Спорт
Ди Марија го реши португалското класико
Бенфика во најголемото дерби на португалскиот фудбал го победи Порто со 1:0. Дербито го реши аргентинскиот ветеран, Анхел Ди Марија.
Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 68. минута кога Давид Нерес ја уфрли топката во шеснаесетникот, Ди Марија беше на вистинското место и се чини дека со малку среќа ја испрати топката во мрежата за конечни 1:0.
Порто го играше со играч помалку од 19. минута, кога Фабио Кардосо доби директен црвен картон поради опасен старт.
Бенфика е лидер со 18 бода, два помалку имаат Порто и Спортинг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) ПСВ среде „Енфилд“ го декласира Ливерпул
Фудбалерите на Ливерпул не можат да излезат од кризата, која веќе долго го тресе клубот од „Енфилд“. На домашен терен, Ливерпул доживеа тежок пораз од ПСВ Ајндховен (1:4).
По победите над Астон Вила и Реал Мадрид, се чинеше дека кризниот период е зад екипата на Арне Слот, но натпреварите против Сити, Форест, а сега и екипата од Ајндховен, го докажаа токму спротивното.
Ливерпул беше во негатива од шестата минута, кога Иван Перишиќ постигна гол од пенал. Домаќинот одговори преку Собослај и сè изгледаше дека оди кон пресврт кога екипите заминаа на пауза.
Проблемот за Ливерпул беше што нивните играчи не се „појавија“ на теренот во второто полувреме. Гус Тил и Кухаиб Дриуш (двапати) ја затресоа мрежата на Мамардашвили и со тоа можеби му го потпишаа отказот на холандскиот стручњак.
Спорт
(Видео) Кошмарна ноќ на Ноер во Лондон – Арсенал го победи Баерн
Арсенал, по петтото коло остана единствениот тим со максимални пет победи во Лигата на шампионите. Во дербито на колото, Арсенал го победи Баерн со 3:1. Натпреварот го обележа катастрофаланата грешка на мануел Ноер, по која Мартинели ја потврди победата на Арсенал.
Арсенал доминираше во првите минути, изгледаше поконкретно и заслужено поведе, со голот на Тимбер. Ноер задоцни со својата реакција.
Но, далеку е од фактот дека Баерн не изгледаше опасно. Баварците изедначија 32-та минута. Кимих испрати милиметарски прецизна топка до Гнабри, кој го проигра младиот Карл за 1:1.
Нова лоша вест веднаш по голот беше повредата на Леандро Тросар, кој беше заменет од Нони Мадуеке во 38-та минута.
Во првото полувреме, одлична шанса имаше и Езе.
Арсенал додаде повеќе гас во второто полувреме и повторно беше опасен од секој пробив. Мерино и Москера имаа шанси, но Ноер остана несовладан.
И потоа, клучните промени во средината на второто полувреме, Калафиори и Мартинели влегуваат во игра, а Мадуеке се пресели на десното крило наместо Сака. Во првиот напад, Езе испрати прецизен центаршут во шеснаесетникот, и таму Мадуеке е на вистинското место за 2:1.
Во 77-та минута сè беше готово. Нојер погрешно процени едно длабоко додавање, Мартинели беше побрз, порано стигна до топката, го заобиколи и потоа лесно погоди за 3:1.
Спорт
Мбапе го постигна вториот најбрз хет-трик во ЛШ
Килијан Мбапе во Пиреја го постигна вториот најбрз хет-трик во историјата на Лигата на шампионите.
Олимпијакос го шокира Реал со голот на Чикињо во осмата минута, а потоа следуваше рафал на Мбапе.
Постигна три гола за шест минути и 42 секунди.
Рекордер е Мохамед Салах , а на третото место е поранешниот напаѓач на Лион е Бафетимби Гомис.
Kylian Mbappe has just scored a SIX minute hat-trick against Olympiacos, the second fastest hat-trick in Champions League history:
🥇 M. Salah ⚽️⚽️⚽️ vs. Rangers (06:12)
🥈 K. Mbappe ⚽️⚽️⚽️ vs. Olympiacos (06:42)
🥉 B. Gomis ⚽️⚽️⚽️ vs. Zagreb (08:49)RAPID. 🎩 pic.twitter.com/HoMnL8kiw6
— Statman Dave (@StatmanDave) November 26, 2025

