Спорт
(Видео) Динамо надмоќен против Карабаг, повторно ќе игра во ЛШ
Фудбалерите на Динамо Загреб со две победи над Карабаг се пласираа во главната фаза во Лигата на шампионите.
По победата од 3:0 во Загреб, Динамо победи во Баку со 2:0.
Динамо по пауза од една година се врати во елитното фудбалско друштво.
„Модрите“ поведоа во 32 минути фудбал, кога прецизен беше Марко Пјаца.
На вториот гол се чекаше до 53. минута, кога Силва си постигна автогол и со тоа конечно го постави конечниот резултат на натпреварот.
Поранешните македонски репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адем поради повреди го пропуштија реваншот во Баку.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Мудрик незадоволен од статусот сака да го напушти Челси
Една година по трансферот од Шахтјор, Михаило Мудрик би можел да го напушти Челси.
Градските ривали, Арсенал и Челси, во јануари 2023 година водеа голема битка за потписот на талентираниот Украинец. Челси успеа да го обезбеди неговиот потпис откако понуди речиси двојно повеќе пари.
Арсенал излезе со понуда од 40 милиони евра и став дека тоа е максимумот што го нудат за Мудрик. Шхтјор, логично, ја прифати понудата од „Стенфорд Бриџ“ од 70 милиони евра.
Девет месеци подоцна, Мудрик се наоѓа пред заминување. Јасно е дека Украинецот и покрај тоа што имаше многу шанси да се докаже кај Маурицио Покетино, не го оправда вложеното во неговиот трансфер.
За разлика од Покетино, неговиот наследник Енцо Мареска не смета на Украинецот.
Поради тоа, Мудрик бил подгтовен во јануари да земине на позајмица, незадоволен од статусот што го има во тимот.
Англиските медиуми пишуваат дека Олимпик Марсеј покажува интерес за крилниот напаѓач. Според овие извори, Марсеј на чија клупа од оваа сезона седи Де Зерби, сака да го позајми Мудрик со опција на крајот на сезоната да го откупи неговиот договор.
Спорт
Му се „тресе“ столчето на Фонсека, Ибрахимовиќ го контактирал Терзиќ
Златан Ибрахимовиќ започнал да преговара со кандидати за тренерската позиција во Милан.
Милан не ја започна најдобро сезоната, на неубедливите изданија во Серија А се надоврза поразот од Ливерпул, во вторникот во Лигата на шампионите. Милан беше во подредена положба против Ливерпул, поради што, според медумите, во клубот се размислува за смена на тренерот.
Златан Ибрахимовиќ го контактирал Един Терзиќ, кој се уште е слободен откако замина од Борусија Дортмунд, пишува „Скај спорт“.
Судбината на Пауло Фонсека, на клупата на Милан ќе ја одреди исходот на градското дерби против Интер.
Да потсетиме, минатата сезона Борусија Дортмунд предводена од Терзиќ стигна до финалето на Лигата на шампионите, а пред една година беше на прагот да ја освои титулата во Бундеслигата. Останаа без неа во последното коло, кога дома загубија од Мајнц.
Спорт
Динамо го отпушти тренерот Јакировиќ
Сергеј Јакировиќ (47) повеќе не е тренер на Динамо Загреб, објавија хрватските медиуми. Тренерот доби отказ поради серијата лоши резултати која започна со ремито во Риека (1:1), а продолжи со поразот од Хајдук на домашен терен (0:1), а кулминираше во Минхен со историскиот пораз од Баерн во Лигата на шампионите. (9:2).
Јакировиќ на клупата на Динамо остана нешто помалку од 13 месеци. Тој на „Максимир“ пристигна на почетокот на минатата сезона во контроверзен трансфер, кога ненадејно ја напушти Риека, кога доби понуда од Динамо.
Динамо успешно го предводеше до двојната круна, а летово успешно мина низ квалификациите за пласман во главната фаза во Лигата на шампионите.
Претходно ги водеше Сесвете, Горица, Марибор и Зрињски.
Досега како потенцијални замени се споменуваа поранешниот тренер на Динамо Ненад Бјелица и до неодамна тренер на Риека Жељко Шопиќ кои моментално се без работа. Се шпекулираше и со името на поранешниот селектор на Хрватска, Нико Ковач, но според хрватските медиуми тврдат дека тој нема да го преземе Динамо.