Спорт
Џерард го презема кормилото на Астон Вила?
Поранешниот англиски фудбалски репрезетативец, живата легенда на Ливерпул – Стивен Џерард веќе 3 сезони одлично го води Глазгов Ренџерс, но се чини дека е дојдено времето за нов предизвик во тренерската кариера.
И досега добиваше повици од Премиерлигата, но се чини дека дојде и еден кој е по негова мерка.
Џерард е на чекор до преземање на кормилото на Астон Вила, пишуваат медиумите на Островот.
Клубот од „Вила парк“ имаше одлична мината сезона, но оваа не им оди баш најдобро во елитата, па пред некој ден се разделија со менаџерот Дин Смит по серијата лоши резултати.
„Атлетик“ пренесува дека се е договорено меѓу Вила и Џерард, односно дека останува само уште да се договорат кој се ќе биде во неговиот стручен штаб. Официјалната потврда, наводно, се очекува за 48 часа.
Минатото лето Џерард го поврзуваа со клупата на Евертон, но тој ја одби понудата на „карамелите“.
До сега Ренџерси ги водеше на 193 натпревари, со 65 проценти на победи.
Во моментов Астон Вила е на 15-тата позиција на табелата во ПЛ, а во текот на летото вложија 100 милиони фунти за засилувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Драма по дербито на Италија – Од Јувентус побараа оставки
Интер го победи Јувентус со 3:2 во Милано во спектакуларното дерби на Италија. Натпреварот беше засенет од исклучувањето на Пјер Калулу и бурните реакции на гостите по натпреварот.
Интер и Јувентус приредија уште еден возбудлив судир, а победата ја извојува домашниот тим од Милано (3:2), со голот на Пјотр Зјелински во 90-та минута.
Клучниот момент се случи во 42-та минута кога судијата Федерико Ла Пења му покажа црвен картон (втор жолт), на Пјер Калулу по дуелот со Алесандро Бастони, кој падна по минимален контакт. Одлуката предизвика огромно незадоволство кај „бјанконерите“.
Keep in mind, when this very poor moment from Bastoni occurred, both he and Kalulu were on yellows.
The fact that this was not a reviewable moment spotlights a very glaring issue with the way Serie A applies its var.
Calcio officiating is a catastrophe.
pic.twitter.com/PkywfC5dKS— Inconvenient Truth (@ITruth98) February 14, 2026
По завршувањето на натпреварот, се случи инцидент, генералниот директор на Јувентус, Дамиен Комоли, се упати кон судијата, додека тренерот, Лучијано Спалети, дури и не се појави пред прес-конференцијата.
На негово место, на конференцијата присуствуваа Комоли и директорот на клубот Џорџо Кјелини, кои побараа оставка од претседателот на судиската комисија на Серија А, Џанлука Роки, оценувајќи го судењето како „неприфатливо и срамно“.
Spalletti, Comolli, and Chiellini confront the referee 🔥 pic.twitter.com/Zbdd5bX7hv
— Around Turin (@AroundTurin) February 14, 2026
Тренерот на Интер, Кристијан Киву, од друга страна, верува дека одлуката е исправно донесена.
„Беше мал контакт, но сепак контакт. Мојот играч го почувствува допирот додека трчаше со полна брзина. Калулу е искусен и сигурно знаел да ги држи рацете блиску до телото во такви ситуации. Да имав жолт картон, немаше да ги ставам рацете врз противникот, особено при контранапад“, рече Киву.
Навивачите на Јувентус, сепак, остануваат убедени дека одлуката на судијата решително влијаела на исходот од дербито.
Спорт
(Видео) Лилард најдобар во шутирање тројки на Ол-стар викендот
Пејлмејкерот на Портланд Треил Блејзерс, Демијен Лилард, го освои НБА Ол-стар натпреварот во шутирање тројки.
По трет пат во кариерата, Лилард е шампион во брзо шутирање тројки. Оваа година победата е импресивна бидејќи Лилард не игра поради скината Ахилова тетива, поточно, сè уште се опоравува од повредата.
„Дејм Дола“, како што го нарекуваат, победи со 29 поени во финалната рунда, против 27 на Девин Букер и 17 на дебитантот во лигата, Кон Кнупел.
Синот на Мелвин Букер имаше сè во свои раце, ако погодеше уште една шаена топка во последната серија ќе добиеше продолжение, а ако погодеше две ќе победеше.
Промаши четири по ред и го заврши натпреварувањето на второто место.
Норман Пауел (23), Тајрис Макси (17), Боби Портис (15), Џамал Мареј (18) и Донован Мичел (24) не стигнаа до финалето.
Кнупел имаше 27 во првото коло, исто како и Лилард, додека Букер постигна 30.
🚨 DAMIAN LILLARD REMPORTE LE 3-POINT CONTEST 🎯
Incroyable scénario puisque le meneur, qui se remet d'une rupture du tendon d'Achille, a remporté le concours pour la 3e fois après 2023 et 2024.
Il termine avec 29 PTS en finale après s'être qualifié avec 27 PTS.
Il bat Devin… pic.twitter.com/PMbmENhICY
— Basket-Infos (@Basket_Infos) February 14, 2026
Спорт
(Видео) Вини два пати погоди од пенал, Реал го победи Реал Сосиедад
Реал Мадрид е незапирлив со Алваро Арбело на клупата. „Кралскиот клуб“ ја забележа осмата победа по ред во Ла Лига.
Во натпреварот од 24-то коло, Реал Мадрид го победи Реал Сосиедад со 4:1 (3:1). Мбапе не играше, а три од петте гола беа постигнати од 11 метри.
Серијата на голови ја отвори Гонзало Гарсија во петтата минута. Ојерзабал изедначи од пенал во 21-та минута, а само четири минути подоцна, исто така од пенал Винисиус му ја врати предноста на Реал.
По половона час игра гол за Реал постигна и Феде Валверде. Уругваецот го постигна во Ла Лига од 20 април минатата година.
Точка на натпреварот стави Винисиус во 48-та минута, повторно од пенал. Последен пат Винисиус постигна два гола на 4 октомври, минатата година, во дуелот со Виљареал.
Реал Мадрид сега има 60 бода на првото место на табелата, два повеќе и еден натпревар повеќе од Барселона, додека Сосиедад е осми со 31 бод.
Foto/ EPA

