Спорт
Директорот на Алпин го напушти тимот
Директорот на Алпин, Бруно Фамин, ќе го напушти тимот до крајот на август. Како што најавија од францускиот тим, во догледно време ќе биде назначен нов тимски директор.
Фамин ќе го води тимот на неделната трка за Големата награда на Белгија, по што ќе следи пауза во шампионатот во Формула 1, до трката во Холандија на 25 август.
Фамин ќе остане на чело на сите други мотоспорт тимови под капата на Групацијата Рено.
Во конкуренција на десет екипи, Алпин е на осмото место во Формула 1 шампионатот со девет бодови, откако Пјер Гасли освои шест, а Естебан Окон три бода.
Окон е единствениот возач кој победил за Алпин откако тимот го смени името на крајот на 2020 година. Тој беше најбрз во Унгарија во 2021 година.
Францускиот возач од следната сезона ќе вози за Хас, а Алпин се уште нема именувано нов возач.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сити подготвува уште еден трансфер, Нико Гонзалес од Порто
Манчестер сити не завршиле со активностите во зимскиот преоденр рок. На „Етихад“ пристигнаа тројва нови фудбалери, четвртиот би можел да биде Нико Гонзалес.
Нико Гонзалес е голема желба на Пеп Гвардиола. Менаџерот на Сити смета дека тој би бил одлична замена за Родри.
Нико оваа сезона брилјира во дресот на Порто. Шпанецот е еден од лидерите на тимот, кој ги покрива сите позиции во средниот ред. Според месиумите челниците на Сити ги започнале преговорите.
Порто би сакал да го задржи до крајот на сезоната, но во овој случај клубот од Португалија најмалку се прашува.
Имено, Нико во договорот има откупна клаузула од 60 милиони евра. Ако Сити ја активира клаузулата, Порто нема да може да реагира.
Интересно доколку трансферот се случи, 40 отсто од сумата (24 милиони евра) ќе добие Барселона.
Нико Гонзалес (23) во 2023 година за сума од осум милиони евра од Барселона замина во Порто. Барселона тогаш задржа право на 40 отсто од наредниот трансфер.
Сити во овој преоден рок ги доведе Витор Реис, Омар Мармуш и Абдукодир Хусанов.
🚨🔵 EXCLUSIVE: Manchester City made formal approach with Porto to ask for Nico González as new midfielder.
Talks started, Porto hope to keep Nico and ask for important transfer fee or won’t leave.
❗️ Release clause worth €60m and key point, Barcelona have 40% sell-on clause. pic.twitter.com/QsNBnVNTBa
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 31, 2025
Спорт
Винисиус: Се надевам дека уште многу години ќе останам во Реал
Бразилскиот фудбалер и играч на Реал Мадрид за клупската телевизија изјави дека сака да остане во Реал Мадрид уште многу години, со што ги демантираше гласините за преселба во Саудиска Арабија.
Винисиус сакаше да ги демантира наводите на шпанските медиуми дека добил понуда од саудиски клуб.
„Најважно ми е да продолжам да пишувам историја овде. Се надевам дека ќе останам во Реал уште многу години“, изјави 24-годишниот Бразилец.
Тој неодамна го постигна својот 100-ти гол за Реал, а со клубот освои две титули во Лигата на шампионите.
„Да се биде дел од историјата на клубот е многу тешко бидејќи пред мене имало толку многу играчи и легенди кои постигнале толку многу голови и освоиле толку многу титули. Да бидам во тоа друштво беше мојот сон“, додаде тој.
Спорт
(Видео) Џон Дуран не можеше да одбие пет пати поголема плата
Колумбискиот напаѓач Џон Дуран, поранешен играч на Астон Вила, е новото засилување на Ал Наср, објави саудискиот клуб чии дрес го носат големите ѕвезди Кристијано Роналдо и Садио Мане.
Новиот напаѓач на тимот од Ријад на грбот ќе ја носи „деветката“.
Дуран во Астон Вила пристигна од Чикаго Фајр за 18 милиони фунти (околу 21,5 милиони евра) во јануари 2023 година.
Оваа сезона, 21-годишниот фудбалер постигна 12 гола на 29 натпревари за Вила. На вкупно 78 натпревари постигна 20 гола, од кои само седум ги започна како стартер.
Клубот од Ријад, престолнината на Саудиска Арабија не штедеше за обештетувањето, на Астон Вила и плати 65 милиони фунти или околу 77.731.200 евра. Дуран во новито клуб ќе добива пет пати поголема плата.
Годишно во Вила заработваше 3,9 милиони евра, а во Ал Насар неговата плата ќе изнесува 20 милиони евра.
A number that carries history and glory at AlNassr 🌟
The iconic No. 9 is back! 🔥#DuránIsYellow pic.twitter.com/PTyvfllhTS— AlNassr FC (@AlNassrFC_EN) January 31, 2025