Контакт

Спорт

Дилејни со евро-гол му пресуди на Атлетик

Објавено пред

Севилја го победи Атлетик Билабо на „Сан Мамес“ со 1:0, во 17.коло. Екипата од Андалузија и по ова коло ќе остане на второто место, во Билбао го освои 34 бод. Атлетик се десетти со 21 бод.

На „Сан Мамес“, Севилја ја преживеа опсадата на Атлетик. Домашните играчи два пати ја погодија стативата, а Раул Гарсија и Муниаин од чисти ситуации не успеаја да го совладаат Боно.

Сите тие нереализирани шанси ги казни Дилејни со евро-гол во 38.минута. За данскиот репрезентативец ова беше првиот гол во дресот на Севилја.

Во вториот дел Севилја успешно се бранеше и на крајот ја одбрани победата.





©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Милан и Реал Сосиедад покажале интерес за Енис Барди

Објавено пред

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди, по завршувањето на сезоната ќе биде слободен играч. Медиумите во Шпанија и Италија, тврдат дека тој веќе добил неколку понуди. Самиот ќе реши дали ќе остане во Ла Лига или ќе се пресели во Серија А.

Фудбалскиот великан Милан, како што тврдат медиумите на Апенинскиот полуостров, сак да го донесе Барди до крајот на зимскиот преоден рок. Наводно, понудиле 5.000.000 евра за фудбалерот на Леванте.

Од италијанските тимови, за Барди, бил заинтересиран и Торино, на чија клупа седи Хрватот, Иван Јуриќ.

Од шпанските клубови, интерес за Барди покажале од Реал Сосиедад. Клубот од Сан Себастијан има желба да го донесе Барди по завршувањето на сезоната, кога тој ќе биде слободен играч.

Леванте се последни на табелата во Ла Лига, но како и да заврши оваа сезона за тимот од Валенсија, извесно е дека Барди ќе биде еден од играчите што ќе замине од клубот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Рубљов: Бев позитивен кога влегов во Австралија

Објавено пред

Петтиот носител на Австралија опен, Андреј Рубљов, славеше максималната победа над Рикардас Беракнис во второто коло. По победата, ја шокира јавноста со својата изјава во која открил дека бил позитивен на коронавирусот кога влегол во Австралија.

„Мене не ме тестираат бидејќи неодамна го прележев вирусот. Кога летав кон Австралија, сѐ уште бев позитивен, но нивото на опасност од заразата, или како тоа веќе се нарекува, беше ниско. Ми беше дозволено да влезам во земјата и десет дена бев во карантин“, изјавил Рубљов за рускиот „Јуроспорт“ и дополнил.

„Доколку се тестирам, можеби уште сум позитивен, но сигурно е дека повеќе не можам да ја ширам заразата и не сум опасен. Со оглед на тоа што бев заразен, повеќе не правам ПЦР-тестови“.

Рубљов во третото коло за противник ќе го има Марин Чилиќ.

Прикажи повеќе...

Спорт

Спектакл во Мелбурн – Кирјос поразен од Медведев

Објавено пред

Данил Медведев преку Ник Кирјос избори пласман во третото коло на Австралија. Минатогодишниот финалист победи во четири сета (7/6, 6/4, 4/6, 2/6) по три часа и четири минути голема борба.

По депортацијата на Новак Ѓоковиќ, првиот фаворит за титулата во Мелбурн, успеа во второто коло да го мине домашниот фаворит Кирјос.

Ник Кирјос, за навивачите им приреди спектакл. Исфрли на теренот се од својот арсенал, атрактивни потези, сервиси под рака, расправии со судиите.

Пружи одличен отпор во првите два сета, но во клучните моменти Медведев беше тој кој подобро ги користеше укажаните шанси. Успеа, Кирјос да го добие третиот сет, но потона во четвртиот, кога при резултат 2:2, Медведев успеа да направи брејк.

На крајот, покрај поголемата стабилност што ја имаше Медведев во играта, пресудија ас сервисите. Рускиот тенисер имаше 31 ас, Кирјос 17.

Интересно ова е прва победа за Медведев во дуелите со Кирјос. Во 2019 година, Австралиецот забележа две победи.

Медведев во третото коло ќе игра против Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

Македонската Влада во вторник ќе допатува во Софија

Владата на Северна Македонија доаѓа во Софија следниот вторник, 25 јануари, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков, коментирајќи дека постои можност да биде...

Македонија1 час

Камчев се откажа од милионите што требаше да му ги врати Кичеец

Бизнисменот Орце Камчев нема да бара од Зоран Милевски-Кичеец, осуден во случајот „Рекет“, да му врати дел од 1,5 милион...

Свет2 часа

Си-ен-ен: Папата Бенедикт XVI знаел за злоупотребата на деца во Црквата

Папата Бенедикт Шеснаесетти знаел за свештеници што злоупотребиле деца додека тој бил надбискуп во Минхен од 1977 до 1981 година,...

Македонија3 часа

Бектеши: Нема да се намалува топлината на парното

Министерот за економија, Крешник Бектеши, тврди дека нема да се скратат часовите во кои скопјани ќе добиваат топлинска енергија. Од...

Македонија3 часа

Радев: Има позитивни сигнали од посетата на Кирил Петков во Скопје, но да не ги заборавиме главните прашања

Секој чекор што ја продлабочува нашата врска мора да биде поддржан, изјави бугарскиот претседател Румен Радев, прашан за посетата на...

Свет5 часа

Москва одговори на заканите на Бајден: Санкциите повеќе ќе ја погодат Америка отколку Русија

Забраната на руските банки да користат долари повеќе ќе ѝ нанесе удар на Америка отколку на Русија бидејќи големите светски сили,...

Свет5 часа

(Видео) Еколошка катастрофа во Перу – по ерупцијата во Тонга, дошло до силно излевање нафта

Властите во Перу соопштија дека излевањето нафта кај брегот на земјата предизвикало еколошка катастрофа. Имено, од рафинеријата „Ла Пампила“ протекоа...

Спорт5 часа

Ѓоковиќ ќе ја тужи Австралија за 3.800.000 евра

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ќе ја тужи Владата на Австралија. Ѓоковиќ. во неделата, беше депортиран од Австралија. Федералниот суд...

Европа5 часа

Британскиот министер за здравство: 20.000 луѓе годишно умираат и од грип, па не ја затвораме земјата

Британија мора да научи да живее со Ковид-19 бидејќи болеста може да остане меѓу нас засекогаш, рече британскиот министер за...

Македонија22 часа

Регистрирани 2.051 нов случај на коронавирус, починаа 14 лица

Во последните 24 часа направени се 6.353 тестови, а регистриран е 2.051 нов случај на Ковид-19: Скопје – 1.027, Битола...

Македонија23 часа

„Спијте мирно, нема да ни го земат Банско“, рече Борисов по посетата на Петков

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов рече дека по вчерашната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје спиел мирно, бидејќи...

Македонија1 ден

Петков по посетата во Скопје: Постигнавме огромен успех

Вчерашната посета на Скопје беше огромен успех, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков пред новинарите во Народното собрание. „Од една страна...

Македонија1 ден

Горан Николовски го фати светиот крст во Скопје

Светиот крст кој беше положен во водите на реката Вардар во Скопје, годинава заврши во рацете на Горан Николовски. Точно...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: СДСМ да не ја продолжува агонијата и да одиме на избори

“Позади нас е една прилично тешка и предизвикувачка година. Година во која што имавме голем предизвик пред се со КОВИД...

Свет1 ден

Генералниот секретар на СЗО предупредува: Пандемијата не е ни блиску до крајот

Генералниот директор на Светската здравствена организација ги предупреди светските лидери дека пандемијата на коронарниот вирус „не е ни блиску до...

Македонија1 ден

Германија, Финска и Хонг Конг со нови Ковид протоколи за македонските државјани

Заради ситуацијата со Ковид 19- пандемијата, Сојузна Република Германија ја врати Република Северна Македонија на листата на ризични земји. Со...

Македонија2 дена

Рекордни 2.269 нови случаи на коронавирус во Македонија

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.038 тестови, а регистрирани се 2.269...

Македонија2 дена

Учебната година ќе заврши на 10 јуни и покрај одложеното второ полугодие

Владата најави измена на наставните програми со цел учебната година да заврши стандардно на 10 јуни, и покрај тоа што...

Македонија2 дена

(Видео) Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, порача Пендаровски на средбата со бугарскиот премиер

Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, со цел засилување на добрососедските односи и политичкиот дијалог за почувствителните прашања....

Македонија2 дена

Рот: Бугарија да го признае македонското малцинство, како што Македонија го признава бугарското

Германски пратеник во Бундестагот и поранешен министер на Германија за Европа, Михаел Рот, ја поздрави денешната посета на Македонија на...

Досие