Спорт
Џед Спенс го засили Тотенхем
Тотенхем донесе засилување на позицијата десен бек. Џед Спенс, поранешен играч на Мидлсброу, потпиша за клубот од северен Лондон.
Спенс има само 21 година, помина низ младинските категории на Фулам, пред да се пресели во Мидлсброу во 2018 година.
Изминатата сезона ја мина како позајмен во Нотингем Форест, за кој одигра 46 натпревари, а со три гола им помогна на „шумарите“ да се вратат во Премиер лигата.
Тој беше избран во идеалниот тим на првенството.
Спенс потпиша договор со Тотенхем до 2027 година.
We are delighted to announce the signing of Djed Spence from Middlesbrough ✍️#WelcomeSpence
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) July 19, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Анадолу Ефес верува во Мијатовиќ
Хрватскиот тренер Томислав Мијатовиќ ја продолжи соработката со Анадолу Ефес, потврди од клубот од Истанбул.
Мијатовиќ го презеде турскиот тим на почетокот на февруари, истиот ден кога беше објавено дека ќе си замине Ердем Џан.
Во тој момент Ефес беше на 16. место во Евролигата, но до крајот на регуларниот дел успеа да се избори за место во плеј-ин.
Таму беа елиминирани од Виртус, но клупските челници искажаа задоволство од неговата работа, поради што и му понудија договор на две сезони.
Ефес пред три дена ја совлада Дарушафака во 29. коло од турскиот шампионат и со тоа го обезбеди првото место пред почетокот на плеј-офот.
Спорт
Лукс Ернандез го пропушта Европското првенство?
Францускиот репрезентативец, Лукс Ернандез (28), се повреди во текот на полуфиналениот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ (1:0).
Ернандез го повреди левото колено кога се обиде да го блокира Никлас Фулкруг, во моментот кога напаѓачот го постигна единствениот гол на натпреварот во 36.минута.
Ернандез веднаш го напушти теренот, клубот се уште не објави за каква повреда станува збор. Медиумите шпекулираат дека станува збор за вкрстените лигаменти.
„Неговото колено имаше навистина голем оток по натпреварот“, изјави тренерот на ПСЖ, Луис Енрике.
Лукас Ернандез е брат на Тео Ернандез, член на Милан. Лукас кариерата ја започна во Атлетико Мадрид, а Баерн го доведе во 2019 година за 80 милиони евра. Четири години подоцна тој пристигна во ПСЖ за 45 милиони евра.
Ернандез има 37 настапи за француската репрезентација со која го освои Светското првенство во Русија во 2018 година, додека во Катар во 2022 година се повреди во 13. минута од првиот меч со Австралија. После тоа тој повеќе не играше, а неговиот тим стигна до финалето и загуби од Аргентина.
Тој ја освои и Лигата на нации во 2021 година, во карирата освоил 14 клупски трофеи.
Со оглед на тоа што францускиот селектор Дидие Дешам има рок до 16 мај да го состави списокот со играчи за ЕП, а ситуацијата со Ернандез се уште е неизвесна, можно е тој да не се најде на списокот на патници за ЕП.
Европско првенство започнува на 14 јуни. во Германија. На ЕП Франција ќе биде во групата Д со Холандија, Австрија и Полска.
Спорт
Челси сака да го врати Конте на „Стенфорд Бриџ“
Фудбалскиот клуб Челзи сака да го врати Антонио Конте на „Стенфорд Бирџ“. Челси под водство на Маурисио Покетино од почетокот на сезоната игра по системот „топло-ладно“, се наоѓа на деветтото место и се очекува Аргентинецот да ја напушти клупата на крајот од сезоната.
Конте, го водеше Челзи од 2016 до 2018 година, ја освои титулата во Премиер лигата во сезоната 2016/17, а една година подоцна го крена и трофејот наменет за најдобриот тим од ФА Купот.
Меѓу останатите клубови со кои раководи Конте, кој е поранешен селектор на Италија, се Јувентус, Интер и Тотенхем.
Тотенхем беше неговиот последен клуб во неговата тренерска кариера. Тој минатата година го напушти со заедничка согласност, откако ги нарече играчите себични, а клупските челници губитници.
„Ова е приказната за Тотенхем: Истиот сопственик е тука 20 години и тие никогаш не освоиле ништо. Зошто? Дали е виновен клубот или секој тренер кој работел овде во овој период?”
Ова е интересна информација, бидејќи италијанските медиуми пред две недели обајавија дека Конте се договорил со Наполи. Според овои извори тој договорил три годишна соработа, вредна 8.000.000 по сезона, а од Аурелио Де Лаурентис добил ветување дека тој ќе ја води клупската трансфер политика.