Спорт
Димитријевиќ доби нов соиграч – Менион го засили Милано
Армани Милано, чии дресо од оваа сезона го носи македонскиот репрезентативец Ненад Димитирјевиќ, лошо влезе во Евролигата. Во првите седум кола Армани забележа само две победи.
Тренерот Еторе Месина, кој е главен и кога се трансферите во прашање, реши да го засили тимот, токму на позицијата на која игра Димитријевиќ.
Нов играч на Милано е Нико Менион. Миланезите ќе му платат на Варезе обесштетување од 300.000 долари.
23-годишникот избран од 48. позиција на драфтот во 2020 година и имаше просек од 4,1 поен и 2,3 асистенции во 30 натпревари во НБА за Голден стејт Вориорс.
Во следните две сезони настапуваше за Виртус, играше и за Басконија, а кон средината на минатата сезона потпиша за Варезе.
Менион е плејмејкер, позиција на која покрај Димитирјевиќ Еторе Месина го има и Аргентинецот Болмаро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Мотли замина од Хапоел, следен е Кабокло
Амбициозниот проект на кошаркарскиот клуб Хапел Тел Авив и неговиот сосптвеник Офер Јанаи е пред распаѓање.
Претпладнево, изралеските медиуми објавија дека центарот Џонатан Мотли го напуштил клубот. Се шпекулира дека тој кариерата ќе ја продолжи во Црвена звезда.
Хапоел, односно Јанаи, преку соопштение на социјалните мрежи остро се закани дека Црвена звезда „избрала погрешен газда за танго“.
Неколку часа подоцна израелски „Спорт5“, објави дека Реал Мадрид испратил понуда за бразилскиот центар, Бруно Кабокло.
Во меѓувреме пристигнуваат вести дека на радарот на „кралскиот клуб“ се наоѓа уште еден кошаркар на Хапоел. Станува збор за поранешниот НБА игра, Патрик Беверли.
Да потсетиме, Хапоел изгради респектабилен тим и има намера преку Еврокупот да стигне до Евролигата, но по се изгледа ќе се распадне поради воената состојба во Израел и регионот.
Спорт
Лео Маршан собори светски рекорд стар 12 години
Најдобриот француски пливач, Лео Маршан, во Сингапург на третиот митинг од Светскиот куп, собори светски рекорд кој од 2012 година Рајан Лохти.
Еден од хероите на последните Олимписки игри во Париз повторно го воодушеви светот со неверојатна трка, овој пат на 200 метри мешано, која ја заврши за време од 88 минути.
Претходниот светски рекорд кој го држеше Лохти во 2012 година беше 1:49.63.
Маршан на тој начин продолжи да доминира на азиската турнеја. Пливаше во Шангај, па во Инчон без вистинска конкуренција за да блесне во Сингапур и да ја потврди својата репутација на најбрз пливач на денешницата.
Ова беше негов втор светски рекорд во кариерата.
Со првиот го надмина „куршумот од Балтимор“ Мајкл Фелпс и неговиот рекорд на 400 метри мешано, лани во Фукуока на Светското првенство.
По спектакуларните резултати во Париз, Маршанд најави дека во следните години ќе ги нападне сите можни рекорди и ќе се обиде да ја збогати својата колекција од медали на најголемите натпреварувања. Тој план почна да се реализира веќе оваа година.
Да потсетиме, Маршан на претходните Олимписки игри освои четири златни медали, а следниот голем предизвик го чека на Светското првенство во Буимпешта од 10 до 15 декември.
Спорт
Сега е официјално: Аморим е нов менаџер на Манчестер jунајтед
Португалскиот стручњак Рубен Аморим и официјално е претставен како нов менаџер на Манчестер јунајтед.
Клубот од „Олд Трафорд“ му плати 11 милиони евра обештетување на Спортинг Лисабон, а 39-годишниот тренер потпиша договор со англискиот гигант до летото 2027.
Овој стручњак имаше извонреден старт на сезоната со зелените и бели, без пораз. Во домашното првенство има девет победи во исто толку натпревари, а во Лигата на шампионите Спортинг триумфираше над Лил и Штурм и одигра нерешено со ПСВ.
It's done.
Bem-vindo ao Manchester United, Ruben Amorim 🇵🇹🤝🔴#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) November 1, 2024
Од заминувањето на Фергусон, Јунајтед го предводеа Дејвид Мојс, Луис ван Гал, Жозе Мурињо, Оле Гунар Солскјер , Ралф Рагник и Ерик Тен Хаг.
Амор го очекува тешка работа, Јунајтед освои алармантни 11 бода во девет кола од Премиер лигата Во моментот на разделбата со Тен Хаг, Јунајтед падна од просечните 1,97 бода во првата на 1,22 бода во третата сезона на Холанѓанецот во клубот.
Последната капка беше поразот од Вест Хем, по што менаџерот ги обвини судиите и сопствениците на клубот решија да бараат ново решение.
Го најдоа во човекот кој на Спортинг му ги даде најдобрите сезони во последните две децении, во кои најмногу доминираа Бенфика и Порто.
Под водство на Аморим, кој пред да дојде на стадионот „Жозе Алваладе“ работеше во Каса Пиа и Брага, „лавовите“ освоија 2,27 бода на 227 натпревари.
Аморим ќе стане третиот португалски менаџер во Премиер лигата, покрај Марко Силва (Фулам) и Нуно Еспирито Санто (Нотингем Форест). Тој ќе биде седмиот Португалец на клупата на еден клуб од формирањето на Премиер лигата, бидејќи пред споменатите тројца Жозе Мурињо, Андре Вилаш Боаш, Карлос Карвајал и Бруно Лаж работеа во најсилната лига на светот.