Спорт
Ди Канио му се налутил на италијанскиот фудбал

Поранешниот италијански фудбалер, Паоло Ди Канио, по дебаклот од Македонија, рекол дека „го налутиле фудбалерите и сите во италијанскиот фудбал“.
„Бев мирен на софата, можеби и премногу мирен. Имав чувство дека вака ќе заврши. Играчите беа премногу нервозни. Манчини од првата минута им укажуваше на грешките“, рекол Ди Канио.
„Мекедонија беше импресивна во одбраната, а потоа тргнна напред и постигна гол. Им дозволивме да шутираат. Тоа ме налути многу. Лут сум на целиот италијански фудбал“.
Италија доживеа невиден пад во само осум месеци од освојувањето на европската титула.
„Не сакам да го омаловажувам тој успех, тогаш сите се гордеевме со нив. По завршувањето на ЕУРО сите зборуваа дека отворивме ново поглавје. Си потенцираше тој успех. Јас никогаш не бев убеден дека нешто такво се случува“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Венцислав и Дејан Недев викендов ќе одржат ИТКФ-карате семинар и полагање за тренери и судии во Лондон

На покана од Федерацијата за традиционално карате на Англија, др. Венцислав и др. Дејан Недев на 21 и 22 јуни ќе одржат карате семинар и полагање за мајсторски појаси во Лондон, Англија.
Се очекува учество на околу 200 каратисти од повеќе карате клубови низ цела Англија. На крајот од семинарот ќе се одржи полагање за мајсторски појаси, тренери и судии.
Минатиот месец, Недеви учествуваа и на голем меѓународен карате семинар со врвни јапонски инструктори — Оиши, Кавазое и Наито — од Јапонската Карате Асоцијација.
Спорт
Милинковиќ-Савиќ го договорил трансферот во Наполи

Вања Милинковиќ-Савиќ, голманот на Торино, се согласи да се пресели во Наполи.
Договорот помеѓу српскиот голман и актуелниот шампион на Италија треба да биде потпишан до 2029 година.
Според медиумите во Италија, преговорите меѓу клубовите исто така одат во добра насока, па се чини дека нема пречки голманот да се пресели во Неапол. Наполи за трансферот ќе издвои 18 милиони евра.
Во својата кариера, повремениот репрезентативец на Србија ги носеше дресовите на Војводина, Манчестер Јунајтед, Лехија Гдањск, Асколи, Спала и Торино.
Спорт
(Видео) Индијана ја декласира Оклахома, изедначи на 3:3 во финалето

Индијана Пејсерс изборија мајсторка за титулата во НБА лигата. Пејсерс го изедначија резултатот во финалната серија на 3:3, откако ги победија Оклахома табдер со 108:91.
И двата тима се борат за првата титула шампион на НБА, а за прв пат од 2016 година ќе се игра мајсторка во финалето.
Решавачкиот меч е закажан за понеделник во 2 часот наутро по средно европско време во Оклахома.
Индијана до победата ја предводеше Оби Топин со 20 поени, Ендру Нембхарт уфрли 17, додека Паскал Сиакам додаде 16 со 13 скока.
Повредениот Тајрис Халибартон забележа 14 поени и пет асистенции.
Во тимот на Тандер, Гилџес-Александар имаше 21 поен, Џејлен Вилијамс додаде 16, додека Ајзеа Џо со 11 и Изеа Хартенштајн со 10 поени исто така беа двоцифрени.