Спорт
Џо Бајден ќе го одликува Лионел Меси

Пред да ја предаде власта на новоизбраниот Доналд Трамп, американскиот претседател Џо Бајден ќе му го додели на Лионел Меси, Претседателскиот медал на слободата, највисоката чест што може да ја добие еден цивил во САД.
Меси, заедно со легендарниот кошаркар Меџик Џонсон, ќе биде еден од 19-те цивили што ќе ги одликува Бајден.
„Претседателот Бајден верува дека големите лидери ја чуваат вербата, им даваат на сите фер шанса и ја држат пристојноста пред сè друго. Овие 19 Американци се големи лидери кои ја направија Америка подобро место. Тие се одлични лидери затоа што се добри луѓе кои направија извонреден придонес за нивната земја и светот“, се вели во соопштението на Белата куќа, кое го игнорира фактот дека Меси е Аргентинец.
Белата куќа го објасни изборот на Меси за највисокото цивилно признание:
„Тој поддржува здравствени и образовни програми за деца ширум светот и служи како амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ“.
Меси пристигна во САД во летото 2023 година, го потпиша договор со Интер Мајами, со кого го освои Лига купот во својата прва сезона, а во втората сезона Аргентинецот со Интер ја освоија титулата за најдобра тим во регуларниот дел од сезоната. Тој беше прогласен и за најкорисен играч во МЛС.
Заедно со Меси и Меџик, претседателскиот медал на слободата ќе им биде доделен на Хилари Клинтон, филантропот Џорџ Сорос, актерот Мајкл Џеј Фокс, научникот Бил Нај…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Бруно Фернандеш промаши пенал, Јунајтед поразен од Брентфорд

Манчестер Јунајтед повторно разочара, овојпат со пораз од Брентфорд (3-1) во Лондон, во меч од шестото коло на Премиер – лигата. Херој на домаќините беше Бразилецот Игор Тијаго со два погодоци уште во првите 20 минути.
Јунајтед се врати во игра преку новајлијата Бењамин Шешко, кој го постигна дебитантскиот гол и намали на 2-1, но тоа беше максимумот што „црвените ѓаволи“ го покажаа. Во второто полувреме гостите доминираа, но најголемата шанса ја прокоцка капитенот Бруно Фернандеш, откако неговиот пенал го одбрани Каомин Келехер.
И покрај офанзивните измени на Рубен Аморим, Јунајтед не најде решение во нападот, а во длабокото судиско продолжение Матијас Јенсен ја запечати победата на Брентфорд.
Ова е нов тежок удар за Манчестер Јунајтед, кој и натаму ја разочарува својата навивачка армија со нестабилни настапи и порази.
Спорт
Израел презеде драстични чекори за да избегне исфрлање од европскиот фудбал

Израел презема сè можни мерки, па дури и најдрастични, за да го спречи исфрлањето од УЕФА и ФИФА, пишува британски „Тајмс“. Реагираа и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп.
Според наводите на Times, премиерот Нетанјаху лично телефонски разговарал со фудбалски функционери од УЕФА и ФИФА за да спречи забрана за учество на Израел во сите меѓународни натпреварувања.
УЕФА идната недела ќе одржи итен состанок на сите федерации за да гласа за потенцијалната суспензија на Израел. Јавноста верува дека големо мнозинство од европските фудбалски сојузи се согласни за исклучување на Израел поради геноцидот врз народот на Газа.
Нетанјаху, наводно, се обидел да ги убеди високите фудбалски функционери да не преземаат вакви мерки.
Се додава и дека американскиот претседател Доналд Трамп го предупредил претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, на последиците од таков потег.
„Апсолутно ќе работиме на тоа целосно да го запреме секој обид да ѝ се забрани на израелската фудбалска репрезентација учество на Светското првенство“, изјави претходно портпаролот на Стејт департментот за „Скај Њуз“.
Спорт
Нуно Еспирито Санто ќе биде нов менаџер на Вест Хем

Вест Хем реши да се раздели со менаџерот Грем Потер, но брзо ја затвори оваа страница и веднаш најде ново решение.
Само неколку часа по разделбата, од Лондон стигна вест дека Нуњо Еспирито Санто е назначен за нов тренер на „чеканите“. Со тоа Вест Хем добива искусен стратег кој добро го познава англискиот фудбал.
Португалецот веќе има богато искуство во Премиер лигата. Ги предводеше Вулверхемптон, Тотенхем и Нотингем Форест, а сега ќе се обиде да ја стабилизира ситуацијата во составот на Вест Хем.