Спорт
Директорот на трки, Маси, со исти зборови како директорот на Ред бул!
Светската автомобилистичка федерација (ФИА) потврди дека е запознаена со последните видеоснимки кои покажуваат како директорот на трки, Мајкл Маси, користи исти фрази како директорот на Ред бул објаснувајќи ја контроверзната одлука на последната трка од сезоната во Абу Даби кога Макс Ферстапен го помина Луис Хамилтон за победата и за светската титула.
24-годишниот Ферстапен стана шампион кога по излегувањето на безбедосното возило по судирот на возачот на Вилијамс, Николас Латифи, Маси одлучи да има повлекување на возилото во последниот круг и дозвола за болидите што беа меѓу Хамилтон и Ферстапен да одат пред возилото, така што да има пресметка во еден круг за титулата.
Сега снимката од разговорот меѓу шефот на Ред бул, Кристијан Хорнер, спортскиот директор Џонатан Витли и Маси јасно покажува дека постоел притисок да се донесе ваква одлука. Во радиопораката Маси добива совет и барање од Витли како да се решат болидите меѓу Хамилтон и Ферстапен.
„Тие што поминале цел круг не мора да ги пуштиш за да стигнат до задниот дел на колоната. Само треба да ги пуштиш да одат напред и тогаш имаме мото-трка пред нас“, му вели Витли.
„Разбирам“, одговара Австралиецот по што кога шефот на Мерцедес, Тото Волф, бара причина за одлуката, Маси одговара: „Тото, ова се вика мото-трка, океј?“
Иако видеото беше објавено веднаш по трката, тоа сега стана вирално на интернет и дел од фановите сметаат дека ова јасно покажува дека Ред бул имал недозволено влијание во одлуките на Маси и бара негов отказ.
ФИА најави дека истрагата за трката во Абу Даби ќе биде завршена пред почетокот на новата Ф1-сезона.
This is shocking. New emerging footage of @F1 Abu Dhabi GP containing previously unheard radio. Masi essentially executed the instructions of Jonathan Wheatley (Red Bull) without any second thought over its legality or fairness. This should be sickening listening to any fan. pic.twitter.com/XkOWmjGhH0
— Jordan ¹⁰³ (@F1_Jordan) February 8, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

