Спорт
Диего Коста повеќе не е играч на Атлетико Мадрид

Диего Коста повеќе не е играч на Атлетико Мадрид. Клубот реши да му излезе во пресрет на напаѓачот, кој вчера побарал, шест месеци порано да го раскине договорот. Бразилецот со шпански пасош од лични причини побарал да го напушти Мадрид.
Коста во два мандати го носеше дресот на Атлетико. Има одиграно 215 натпревари, на кои постигнал 83 гола и забележал 36 асистенции.
Учествувал во освојувањето на Ла Лига, Купот на Шпанија, Лига Европа и два Суперкупа на УЕФА.
Медиумите вчера објавија дека тој кариерата ќе ја продолжи во Бразил или Кина, но денес англичаните шпекулираат дека за него сериозен интерес покажале Арсенал и Тотенхем.
Атлетико ќе се засили со напаѓач, кој треба да биде алтернатива за Луис Суарез. „Јорганџиите“ најчесто се поврзуваат со Аркадијуш Милик, но шпанските медиуми тврдат дека во Мадрид од Кина ќе пристигне поранешниот играч на Виљареал Седрик Бакамбу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Марко Шварц го освои ноќниот слаломски спектакл во Шладминг

Иако овојпат отсуствуваа десетината илјади бучни австриски навивачи со знамиња, факли и ѕвона за крави, радоста на Австриецот Марко Шварц за брилијантната победа на ноќниот слалом на домашен снег во Шладминг не можеше да биде поголема.
На патека на која паѓаше силен снег, Шварц, кој само пред две недели ја освои својата прва слаломска победа во Светскиот куп, од шестото место по првото возење, победи двајца Французи, Ноел Клемен и Алексис Пинтуро за триумф на една од најпрестижните скијачки трки на календарот.
25-годишниот Шварц од 21 декември наваму има пет подиуми во слалом, за да е лидер во дисциплината со 489 поени пред Норвежанецот Себастијан Фос-Солеваг со 358 и австрискиот сонародник Мануел Фелер со 324 поени. Фос-Солеваг ја заврши трката на четвртото место, додека Фелер, кој беше најбрз по првото возење не ја заврши трката.
Спорт
Фенер со седум победи во низа блиску до плејофот во Евролигата

Фенербахче продолжува да е клубот во најдобра форма во Евролигата, откако ја забележа седмата победа во низа, овојпат со 82:75 над Макаби Тел Авив во Истанбул.
Јан Весели повторно беше лидер со 18 поени, Нандо де Коло имаше 16, Дајшон Пјер 15, а Марко Гудуриќ 11, за втора победа над израелскиот ривал оваа сезона. По израмнетото прво полувреме во кое Фенер имаше само поен предност (36:35), третата четвртина турскиот клуб ја почна со 8-2 серија за на осум минути до крајот на мечот да има 67:56 водство. Макаби со две тројки на Скоти Вилбекин се врати во игра, но не успеа да направи нешто повеќе. Вилбекин заврши со 15 поени и 10 асистенции.
Фенербахче сега има 12-10 скор, со што е израмнет на осмата позиција на табелата, додека Макаби има 10-12 скор.
ЕВРОЛИГА, 22.КОЛО
Анадолу Ефес – Црвена звезда 86:72 (29:13, 27:22, 19:17, 11:20)
Химки – Баерн Минхен 93:95 (15:26, 29:18, 31:29, 18:22)
Фенербахче – Макаби Тел Авив 82:75 (17:21, 19:14, 24:18, 22:22)
Спорт
Изборите за претседател на Барселона ќе се одржат на 7 март

Претседателските избори во Барселона ќе се одржат на 7 март, потврди каталонскиот гигант кога Жоан Лапорта, Виктор Фонт и Тони Фреича ќе се борат да станат наследник на Жозеп Марија Бартомеу и да го преземат клубот кој се наоѓа во голема економска криза, а ниту на терените не им оди најдобро.
Изборите требаше да се одржат на 24 јануари, но каталонската регионална влада не дозволи влез и излез во општината Барселона поради коронавирусот. Членовите ќе може да гласаат по пошта и лично на шест изборни места – на „Камп ноу“ во Барселона, како и во Џирона, Тарагона, Тортоса, Леида и во Андора.
Барса е без претседател по оставката на Бартомеу во октомври по конфликтот со капитенот Лионел Меси, кој јавно го посочи него како главна причина за желбата да замине од клубот.
Се верува дека Лапорта е огромен фаворит за победа и негови главни ветувања се останување на Меси и проект за подобрување на стадионот. Фонт, кој ја има поддршката на Карлес Пујол, вети враќање на Чави како тренер на тимот, а Фреича го поддржа сегашниот тренер Роналд Куман.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот