Спорт
Џејмс уште три години во ЦСКА

Мајк Џејмс најефикасниот кошаркар на ЦСКА Москва го продолжил договорот со клубот. Американецот во Москва ќе остане и во наредните три сезони.
„Среќен сум што ќе останам во ЦСКА и што ќе го продолжиме ова убаво пријателство на уште три години. Се надевам дека наредниот период ќе биде обележен со трофеи“, рекол Џејмс.
29 годишниот кошаркар во Евролигата оваа сезона имал просек од 21,1 поени и 4,3 асистенции по натпревар.
Џејмс според Индексот на успешност (21,07) е трет во Евролигата, пред него се Алексеј Шведи (21,42) и Шејн Ларкин (22,20).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) 7+ во Синсинати, Дортмунд го победи Мамелоди

Борусија Дортмунд ги победи Мамелоди Сандаунс на Светското клупско првенство на ФИФА. „Милионерите“, во Синсинати, победија со 4:3.
Дортмунд ја контролираше ситуацијата на теренот од првата минута, иако Мамелоди беше многу опасен. Интересно е што натпреварот започна со контранапад на Мамелоди и африканските играчи лесно можеа да поведат од самиот почеток.
Дортмунд се бранеше, а потоа… Студен туш. Рибеиро го совлада Кобел за да им донесе на Сандаунс водство од 1:0.
Не се радуваа долго бидејќи нивниот голман направи катастрофална грешка и му ја остави топката на Гираси пред голот, па Германците израмнија преку Нмеча на 1:1. Понатаму, како што одминуваше играта, Дортмунд стануваше сè посигурен.
По асистенција, Гираси го постигна својот прв гол на Светското првенство, за пресврт со глава и водство од 2:1.
На самиот крај од првото полувреме, Белингам ја затресе мрежата, а Дортмунд поведе со 3:1.
Нов спектакл беше забележан во второто полувреме. Дортмунд стигна до 4:1 преку автогол, на Мамелоди одговори со два гола.
Прво, Рајнерс го намали резултатот на 4:2, а потоа во 90-та минута се случи драма кога Мотиба намали на 3:4.
„Милионерите“, сепак мирно го доведоа натпреварот до крај и го остварија својот прв триумф во САД.
Спорт
На Даку поради вреѓањето на Србите и Македонците му пропадна трансферот во Зенит

На албанскиот репрезентативец, Мирлинд Даку, му пропадна трансферот од Рубин Казањ во Зенит.
Руските медиуми наведуваат причина за ова се националистичките испади и тетоважите што ги има се посветени на водачот на ОВК.. Фудбалерот роден во Гњилане на Косово и Метохија, на грбот има тетоважа со ликот на Агим Рамадани – Катана, еден од водачите на ОВК.
Даку на пошироката јавност и стана познат на Европското првенство, кога по нерешениот резултат на натпреварот Албанија-Хрватска (2:2), зеде мегафон и пред трибината на која беа навивачите на Албанија викаше „п.ч.а им матер на Србите и Македоннците“.
Ден по натпреварот се извини, но УЕФА го суспендира на два натпревари, а казна доби и од неговиот клуб Рубин.
Бидејќи поранешните фудбалери на Црвена Звезда, Вања Дркушиќ и Страхиња Ераковиќ, играат за тимот на Зенит, раководството одлучи дека е подобро да не доведува играч од таков профил во своите редови бидејќи тоа би донело само проблеми, и покрај солидните бројки од минатата сезона (15 гола и 8 асистенции).
Тренерот на Зенит, Ринат Билјалетдинов, коментирајќи ја целата ситуација рекол дека клубот донел разумна одлука.
„Во Зенит има српска фудбалери: Дркушиќ, Мимовиќ, Здјелар… Можеби е разумна одлука на клубот да го откаже трансферот. Во одреден момент тоа би можело да има негативно влијание врз тимот и затоа трансферот пропадна. Друга работа е зошто Зенит воопшто размислувал за трансфер што би бил темпирана бомба за тимот“, изјави Бијалетдинов за руската „Газета“.
Даку имаше одлична сезона во дресот на Рубин, постигна 15 голови и забележа осум асистенции.
Спорт
Вирц откри зошто го одбрал Ливерпул

Фудбалскиот клуб Ливерпул вчера официјално го претстави своето големо засилување Флоријан Вирц и го урна рекордот на Премиер лигата.
Германскиот офанзивен играч за врска е играч кој би можел да биде клучен во воспоставувањето на доминацијата на „Црвените“ во Премиер лигата.
Со него во тимот, гигантот од „Енфилд“ сигурно ќе го нападне трофејот од Лигата на шампионите.
Интересно е што Вирц рече одлуката да се пресели во Ливерпул, односно да го одбие Баерн Минхен, бил разговорот со менаџерот Арне Слот.
„Се сеќавам на нашиот прв разговор. Ми покажа каков фудбал сака да игра и како би се вклопил во тимот. Веднаш можев да се замислам себеси во Ливерпул, кој ќе се обидам да го подобрам од следната сезона“, рече Вирц и со тоа му оддаде голема заслуга на холандскиот стручњак, кој во својата прва сезона на клупата на Ливерпул го освои англиското првенство.