Спорт
Диего Симеоне го дава Калиниќ и плус пари за да го земе Елмас од Фенербахче? (фото)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас продолжува да добива понуди од разни фудбалски клубови во Европа.
По спомнувањето на неговото име претходно како засилување за тимови од рангот на Лацио, Интер, Фиорентина, Тотенхем, Манчестер сити, Реал Мадрид, Зенит, Борусија Дортмунд, Севилја, сега се појави нов клуб што сака да го ангажира фудбалерот на турски Фенербахче.
Извори од Турција велат дека заинтересиран за услугите на 19-годишникот е мадридски Атлетико.
Неофицијално, „јорганџиите“ нуделе 15 милиони евра, со тоа што како опција било и напаѓачот Никола Калиниќ да се сели во Истанбул, а Елмас да му се стави на располагање на тренерот Диего Симеоне.
Елмас е во Фенербахче 2 години, а вниманието на фудбалската јавност го привлече со одличните настапи за Фенербахче и македонската фудбалска репрезентација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Конте: Заслуживме повеќе од еден бод

Антонио Конте не е задоволен со освоениот бод против Интер во дерби мечот во Серија А. По дербито Интер ја задржа предноста од еден бод во однос на Наполи.
Италијанскиот стручњак на овој натпревар гледаше можност Наполи да се врати на врвот на табелата, но наместо победа неговиот тим освои бод во финишот на натпреварот.
„Одигравме одличен натпревар, дефинитивно заслуживме повеќе од бод, но овој натпревар ни дава надеж. По седум месеци работа, можеме да се погледнеме и да кажеме дека можеме да му направиме проблеми на секој што ќе игра против нас“.
Интер и оваа година е главен кандидат за титулата, но Наполи во текот на сезоната покажа дека има потенцијал.
„Постои мало незадоволство од бодот бидејќи одигравме одличен натпревар против навистина силен противник. Интер е граден со години за да се бори за Скудетото, тие се тимот што треба да го победиме оваа година за титулата“.
Спорт
(Видео) Атлетико го искористи киксот на Реал се искачи на првото место

Фудбалерите на Атлетико Мадрид на домашен терен го совладаа Атлетик Билбао со 1:0, во 26. коло од Ла Лига. Тимот од Мадрид победи со голот на Хулијан Алварез.
Првото полувреме беше изедначено, со една добра шанса на двете страни. Ле Норман не успеа да му донесе водство на Алтлетико во третата минута, откако беше заборавен пред голот на Симон, но неговиот обид со глава заврши над голот.
Инаки Вилијамс во 11. минута имаше „еден на еден“ со Облак, но Словенецот одбрани. Серлот имаше две можности, а Беренгер една до крајот на полувремето.
Атлетико успеа да поведе на средината на вториот дел. Се играше 66. минута кога Хулијан Алварез успеа да го совлада Унаи Симон по брилијантното додавањето на Маркос Љоренте..
Овие двајца фудбалери пет минути претходно влегоа на теренот.
Атлетик Билбао ја презеде иницијативата во преостанатиот дел од натпреварот, најпрвин Бенат Прадос Диас ја погоди стативата во 76. минута, топката се одби до Инаки Вилијамс кој од пет мтри биеше во гредата.
Инаки имаше шанса во 82. минута, но повторно гредата го спаси Атлетико Мадрид. До крајот Атлетико имаше шанса преку Алварез. Аргентинецот се обиде од слободен удар но Симон ја одби топката.
Атлетико сега се наоѓа на првото место во Ла Лига со 56 бода, два повеќе од Реал и Барселона, Каталонците имаат натпревар помалку. Билбао е на четвртото место со 48 бодови.
Во следната рунда Атлетико му гостува на Хетафе, додека Атлетик Билбао е домаќин на Мајорка.
Спорт
(Видео) Тинејџерот О’Рајли го однесе Сити во четврфиналето

Манчестер сити се пласираше во четвртфиналето на ФА Купот, откако по многу борба и пресврт ја потврди улогата на фаворит во петтото коло, победувајќи го пред своите навивачи еден од најслабите англиски второлигаши, Плимут Аргил.
Натпреварот на стадионот „Етихад“ во Манчестер заврши со резултат 3:1 (1:1) Плимут е претпоследен на табелата во Чемпионшип дивизијата, но одлично играше во ФА купот, забележа две сензационални победи над екипи од Премиер лигата. Во претходното коло Плимут го победи Ливерпул.
Тимот на Пеп Гвардиола беше апсолутен фаворит, а тоа го потврди и статистиката на натпреварот.
Но аутсајдерот го замрзна „Етихад“ во 39. минута по првиот корнер. Украинецот Максим Таловиеров беше повисок од младиот Мекати и го совлада Стефан Ортега.
Сити претходно беше најблиску до гол во 28. минута, кога Илкај Гундоган упати силен удар, но ја погоди стативата.
„Граѓаните“, доминираа пред и по тој гол и имаа постојан посед на топка, но тешко ја пробиваа цврстата одбрана на гостите. Конечно успеаја да го сторат тоа на самиот крај на првото полувреме, а 19-годишниот Нико О’Рајли постигна гол на асистенција на капитенот Кевин Де Брујне.
Сити во вториот дел се мачеше, без идеа играчите на Гвардиола кружеа околу шеснаесетникот на Плимут, додека тинејџерот Нико О’Рајли не погоди повторно во 76. минута.
19-годишниот играч од средниот ред се уште нема постигнато гол во Премиер лигата (одигра само два натпревари), но веќе го постигна својот трет гол во ФА Купот оваа сезона.
Конечниот резултат во 90. минута го постави Кевин Де Брујне за заслужена победа 3:1.