Спорт
Џудистот Шерифовски патува за Париз
Со заедничка одлука на Меѓународниот олимписки комитет и Меѓународната Џудо Федерација, врз основа на постигнатите резултати и постоечките правила, најдобриот македонски џудист, Еди Шерифовски (категорија -81 кгр) ќе учествува на Олимписките игри Париз 2024.
Со ова продолжува трендот на континуирано учество на македонските џудисти и џудистки, имајќи во предвид дека ова се трети Олимписки игри по ред на кои учествуваат најдобрите македонски спортисти и спортистки во Џудо.
Претходно Катерина Николовска во РИО 2016 и Арбреша Реџепи ТОКИО 2020 учествуваа на Олимписките игри, а сега и Еди Шерифовски.
Силно веруваме дека Еди ќе го пружи своето најдобро во Париз и дека заедно со својот тренер Горан Мицковски ќе постигнат одличен резултат на претстојните Олимписки игри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Алаба (повторно) се повреди
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба заработи повреда на тетивата на левата нога, соопшти шпанскиот клуб.
Алаба (32) ги пропушти повеќето натпревари во досегашниот тек од сезоната поради повреда на предните вкрстени лигаменти. Според шпанските медиуми, Алаба ќе отсуствува две до три недели.
Австрискиот дефанзивец, по пауза од 13 месеци, се врати на теренот на 19. јануари на натпреварот против Лас Палмас, по што влезе од клупата за резерви во следните три натпревари, за да го заврши претходното коло од шпанската Ла Лига против Еспањол како неискористена резерва.
Алаба му се приклучи на Реал Мадрид во 2021 година, како слободен играч од Баерн Минхен.
Реал Мадрид е прв во поредокот во Ла Лига со 49 бодови, додека во Лигата на шампионите ќе игра бараж со Манчестер сити за место во осминафиналето, откако заврши на 11. место по првата фаза од натпреварувањето.
Реал утре ќе му гостува на Леганес во четвртфиналето на шпанскиот Куп, а на 9.февруари во градското дерби ќе го пречека Атлетико. Овие натпревари и баражот со Манчестер сити ќе ги пропушти и Антонио Ридигер, кој се повреди во саботата против Еспањол.
Спорт
Полицијата во Аликанте го пронајде телото на исчезнатиот хрватски фудбалер
Телото на 24-годишниот хрватски фудбалер Јаков Јелкиќ, кој исчезна во Аликанте, Шпанија, ноќта на 1.февруари e пронајдено во понеделник попладне во водите на градското пристаниште, објави порталот „Informacion“.
Телото е предадено на обдукција, но шпанската полиција верува дека се работи за несреќен случај.
Јаков, кој бил жител на швајцарскиот град Зермат, последен пат бил виден во ноќниот клуб „Упикум“, по што му се губи секаква трага.
Тој беше во Шпанија бидејќи неговиот фудбалски клуб ФК Гранж-Пакот од Швајцарија играше натпревар во Аликанте.
Фудбалерите, во петокот вечерта, биле во споменатата дискотека „Упикум“, а откако ја напуштиле, фудбалерите се упатиле кон хотелот. Јаков се вратил во дискотеката бидејќи ја заборавил јакната.
Швајцарските медиуми пишуваат дека пријателите сфатиле дека тој не е во својата соба во саботата наутро. Тоа им било сомнително, па го пријавиле за исчезнат, полицијата во текот на истрагата успеала да го лоцира младиот човек на снимката од надзорните камери, на кои се гледа како сам оди кон областа „Дигитал Дистрихкт“ во пристаништето Аликанте. Токму на тоа место му бил прекинат сигналот од мобилниот телефон.
Следното утро полицијата го пронашла телото на Јаков на длабочина од околу два метри, на крајот од пристаништето.
Во вторник во Институтот за правна медицина во Аликанте ќе биде извршена обдукција за да се утврди дали е точна теоријата дека младиот човек починал од давење по несреќен пад.
Спорт
Рафа за најголемиот ривал: Би рекол Новак и Роџер
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал во интервју за „Мундо Депортиво“ не можеше да одлучи кој е неговиот поголем ривал, Новак Ѓоковиќ или Роџер Федерер.
Надал има 24-16 против Федерер, а 29-31 против Ѓоковиќ. Кој е најголемиот ривал?
„Би рекол Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, тешко е да се избере. Мојата кариера е врзана за нив двајца, тројцата се туркавме да бидеме подобри. Вистина е дека еден на друг многу си „одземавме”, но фер е да се каже дека некој немаше да ги постигне „тие бројки без другите двајца“, вели Рафа и додава:
„Се туркавме до крајни граници во секоја смисла. Физички овани нанесе голема штета, но на тениско и ментално ниво не однесе на ново ниво и затоа успеавме да имаме долги кариери.
За потсетување, Надал ја заврши професионалната кариера во ноември минатата година.