Спорт
Џерард ќе биде нов тренер на Барди во Трабзонспор?
Легендарниот англиски фудбалер, Стивен Џерард, се наоѓа во Истанбул каде преговара со раководството на турскиот шампион Трабзонспор за преземање на тренерската позиција.
Доколку падне „дил“, тогаш Џерард ќе биде нов тренер на македонскиот репрезентативец Енис Барди.
Трабзонспор разгледува неколку опции за нов тренер, а англиската легенда е најсериозен кандидат за оваа позиција.
Во моментов Трабзонспор е без претседател, а раководните операции во клубот ги извршува потпретседателот Ертурул Доган и токму тој во последните денови имал разговори со Џерард. Новиот претседател на Трабзонспор се очекува да биде избран на 26 март.
Кандидат за претседателската функција е Доган, а според медиумите во Турција доколку биде избран, тогаш ќе го назначи Џерард за нов тренер на тимот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Пјастри пред Норис ја освои пол-позицијата за спринтот во Бразил
Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои пол-позицијата за трката во спринт како дел од Големата награда на Бразил, во шампионатот на Формула 1.
Младиот Австралиец до пол-позицијата на „Интерлагос“ стигна со круг од 1:08,899 минути, 29 илјадитинки пред тимскиот колега Ландо Норис.
Третото место на стартот ќе го заземе возачот на Ферари, Шарл Леклер, кој заостана повеќе од две десетинки зад Норис.
Актуелниот шампион Макс Верстапен, кој моментално има 47 поени предност пред Норис во генералниот поредок, ја освои четвртата позиција, но поради казната бидејќи менуваше делови во моторот ќе стартува деветти.
Победникот на минатонеделната трка во Мексико Сити Карлос Саинц Јуниор во Ферари имаше петто време, пред возачот на Мерцедес Џорџ Расел и Пјер Гасли од Алпин. Топ десет го комплетираа возачот на РБ тимот Лиам Лосон, Алекс Албон во болидот на Вилијамс и дебитантот Оли Берман, кој го заменува болниот Кевин Магнусен во Хас, барем за спринтот.
Најголемите изненадувања во квалификациите за спринт во Сао Паоло беа забележани во вториот дел, кога беа елиминирани седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон и вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез. Британецот ќе стартува од 12.место, пред Нико Хилкенберг во болидот на Хас, Перез, возачот на Вилијамс Франко Колапинто и Валтери Ботас од Заубер.
Спорт
Буфон: Роналдо Бразилецот, прототип на совршен фудбалер
Џанлуиџи Буфон бранеше во четири различни децении, во кариерата се сретна со различни генерации фудбалери и е многу авторитетна личност кога е во прашање изборот на најдобриот играч во историјата. Џиџи кариерата ја заврши онаму каде што ја започна, во Парма на 46-годишна возраст.
Зборувајќи за најдобриот играч со кој се соочил, популарниот Супермен го избра оригиналниот Роналдо. Смета дека тој е бил прототип на совршен играч.
„Напаѓачот кој ми нанесе најголема штета беше Роналдо, Бразилецот. Изгледаше како да е создаден во лабораторија. Сè уште ми е неверојатно дека еден човек може да има таков талент, интуиција, техника, забрзување. Едноставно фудбалер кој ве остава без здив“, рече Буфон.
Спорт
Откажана ГН на Валенсија поради катастрофалните поплави
Големата награда на Валенсија на патеката „Рикардо Тормо“ дефинитивно е откажана откажана по катастрофалните поплави во кои животите ги загубија повеќе од 200 луѓе.
Дорна и ФИМ ја донесоа одлуката на состанокот на комитетот за безбедност на патеката Сепанг во Малезија во петокот попладне.
Традиционално Мото ГП сезоната завршува во Валенсија, годинава требаше да се одржи од 15. до 17,.ноември.
Нема да биде лесно да се одреди кој ќе биде организаторот на последниот викенд од натпреварувањето, а извесно е дека ќе се одржи по тој датум од логистички причини.
„Мото ГП е со заедницата на Валенсија по катастрофалните поплави во областа. Нашите срца се со сите оние кои настрадаа и кои изгубија многу“, стои во објавата на Дорна во врска со страшните вести од Шпанија.
Инаку неколку Дорна има неколку опции: Катар, Херез, Арагон, Каталуња и Портимао.
Лидер во кралската класа е Шпанецот Хорхе Мартин (Прамак Дукати) со 453, додека Италијанецот Франческо Бањаја (Дукати) кој цели кон третата последователна титула има 17 бодови помалку.