Спорт
Димушевски и Гушиќ втори во својата класа на Рели Србија
Во својата прва рели сезона, македонскиот тандем Димушевски-Гушиќ постигна забележителен успех на 55-то издание на Рели Србија освојувајќи го второто место во нивната класа RC5.
Македонскиот рели екипаж Владимир Димушевски и Бранко Гушиќ имаа забележителен и успешен настап со место на подиумот на нивното второ рели во дебитантската рели сезона на 55-то издание на Рели Србија кое викендов се возеше во околината на Врњачка Бања.
На извонредно тешкото дводневно рели долго преку 500 километри, со нивното возило Hyundai i20 Coupe во нивната класа RC5 со вкупно време од 2 часа и 2 минути тие го освоија второто место зад Романецот Ионут Забава со Renault Clio, а пред Бугаринот Александар Томов со исто возило како и нашиот екипаж. Во генералниот пласман, нашиот екипаж заврши на 20 то место од 39 возила колку што го стартуваа релито. Со ова Димушевски и Гушиќ ја заокружија успешната дебитантска сезона со две комплетирани релија по победата во истата класа на релито Мионица кое го возеа во јули.
– Вистинско рели, неверојатно тешки брзински испити, исцрпувачки 500 километри во два дена и предизвици кои навистина го вадат максимумот и секого во тимот – вели трикратниот македонски првак на кружни патеки, Владимир Димушевски кој од оваа сезона реши да се префрли на рели натпревари. – Првиот ден, во саботата, возевме “на нож“, бевме подобри од посилни возила од нашето и поискусни екипажи. Имавме скоро перфектен ден. Но, откако увидовме дека второто место во класата ни е обезбедено, во неделата се решивме за подефанзивна тактика, возевме поконзервативно и се фокусиравме да ја задржиме разликата во однос на Темов и Радулеску кои беа зад нас. Малку ми е жал што го расипавме генералниот пласман, ако продолжевме ви ист стил и во неделата, сигурно ќе бевме во првите 15 во генерала, но релито како тркачка дисциплина поради својата должина бара и многу тактика. Како и да е, многу сум задоволен од дебитантската сезона, нашето тркачко возило е сепак школско за тренинг и учење, што и беше првичниот план, но си покажавме себе си дека брзо можеме да се адаптираме во новата дисциплина и можеме да правиме поамбициозни планови за следната година за поконкурентно возило и настапи на повеќе трки.
– Ако споредам со првото рели во Мионица сега бевме двојно подобри и во делот на меѓусебната комуникација, подготовка за етапите и целосниот пристап во услови во кои ова беше двојно потешко и подолго рели. Најважно од се е дека го завршивме релито без некој поголем кикс во услови кога на секоја етапа имаше излетувања и инциденти. Во саботата ја завршивме целата работа околу добриот пласман, а во недела остана само да сме максимално внимателни. И на вториот ден почнавме брзо, но веќе на првата етапа влеговме во некои непотребни ризични ситуации и решивме сепак да успориме и да се трудиме да завршиме. Денешните етапи беа претежно низбрдо на асфалт на кој имаше многу песок кој ја правеше подлогата многу лизгава. Имавме еден момент на претпоследната етапа кога за малку извлековме жива глава кога веќе и концентрацијата почна да паѓа поради замор, но се со кое се соочивме овде е уште едно големо и непроценливо искуство за нас. Генерално, многу сум задоволен и среќен поради добриот настап и одличниот резултат.
Релито Србија е наследник на традиционалното Ју Рели и е централен и најквалитетен автомобилистички настан кај нашиот северен сосед. Релито мина во битка меѓу домашниот ас Душан Борковиќ и Бугарите Пламен Стајков и Мартин Сурилов. Со 10 победи на 12-те етапи Борковиќ по трет пат во својата кариера го заврши ова рели како севкупен победник, минута и 37 секунди пред Стајков и минута и 44 секунди пред Сурилов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јанакопулос побара играчите и тренерот Атаман да поднесат оставки
Претседателот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, „лут како рис“ им испрати порака на своите играчи и тренери по поразот на „зелените“ од Арис во грчкото првенство.
Тимот на Ергин Атаман загуби во Солун со 102:95 по едно продолжение.
Во исто време, турскиот стратег беше исклучен поради бурни протести кон судиите, со што се комплетираше лошиот ден на неговиот тим.
Лут од конечниот резултта, Јанакопулос со критики се огласи на социјалните мрежи.
Им порача на играчите и тренерите да го напуштат клубот.
„Главниот тренер, помошниците тренери, сите вие! Сите. Немате поим каде играте, нели? Ова е Панатинаикос. Се надевам дека кога ќе се вратите во Атина, ако имате храброст да се вратите во Атина, сите ќе поднесете оставка“, рече Јанакопулос и додаде:
Срам да ви е! Проклети да сте! И не сакам ништо да чујам, ниту за Пицилкас, ниту за криминални организации, за ништо. Не можете да изгубите од Арис со буџет од 40 милиони. Срамно! Почнете да играте кошарка. Сфатете каде сте!“, порача ексцентричниот Јанакопулос.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Сити водеше 2:0 и не победи во Лондон
Фудбалерите на Тотенхем и Манчестер Сити ремизираа 2:2 во Лондон во 24-то коло од Премиер лигата.
Сити, доминираше, стекна предност од два гола, но не успеа да победи.
Гостите влегоа одлично во натпреварот, поведоа во 11-та минута со голот на Рајан Шерки.
Шерки можеше да постигне уште еден гол во 24-та минута, но Гуљелмо Викарио го одбрани неговиот удар.
Немаше промена во резултатот се до финишот на првото полувреме, во 44-та минута, Антоан Семењо го дуплираше водството на Сити.
Второто полувреме тргна во поинаква насока, прво во 53-таа минута, Марк Гуехи си постигна автогол и Тотенхем ја намали разликата, а во 70-та минута, Доминик Соланке ја затресе мрежата на Сити по асистенција на Конор Галагер за 2:2.
Сити остана на второто место во Премиер лигата со 47 бода, шест помалку од Арсенал кој е прв на табелата.
Од друга страна, Тотенхем е на 14-та позиција со 29 бода.
Во продолжението од сезоната, Тотенхем го очекува дуел со Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“, додека Сити гостува кај Ливерпул.
Foto/ EPA
Спорт
Германија немаше шанси – Данска е Европски првак
Ракометартите на Данска, на домашен терен го освоија златниот медал на 17-то Европско првенство. За Данска ова е втора титула на континеталните натпреварувања, прва по 2014 година. Данците, исто така, потврдија дека се најмоќната ракометна нација, во овој момент тие се актуелни европски, светски олимписки шампиони.
Данска, во финалето на ЕП, во Хрнинг, ја победија Германија со 34:27.
Во текот на првото полувреме, како што се очекуваше, се водеше немилосрдна борба, се играше гол за гол, а потоа Данска се одлепи на 12:9, на што Германците ексрепсно возвратија, благодарени на брилијантниот голман Волф. Првио дел заврши со предност на Данска од два гола.
Во продолжението од натпреварот, голманите Волф и Мелер, блескаа ги оставија играчите пет минути без постигнат гола.
Данска прва се разбуди и на нешто повеќе од десет минути пред крајот избега на 26:22. Германија се обиде, но по 53-та минута целосно паднаа во играта.
Најефикасни во тимот на Данска беа Симон Питлик со осум, Јохан Хансен со седум, Матијас Гидсел со шест, Томас Арнолдесн со четири гола. Кевин Мелер имаше 11 одбрани. За Германија, Андреа Волф имаше 14 одбрани, а Марко Гргиќ, Јури Кнор и Јоханес Гола постигнаа по пет гола.
Во борбата за бронзениот медал, Хрватска ги контролираше настаните на паркетот против Исланд, на самиот крај се коцкаше, му дозволи на Исланд да стигне од 23:29 до 32:33, но на крајот стигна до заслужената победа.
Foto/ EPA

