаген и Наполи играа вчера во Данска без победник, 1:1. Копенхаген од 35-та минута играше со фудбалер помалку, бидејќи црвен картон доби искусниот Томас Дилејни.
„Ме боли и мора да ги боли моите играчи. Мора да бидеме лути, мора да бидеме разочарани. Имавме во вистински услови за победа и пласман во плејофот. Можеме да имаме илјада изговори, но тие не вредат, бидејќи натпреварот одеше толку добро во тие околности, што мораше да победиме“, рече Конте.
Наполи моментално е на 23-то место на табелата на ЛШ со осум бода.
„Четврти натпревар по ред покажавме дека се мачиме. Имавме целосна контрола, со 11 играчи против 10, па дури и ако ви недостасуваат 10 играчи и се чувствувате уморни, мора да победувате во вакви натпревари. Едноставно – мора. Постои разочарување, бидејќи не успеавме, па затоа е очигледно дека нашето ниво не е соодветно за ова натпреварување во моментов. Имаме само осум бода во Лигата на шампионите, сите мора да ја прифатиме вината. Во оваа ситуација, мора да победите“, нагласи Конте.
Фудбалерите на Наполи ќе го пречекаат Челзи во последното, осмо коло од Лигата на шампионите.
Foto/ depositphotos
Спорт
Барселона му нуди нов договор на Левандовски
Барселона е подготвена да го задржи Роберт Левандовски уште една година.
Неколку каталонски медиуми денес открија дека Барселона одлучила да му го продолжи договорот на Левандовски.
Понудата содржи и неколку услови, Левандовски треба да прифати да биде втора опција во нападот, што значи помалку минути на теренот и да се согласи на намалување на платата од најмалку 50 отсто.
Левандовски во моментов иам најголема плата во тимот, па според неговата улога во новата сезона, клубот очекува тој да се согласи на значително намалување на платата.
Според претходните најави, токму ова го сакаше Левандовски, бидејќи ужива во Барселона со своето семејство и со задоволство би останал на „Камп Ноу“ до крајот на кариерата.
Левандовски пристигна во Барселона во летото 2022 година за 45.000.000 евра од Баерн Минхен. Освои две титули во Ла Лига, Купот на Кралот и два Суперкупа.
Foot/ depositphotos
Спорт
Пропадна трансферот на Матета во Јувентус
Жан-Филип Матета е бесен на Кристал Палас, откако пропадна неговиот потенцијален трансфер во Јувентус.
Напаѓачот, односно неговиот менаџер, лесно постигнал договор со Јувентус околу платата, но Кристал Палас не успеа да се договори за обештетување со Јувентус. Клубот од Лондон бараше Јувентус веднаш да го исплати трансферот, додека италијанскиот клуб понуди позајмица со право на откуп по завршувањето на сезоната.
И покрај тоа што му пропадна трансерот, не значи дека Матета дека ќе остане во Кристал Палас.
Астон Вила продолжува да покажува интерес за Матета и како што сега стојат работите од Бирмингем се подготвени да ја платата сумата што ја бара Кристал Палас.
За Матета, клубот од Лондон бара 35 милиони фунти (околу 40 милиони евра / 47 милиони долари).
Foto/ depositphotos

