Спорт
Диего Симеоне – тренер со најмногу победи во историјата на Атлетико
Победата на Атлетико Мадрид над Атлетик Билбао е 309. во кариерата на Диего Чоло Симеоне како тренер на „јорганџиите“.
Симеоне веќе една деценија е на кормилото на клубот од „Ванда Метрополитано“, на вечната листа тој престигна уште една клупска легенда, Луис Арагонес, кој како тренер на Атлетико забележа 308 победи.
Тимот на Симеоне славеше над Атлетик 2:1, со головите на Маркос Љоренте и Луис Суарез од пенал, откако претходно гостите од Билабо водеа со голот на Икер Муниан.
Атлетико се лидери на табелата со 62 бода, шест повеќе од Барселона и осум од Реал Мадрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Трипл-дабл“ Јокиќ спречи пораз на Денвер
Денвер Нагетс благодарение на најдобриот играч во НБА лигата, Никола Јокиќ, ја прекинаа серијата од три порази. Кај еден од најлошите тимови во лигата, Шарлот Хорнетс, Нагетс славеа со 107:104.
Јокиќ забележа уште еден трипл-дабл, 22. оваа сезона. Натпреварот го заврши со 28 поени, 17 асистенции и 13 скока, а во последната минута им донесе клучни поени на Нагетс.
Во неизвесна завршница Јокиќ најпрвин со офанзивен скок го доближи Денвер на 103:104, а потоа поентираше под фаул на 41 секунда до крајот.
Домашните потоа ја загубија топката, а Јокиќ по изнуден фаул ги реализираше двата пенали и го сврте резултатот. Во следната акција Мајлс Бриџис промаши, а потоа повторно на сцена стапи Јокиќ, му асистираше на Мареј, кој погоди за два и го постави конечниот резултат.
Во преостанатото време Ник Смит не успеа да погоди за тројка.
Кристијан Браун со 24 поени беше расположен кај Денвер, а важен придонес во триумфот имаше и Џамал Мареј со 20 поени.
Кај Шарлот најефикасен беше Мајлс Бриџис со 24 поени, а го следеше Марк Вилијамс со 20.
Резултати
Хјустон – Бруклин 98:110
Минесота – Вашингтон 103:105
Оклахома – Сакраменто 144:110
Њујорк – Лос Анџелес Лејкерс 112:128
Сан Антонио – Мајами 103:105
Портланд – Феникс 127:108
Спорт
Анчелоти: Судиите во Шпанија водат војна против Реал
Реал Мадрид неочекувано загуби на готувањето во Барселона од Еспањол. Единствениот гол го постигна Карлос Ромер во 85.минута. По мечот од таборот на Реал „удрија“ по главниот судија Руиз и ВАР судијата Вилануеа. Уверени се дека стречецот на голот требало да биде исклучен во 62.минута.
Поразот што Реал Мадрид го претрпе на гостувањето кај Еспањол дојде како резултат на добрата игра на каталонскиот тим, но за ваквиот расплет придонесоа и судиските одлуки, вели тренерот на европскиот шампион, Карло Анчелоти.
Es una locura que ni el árbitro ni el VAR sancionen este entradón a Mbappé con tarjeta roja.
Romero le clava los tacos en el gemelo a Kylian en una acción temeraria y debió ser expulsado.
Una más.pic.twitter.com/uDcdDZpp7E
— Helena 🇮🇨 (@HdeHelena_RM) February 1, 2025
Искусниот италијански стручњак смета дека судиите во Ла Лига водат своевидна војна против неговиот тим и го крена гласот за ваквите работи итно да се променат.
„Дали судиите водат војна против Реал Мадрид, не знам. Не би сакал да зборувам за тоа, но некои работи се очигледни, мислам дека целиот свет можеше да види дека Килијан Мбапе беше фаулиран одзади и дека тоа беше чист црвен картон. Судијата не се огласи и противникот остана со 11 играчи на теренот. Имаше и други ситуации кои беа на наша штета. Навистина не ја знам причината зошто се случува сето тоа. Тоа мора да се промени“, рече Анчелоти.
Што се однесува до самата игра, тренерот на Мадрид и не е толку незадоволен, бидејќи смета дека неговите избраници одиграле сосема добар натпревар.
„Од наша страна не беше толку лошо како што покажува резултатот. Игравме добар фудбал, а нашиот ривал очекувано беше фокусиран на одбраната и брзите контранапади. Знаевме дека ќе играат така, но не успеавме да триумфираме. Продолжуваме да се бориме, но Реал Мадрид е клуб кој мора да се почитува“, нагласи Анчелоти.
Спорт
Лука Дончиќ трејдуван во Лос Анџелес Лејкерс
Неочекувано, во текот на ноќта по средноевропско време во НБА лигата се случи вистински „земјотрес“. Лука Дончиќ е трејдуван во Лос Анџелес Лејкерс. Далас Маваерикс во овој трејд го добија Ентони Дејвис.
НБА лигата е во шок по трејдот на три тима, покрај Лејкерси и Маверикс, во размената учествуваше и Јјта Џез.
Операвијата била водена во тајност, никој од играчите не знаел што се случува до последен момент. Лука Дончиќ бил шокиран кога дознал дека се сели во Лејкерси, а во шок бил и Леброн Џејмс, првата ѕвезда на „езерџиите“. Тој веста ја дознал во еден ресторан во Њујорк.
Во трејдот со три тима, тимот од Лос Анџелес ги доби и Макси Клебер и Маркиф Морис, додека Макс Кристи од Лејкерси заедно со Дејвис завршија во Далас.
Лејкерси му ги дадоа и правата на Далас на првиот пик на драфтот во 2029 година.
Пејмејкерот на Лејкерс, Џејлен Худ-Шифино, исто така беше дел од овој навистина неочекуван трејд, тој се пресели во Јута, која доби пик од втората рунда на драфтот од Далас.
„Верувам дека дефанзивата освојува титули“, беше првата реакција, или подобро кажано, објаснувањето на трампата Дончиќ-Дејвис од генералниот директор на Далас, Ник Харисон.
„Верувам дека со дефанзивен центар и комплетен играч како Дејвис имаме поголеми шанси да ја освоиме титулата. Собравме тим за победа сега и во иднина“, вели Харисон.
Според ESPN, Далас ја иницирал трампата, на која претставниците на трите франшизи работеле во последните денови.
Генералниот директор на Далас, Харисон и Роб Пелинка, потпретседател за кошаркарски операции и генерален менаџер на Лејкерс, се долгогодишни познаници. Нивното пријателство датира од времето кога Харисон беше маркетинг менаџер на Коби Брајант во Најк, а Пелинка беше менаџер на Брајант.