Спорт
Ди Марија: Мурињо секогаш 100 отсто стои зад своите играчи
Анхел Ди Марија, полека се ближи кон крајот на кариерата. Легендата на Аргентина, во опширно интервју проговори за трите години во Реал Мадрид. Посебно ја истакна работата со Жозе Мурињо.
„Играв како левото крило од детството и тоа беше така се додека не дојдов во Реал Мадрид, потоа се преселив на спротивната страна и морав да најдам ново место за себе. Мурињо не мораше ништо да каже, игравме во систем 4-3-3 и тешко беше да се избориш за позицијата лево крило покрај Гонзало Игуаин. Затоа бев принуден да ја сменам страната, на крајот ми се допадна и до денес останав на десната страна“, рече Ди Марија и потоа откри каков однос имал со Мурињо.
„Мурињо е неверојатна личност. Тој 100 отсто стои зад своите играчи, до крај. Ако му враќаш на ист начин, тој и живот ќе го даде за тебе. Да… имавме три извонредни години во Реал“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Штолц до ново злато со нов олимписки рекорд
Спектакуларната трка на 500 метри донесе историски исход, тројца лизгачи ја минаа патеката со подобро време од претходниот олимписки рекорд. Златото му припадна на Џордан Столц (21).
Американецот ја запре штоперицата на 33,77 секунди и постави нов олимписки рекорд.
Ова е неговото второ злато на овие Игри, бидејќи претходно триумфираше на 1.000 метри.
За да освои четири златни медали, Столц мора да ги освои преостанатите две трки – 1.500 метри во четврток и масовниот старт во сабота.
Сребрениот медал му припадна на Холанѓанецот Јенинг де Бо со 33,88, додека бронзата му припадна на Канаѓанецот Лоран Дубре, кој ја помина целта за 34,26 секунди.
Поранешниот олимписки шампион Тингуи Гао заврши само на седмата позиција.
Fptp/ EPA
Спорт
(ВИДЕО) Баерн ја продолжува агонијата на Вердер, Хофенхајм им се врати на победите
Вердер Бремен тоне сè подлабоко и подлабоко, во дуелот со Баерн Минхен немаа никакви шанси, на крајот Баварците триумфираа со 3:0.
Два гола од Хари Кејн и еден гол од Леон Горецка го потврдија триумфот на актуелниот лидер. Вердер нема победа од ноември, а ова беше нивниот осми пораз во 12 кола. Баерн ја прекина серијата лоши резултати, еден освоен бод во последните две рунси и ја врати предноста од шест бода во однос на Борусија Дортмунд.
Хофенхајм им се врати на победите, третопласираниот тим во лигата го победи Фрајбург дома со 3:0.
Мајсторскиот гол на Крамариќ во петтата минута беше поништен поради офсајд, но домашните лесно стигнаа до триумфот, со головите на Аслани, Кабрак и Гентри.
Леверкузен го декласираше Санкт Паули со 4:0. Ајнтрахт беше убедлив против Борусија Менхенгладбах со 3:0, а Хамбург победи кај Унион Берлин со 3:2.
Спорт
Петков 55-ти во велеслалом, Бразилецот Боротен ја растури конкуренцијата
Лукас Пинеиро Бротен е олимписки шампион во велеслалом, кој се возеше во Бормио. Тој го освои првиот златен олимписки медал во алпско скијање за Бразил.
Норвежанецот, кој пред две години одлучи да скија за татковината на неговата мајка, направи подвиг на Зимските олимписки игри во Италија. Со стартен број 1, тој возеше совршенa прва трака.
По првата трка, тој имаше дури 95 стотинки предност пред првиот фаворит Швајцарец Марк Одермат. Во втората, тој успеа да го издржи притисокот и да стигне до тронот со 58 стотинки повеќе во исклучително тешки временски услови. Тој ја запре штоперицата на точно 2:25.00.

Одермат не можеше да направи ништо повеќе.Во втората трка, тој имаше одличен старт, но мала грешка во средниот дел од патеката можеби го чинеше да дојде до златниот медал. Ова е неговиот трет медал во Милано, но се уште нема злато. Тој има две сребрени и еден бронзен медал во колекцијата.
Лоик Мајард, уште еден Швајцарец, заврши на најниската скала од подиумот, 1,17 секунди зад Бротен.
Во велеслаом настапи и македонскиот репрезентативец Виктор Петков. На крајот, по дете трки тој го освои 55-то место во конкуренција на 81 натпреварувач, со 23,37 секунди послабо време од победникот Бротен.
Foto/ MOK

