Спорт
Дијаз ќе се врати во Реал
Реал Мадрид ќе го врати на „Сантијаго Бернабеу“, Брахим Дијаз. Реал за овој фудбалер нема да плати обесштетување бидејќи тој како позајмен играч го носи дресот на Милан.
Фабрицио Романо тврди дека мадридскиот клуб ги финализира деталите за новиот договор за Брахим Дијаз, кој во јули ќе се врати во Реал по три години на позајмица во Милан и овојпат ќе конкурира за првиот тим.
Во јануари 2019 година, како 19. годишник Брахим дојде во Реал од Манчестер Сити за отштета од 17 милиони евра, но за година и пол настапи на само 21 натпревар во сите натпреварувања, по што беше испратен прво во едногодишен договор, а потоа и на нов двегодишен договор позајмица во Милан.
Таму шпанскиот офанзивен играч за врска постигна 16 гола со 10 асистенции на 109 натпревари во сите натпреварувања, а Реал се задоволни од неговиот развој и следната сезона го гледаат како замена за Марко Асенсио, кој е заминувањето од клубот.
Брахим има важечки договор со Реал до летото 2025 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Норис прв ќе стартува во спринт трката, Антонели втор, Пајстри трет
Ландо Норис го освои првото место во квалификациите за спринт на Големата награда на Бразил во Сао Паоло.
Британецот во Мекларен блескаше во квалификациите, првото место го избори со резултат 1:09.243. Норис моментално е лидер во шампионатот.
Второто место изненадувачки го освои Андреа Кими Антонели зад воланот на Мерцедес, додека Австралиецот Оскар Пјастри, колегата на Норис заврши на третото место. До него ќе стартува возачот на мерцедес Џорџ Расел.
Макс Верстапен, актуелниот шампион, беше само шести, иако имаше најдобро време во првиот сектор, потоа направи грешка, па ќе стартува зад Фернандо Алонсо кој имаше одлично квалификации со Астон Мартин.
Спринтот е закажан за сабота во 15 часот. Главната трка ќе се вози во недела од 16:30 часот.
Спорт
Ваноли ја презеде Фиорентина
Паоло Ваноли официјално стана шеф на стручниот штаб на Фиорентина.
Ваноли потпиша договор до крајот на оваа сезона, а постои можност договорот да се продолжи за уште една година доколку раководството биде задоволно од работата на тренерот.
Ваноли е човек кој веќе бил на стадионот „Артемио Франки“, играл како фудбалер за Фиорентина од 2000 до 2002 година, одиграл 61 натпревар, постигнал три гола.
Овој стручњак нема клуб откако го напушти Торино ова лето, а интересно е што беше под договор со „биковите“ до 2026 година, а го раскина дури вчера.
Сега немаше повеќе проблеми и пречки, па Ваноли е новиот тренер на Фиорентина.
Да ве потсетиме дека тој ќе го замени Стефано Пиоли кој немаше добар почеток во Фиренца. Во првите десет рунди, Фиорентина не забележа победа и со само четири бода се наоѓа на последното место во Серија А.
Во својата кариера, Ваноли ги водеше италијанските репрезентации до 16, 18 и 19 години, Спартак Москва, Венеција и Торино.
Спорт
Познато е кој ќе игра во НБА Европа
Челниците на НБА Европа ги открија првите работи поврзани со ова натпреварување.
Џорџ Ајвазоглу, директор на НБА Европа, во интервју за „Газета дело Спорт“ откри дека овој проект ќе започне во октомври 2027 година.
Во првата година, лигата ќе има 12 тима од: Рим, Милано, Лондон, Манчестер, Париз, Лион, Мадрид, Барселона, Берлин, Минхен, Атина и Истанбул.
Грција и Турција би дале по еден клуб, а Италија, Англија, Франција, Шпанија и Германија по два. Сè уште не е познато дали ќе се формираат нови тимови или ќе се активираат некои постоечки.
„Моментално, има многу дискусии за екосистемот и градовите на учесниците, како и за тоа како изгледаат арените во кои ќе играат. Разговараме со претставници на постоечки тимови, фудбалски тимови кои немаат свое име во кошарката, а ќе има и градови од кои ќе почнеме од почеток. Ќе биде полуотворено натпреварување. Формат со 16 тима, од кои 12 се постојано таму, а четири доаѓаат од Лигата на шампионите на ФИБА“, вели Ајвазоглу.

