Спорт
Директорот на Звезда контра Видиќ: Суетата му е огромна
Звездан Терзиќ, генералниот директор на фудбалскиот клуб Црвена звезда, го нападна легендарниот поранешен српски фудбалер Немања Видиќ нарекувајќи го човек со огромна суета.
Терзиќ на прашање за тоа кој ќе биде наследник на местото српски селектор на Љубиша Тумбаковиќ, реши да одговори на необичен начин.
„Го споменав Видиќ, човекот со грандиозна кариера и дека ѝ е потребен на фудбалска Србија, но тој ми одговори на непримерен начин. Сега би се возддржал од коментар бидејќи кај таквите суетата е огромна. Дури и да ги пофалам, нема да им биде убаво“, изјави Терзиќ.
Видиќ се огласи со остро соопштение за јавноста кога Србија не успеа да се квалификува на Европското првенство в година по поразот во баражот на пенали од Шкотска по што беше критикуван од повеќе личности во српскиот фудбал, особено од поранешниот соиграч од репрезентацијата, а сегашен потпретседател на сојузот, Марко Пантелиќ.
Видиќ удри по ФС на Србија: Засрамете се! Целиот систем работи за вас и за менаџерите
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ред Бул има најголем спонзорски договор во Формула 1
Ред Бул, потпиша најголем договор за рекламно спонзорство оваа сезона. Уште во 2022 година, Ред Бул се договори со американскиот технолошки гигант Оракл да стане главен спонзор на тимот. Оваа сезона, тимот ќе инкасира 110 милиони долари.
Договорот за спонзорство на Ферари со ХП е исто така многу блиску до ова сума, изнесува нешто над 100 милиони долари по сезона.
Ова се единствените два спонзорски договори во Формула 1 оваа година, вредни повеќе од 100 милиони долари.
Светските шампиони, тимот на Мекларен, се исто така меѓу првите три тима, со договор за спонзорство со Мастеркард, кој им носи 90 милиони долари годишно. Сепак, Мекларен објасни дека финансиската компанија е „спонзор за преименување“, а не само „главен спонзор“.
Другите два големи договори се за Ауди – 75 милиони долари по сезона од Револут, додека Астон Мартин добива иста сума од саудискиот нафтен гигант Арамко.
Според непотврдени информации, Мерцедес добива 80 милиони долари по сезона од својот долгогодишен партнер Петронас.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четири нови фудбалски правила на Светското првенство
На Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико во текот на летото, ќе се применат некои нови правила.
Според Би-Би-Си, на најголемата смотра на светскиот фудбал ќе се применат четири нови правила:
1. Заменетиот играч има 10 секунди да го напушти теренот. Доколку излегувањето трае подолго, фудбалерот што влегува ќе мора да почека најмалку една минута пред да влезе.
2. Доколку играчот добие медицинска помош на теренот, тој мора да го напушти теренот и да биде надвор од него една минута.
3. Доколку судијата процени дека тимот одолговлекува за време на аут или гол-аут, ќе почне да одбројува пет секунди. Доколку топката не се врати на време, во тој случај ќе му биде доделен аут или корнер на противничкиот тим.
4. ВАР ќе може да ја промени одлуката за втор жолт картон или корнер, доколку се утврди грешка.
Светското првенство е закажано од 11 јуни до 19 јули.
Foto/ depositphotos
Спорт
Алисон нема да го напушти Ливерпул
Алисон Бекер ќе го брани голот на Ливерпул и следната сезона.
Управата на клубот одлучи автоматски да ја активира клаузулата во договорот со која се продолжува престојот на бразилскиот голман за уште една година.
Ова беше направено на инсистирање на тренерот Арне Слот, кој е презадоволен од игрите на Алисон.
Јувентус беше заинтересиран за услугите на Алисон Бекер, кој дури и започна преговори со овој клуб, но сега е јасно челниците на „старата дама“ ќе мора да бараат друга опција.
Алисон стана член на Ливерпул во 2018 година, кога пристигна од Рома во трансфер вреден 72,5 милиони евра.
Foto/ depositphotos

