Спорт
Ди Канио: Влаховиќ нема фудбалска интелигенција
Поранешниот фудбалер на Јувентус, Паоло Ди Канио, пред дербито со Интер зборуваше за италијанскиот весник „Тутоспорт“ во кој меѓу другото го критикуваше и Душан Влаховиќ.
Дербито кое барем привремено ќе ја реши лидерската позиција во италијанскиот шампионат се игра во недела од 20:45 часот, а сите погледи се вперени во Масимилијано Алегри и неговиот тим.
„Не можеме да кажеме дека овој натпревар ќе го реши шампионатот бидејќи се уште е рано, но може да даде добар правец. Победата би значела повеќе за Алегри, кој и покрај тоа што има помалку квалитет и имагинација од неговите ривали, може психолошки да го убеди својот тим дека има материјал за да го освои Скудетото. Се плашам дека ќе видиме малку фудбалска убавина на теренот. Јуве ќе му ја препушти топката на Интер, кој по природа нема да ја форсира играта додека не ги најде слабостите на противникот. Би сакал да видам две екипи како си постигнуваат голови, но како што стојат работите, да се надеваме дека по дваесет минути досадна игра ќе видиме еден гол“, изјави Ди Канио на почетокот на интервјуто.
Тренерот на Јувентус, Масимо Алегри често е мета на критики во Италија, но очигледно има и такви кои го бранат.
„Многу му се восхитувам. Во споредба со другите, неговиот Јувентус е аномалија, игра многу италијански, му ја дава топката на ривалот. Тоа е легитимен начин, Алегри одлично работи со тоа што го има на располагање, го оптимизира „материјалот“. Ќе биде тешко да се протурка до мај со ваков тим во борбата за титулата. Заслужува аплауз од други причини – има само два-три индивидуални квалитети во тимот и одлично ги користи. За разлика од другите тренери, тој им дава поголема минутажа на младите, не ги пушта на теренот само кога тимот ќе води 4:0, иако Јувентус никогаш не постигнува толку голови затоа што не може во овие околности“.
Ди Канио особено остро го критикуваше српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, без да мелење зборови.
„Ако не успее во Торино, 75 отсто е негова вина. Ако сте силни, колку и да сте фрустрирани поради неколкуте прилики за гол, мора да покажете иницијатива, да бидете посветени на силата и да ги искористите топките што ќе ви дојдат подоцна. Во Фиренца тој беше „запален“, веруваше во себе, играше со радост. Во Јувентус се е очигледно поинаку, притисокот е поголем, но откри дека има многу кревкост во него, во неговите избори, за тоа дека не е фудбалски интелигентен кога ќе наиде на тешкотии. Јас сум безобразен кога велам дека нема фудбалска интелигенција, но тоа не значи дека не може да игра во Јувентус. Мора да научи да прави некои работи на теренот едноставно, бидејќи на тој начин не само што ги става соиграчите во услови да се снајдат добро, туку и да можат да му ја вратат топката “, заклучи Ди Канио.
Влаховиќ ќе има можност да демантира веќе во недела навечер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Најмалку седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајна несреќа
Страшна сообраќајна несреќа, се случи во Романија. Во несреќата загинаа седум навивачи на фудбалскиот клуб ПАОК.
Група навивачи на ПАОК кои патуваа во Франција на натреварот од последното коло во Лига Европа, против Лион доживеаја трагична судбина.
Според првите информации објавени од романските и грчките медиуми, во несреќата загинаа седум лица, од кои пет се грчки државјани.
Навивачите патуваа од Александрија до Франција за да го бодрат својот тим во последното коло од Лигата на Европа, кое ПАОК го игра против Лион во четврток. За жал, нивното патување беше прекинато на романски автопат во една од најлошите сообраќајни трагедии во последно време.
Несреќата се случи на патот ДН6-E70, еден од главните патишта во тој дел од земјата. Мал автобус, кој доаѓаше од Грција и одеше кон Франција со вкупно десет патници, се обиде да престигне друго возило.
Враќајќи се во својата лента, возилото удрило во цистерна, по што биол фрлено во спротивната лента каде што се судрило со камион.
Во страшната несреќа учествувале вкупно четири возила – камион, минибус и два патнички автомобили.
Οχι ρε πο@στη , όχι …#PAOK pic.twitter.com/NkpLiwf8vp
— Veni,vidi,vici (@venividivici444) January 27, 2026
Покрај седумте загинати, како што објавија грчките медиуми, уште три лица се повредени и итно префрлени во болници. Според властите, состојбата на двајца од повредените е критична, додека третото лице е во болница со сериозни повреди.
Спорт
Баерн го губи трпението со Упамекано
Челниците на Баерн Минхен го губат трпението со Дајот Упамекано, бидејќи се уште не одговорил на понудата за новиот договор.
„Билд“, тврди дека Баерн му поставил ултиматум на Упамекано и неговите менаџери, до средината на февруари да одлучат дали ќе ја прифатат понудата или не.
Инаку, актуелниот договор на Упамекано истекува по завршувањето на сезоната.
Се веруваше дека сè што е поврзано со новиот договор на важниот дефанзивец е финализирано на почетокот на јануари и дека неговото потпишување е само прашање на време.
Сепак, во последните недели, клубот е иритиран од неодлучноста на играчот и неговите менаџери, кои се уште не одоговриле на понудата.
Деталите за новиот договор на Упамекан, кој треба да биде продолжен до 2030 или 2031 година, веќе протекоа во медиумите. На Французинот му е понудено значително зголемување на платата, која треба да изнесува околу 20 милиони евра бруто по сезона, одличен финансиски бонус за продолжување на договорот и откупна клаузула од 65 милиони евра, со важност од 2027 година, на што неговите агенти најмногу инсистираа.
Баерн нема намера да ја подобри својата понуда, а спортскиот директор Макс Еберл зазема цврст став по ова прашање. Тој има и поддршка од надзорниот одбор на клубот.
Foto/ depositphotos
Спорт
Проблем за Јунајтед, Доргу ќе пропушти осум натпревари
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Патрик Доргу (21), ќе биде надвор од терените околу десет недели поради повреда на тетивата, објави новинарката Лори Витвел.
Данскиот репрезентативец се повреди во победата од 3:2 против Арсенал во неделата. Во тој натпревар, тој постигна и спектакуларен гол во второто полувреме.
Иако на почетокот се чинеше дека станува збор само за грч, тестовите ја потврдија повреда.
21-годишникот е во одлична форма во последните недели, постигна пет гола во последните седум првенствени натпревари на Јунајтед.
Доргу беше во почетниот состав и постигна гол во првите два натпревари под привремениот тренер Мајкл Карик, каде што играше на левото крило во системот 4-2-3-1.
Данецот веројатно ќе пропушти осум од преостанатите 15 натпревари во Премиер лигата и се очекува да биде подготвен за полуфиналниот бараж, за пласман на Светското првенство, на 26 март против Македонија.
Foto/ depositphotos

