Спорт
Ди Марија со хет-трик за Јуве во Франција, Партизан со „фијаско“ против Шериф
Јувентус со импресивна гостинска победа го надмина лошиот резултат во првиот меч и го поминаа баражот во Лига Европа, додека во третолигашкото европско натпреварување, Конференциската лига, Партизан успеа дома да биде елиминиран од Шериф Тираспол, додека Лацио издржа на гости кај ЦФР Клуж во Романија за пласман во осминафиналето.
Јувентус беше критикуван по домашните 1:1 против „канаринците“, но во Франција стигна до брзо водство за да ја осигура гостинската победа. Анхел ди Марија по само пет минути игра постигна прекрасен гол за водство, за во 14. минута по една мешаница во домашниот шестнаесетник, дефанзивецот Никола Палоа доби црвен картон за играње со рака, за Ди Марија да го удвои водството од белата точка. Совршениот меч за Ди Марија беше комплетиран во 78. минута со неговиот трет гол.
Многу понеизвесно беше на „Луј Втори“ во Монако, каде што Баер Леверкузен не го заддржа водството и иако победи со 2:3, ќе игра продолженија против францускиот тим. Флоријан Вирц донесе предност за „фармацевтите“ по 13 минути игра, но Монако израмни со гол од пенал на Висам Бен Једер во 19. минута. Езекиел Паласиос пак донесе водство за гостите само две минути подоцна, за Амин Адли во 58. минута да зголеми на 1:3, пред Брил Емболо да осигура продолженија во 83. минута од мечот.
Во Белград, Партизан беше во совршена позиција да обезбеди осминафинале на Конференциската лига по 1:0 победата на гости во Молдавија, но Шериф обезбеди 3:1 победа за изненадувачки пласман.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк
ЛИГА ЕВРОПА, БАРАЖ
Митјиланд – Спортинг Лисабон 0:4, прв меч 1:1, вкупно 1:5
Монако – Баер Леверкузен 2:3, прв меч 3:2, вкупно 5:5, 3:5 пенали
Нант – Јувентус 0:3, прв меч 1:1, вкупно 1:4
ПСВ Ајндховен – Севилја 2:0, прв меч 0:3, вкупно 2:3
Манчестер јунајтед – Барселона 21.00 ч., прв меч 2:2
Рома – Ред бул Салцбург 21.00 ч., прв меч 0:1
Рен – Шахтјор Доњецк 21.00 ч., прв меч 1:2
Унион Берлин – Ајакс 21.00 ч., прв меч 0:0
КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 1/16 ФИНАЛЕ
Андерлехт – Лудогорец 2:1, прв меч 0:1, вкупно 2:2, 3:0 пенали
ЦФР Клуж – Лацио 0:0, прв меч 0:1, вкупно 0:1
Днипро-1 – АЕК Ларнака 0:0, прв меч 0:1, вкупно 0:1
Партизан – Шериф Тираспол 1:3, прв меч 1:0, вкупно 2:3
Базел – Трабзонспор 21.00 ч., прв меч 0:1
Фиорентина – Брата 21.00 ч., прв меч 4:0
Гент – Карабаг 21.00 ч., прв меч 0:1
Лех Познањ – Бодо/Глимт 21.00 ч., прв меч 0:0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Почнува борбата за место полуфиналето на Европското првенство
Foto/ EPA
Завршена е првата фаза на 17-то Европското првенство во ракомет (15 јануари – 1 февруари). Половина од 24-те селекции си заминаа дома, додека останатите го продолжуваат престојот во Данска и Шведска, каде заедно со уште еден домаќин (Норвешка) се борат за пласман во полуфиналето.
Како 14-та, Македонија од далеку ќе ја гледа борбата за две места во новоформираните групи 1 и 2I, добиени со вкрстување на претходните групи (A/Б/Џ, односно Д/E/Ф).
Првото коло ќе го отворат натпреварите во Грушата 1.
Први на теренот во Хернинг, ќе излезат ракометарите на Германија и Португалија. Ќе започнат од иста стартна позиција, бидејќи пренесоа по два бода. По нив, следува дуелот на Шпанија и Норвешка. Двете селекции не пренесоа ниту еден бод во втората фаза.
Денот ќе го затвори дербито, помеѓу бранителот на титулата Франција (2) и вицешампионот Данска (0).
Утре ќе се одигра првото коло во Групата 2, , во Малме (Шведска), каде што се Шведска (2), Словенија (2), Исланд (2), Унгарија (0), Швајцарија (0) и Хрватска (0).
Во меѓувреме, беше одреден пласманот од 13-то до 24-то место: 13. Фарски Острови, 14. Македонија, 15. Холандија, 16. Австрија, 17. Чешка, 18. Италија, 19. Србија, 20. Грузија, 21. Полска, 22. Романија, 23. Црна Гора, 24. Украина.
The main round is set. 👌😍#ehfeuro2026 #puregreatness pic.twitter.com/AWpDq06kMJ
— EHF EURO (@EHFEURO) January 21, 2026
Група 1 (Хернинг, Данска), Прво коло:
Германија – Португалија 15.30 часот
Шпанија – Норвешка 18.00
Франција – Данска 20.30
Спорт
Само Арсенал и Баерн веќе се во осминафиналето
Foto/EPA
Синоќа беше комплетирано претпоследното коло во Лигата на шампионите. Во пресрет на решавачката, осма рунда, само Арсенал и Баерн Минхен, обезбедија пласман во осминафиналето.
Покрај лидерите во Премиер и Бундес лигата, најмногу шанси за директен пласман меѓу најдобрите 16 екипи имаат Реал Мадрид и Ливерпул.
Во нокаут фазата, сигурно ќе играат: Тотенхем, Пари Сен Жермен, Њукасл, Челзи, Барселона, Спортинг, Манчестер Сити, Атлетико Мадрид, Аталанта, Интер и Јувентус.
Оние кои нема да завршат меѓу првите осум на табелата и нема да обезбедат продолжен одмор до следниот натпревар, ќе играат плејоф за пласман во осминафиналето.
Табела:

Двојки за последното, 8.коло:

Спорт
Јан Облак во клубот 100
Голманот на Атлетико Мадрид, 33-годишниот Јан Облак, влезе во елитниот клуб на Лигата на шампионите во натпреварот против Галатасарај. Турскиот клуб и Атлатико одиграа 1:1, во седмото коло.
Облак, го одигра 100-ти натпревар во Лигата на шампионите. Тој стана првиот словенечки играч кој ја достигнал таа бројка во најелитното европско клупско натпреварување. Воедно тој е вториот фудбалер на Атлетико кој достигнал 100 натпревари за „јорганџиите“ во Лигата на шампионите, по капитенот Коке (108).
Исто така, Јан Облак стана петтиот играч со 100 или повеќе натпревари во Лигата на шампионите под водство на истиот тренер. Коке, како и Облак, го постигна овој подвиг под водство на тренерот Диего Симеоне.
Пред нив, легендарните фудбалери на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, Пол Сколс и Гари Невил, влегоа во клубот 100 под водство на Алекс Фергусон.
Foto/ depositphotos

