Спорт
Дибиров: Загреб ќе изненади оваа сезона

Најискусниот играч на Вардар, Тимур Дибиров го напушти тимот, реши да се пресели во Загреб. Оваа одлука рускиот репрезентативец ја донесе откако ЕХФ му забрани на Вардар да настапи во Лигата на шампионите.
Дибиров девет години го носеше дресот на Вардар, учествуваше во освојувањето на двете титули во Лигата на шампионите.
Дибиров во Загреб ќе игра со поранешните соиграчи од Вардар, Иван Чупиќ и Вуко Борозан.
„Сум играл со некои играчи претходно (Борозан и Чупиќ), исто така сум се натпреварувал со некои, а со некои допрва ќе се запознаам. Верувам дека ростерот на Загреб е добро среден и дека е идеална комбинација на младост и искуство. Мислам дека нашиот тим има што да докаже и дека оваа сезона пријатно ќе изненадиме“, изјави Дибиров за клупскиот сајт.
Ова за Тимур ќе биде трет клуб во кариерата, претходно беше дел од Чеховски Медведи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Енис Барди пред трансфер во Трабзонспор

Македонскиот репрезентативец Енис Барди е во завршни преговори со турскиот шампион Трабзонспор, откриваат медиумите во Турција. Тој треба да биде едно од последните засилувања за тимот пред настапот во Лигата на шампионите, како и во битката за одбрана на шампионската титула.
Трабзонспор не успеа да го доведе Езгјан Алиоски, но можеби ќе има Македонец во тимот, Енис Барди.
Наводно, фудбалерот веќе ги договорил личните услови и треба да потпише тригодишен договор. Останува Трабзонспор и Леванте да ги договорат деталите за отштета и трансферот да се реализира.
Спорт
Црвена Звезда со нов триумф над Пјуник до плејоф за групите во ЛШ

Српскиот првак Црвена Звезда го совлада ерменскиот Пјуник и на реваншот со 0:2 и со вкупни 7:0 се пласира во плејоф за пласман во групите од ЛШ каде ќе се сретне со Макаби Хаифа.
Гејлор Канга во 44.минута донесе водство од пенал, откако претходно Александар Катаи не успеа да реализира од белата точка. Во вториот дел, Милан Павков во 60.минута со удар со глава го постави конечниот резултат.
Аполон Лимасол го совлада Макаби Хаифа со 2:0, но тоа беше недоволно со оглед дека израелскиот тим победи на првиот меч со 4:0.
Плзен го победи Шериф Тираспол со 2:1, а Жалгирис и Бодо/Глимт ремизираа 1:1.
Спорт
Мората е понуден на „Олд Трафорд“

Шпанскиот интернационалец Алваро Мората би можел да го засили Манчестер Јунајтед. Тој има договор со Атлетико Мадрид до крајот на јуни 2023 година, но ниту во престојната сезона нема да игра за составот на Диего Симеоне. Претходно беше позајмен во Јувентус, но сега Атлетико сака комплетно да го продаде.
Напаѓачот е понуден на „Олд Трафорд“, а „црвените ѓаволи“ бараат напаѓач. Претходно, Болоња ја одби понудата од Јунајтед за Марко Арнаутовиќ.
Мората изминатите две сезони играше како позајмен играч во Јувентус, но и „старата дама“ не сакаше да го откупи неговиот договор.