Спорт
Џиро: Словенецот Роглич го зголеми водството по четвртата етапа
Том Думулин практично ги загуби шансите за победа на Џиро Диталија на четвртата етапа по падот на пет километри пред финишот, а Словенецот Примож Роглич го зголеми водството по победата на Еквадорецот Рикард Карапаз.
Роглич (Џамбо-Висма) успеа да се извлече од хаосот во финишот при голема брзина во кој настрада водечката група од десетина велосипедисти за да заврши како шести на етапата и да го зголеми водството пред ривалите за 16 секунди.
Холанѓанецот Думулин (Санвеб), шампионот од 2017 година и минатогодишен вицешампион, го повреди левото колено при падот и ја помина целта со помош на колегите со четири минути заостанување.
Етапната победа отиде кај Карапаз (Мовистар), кој се одвои од главната група пред искачувањето во Фрашати за да го задржи Австралиецот Кејлеб Јуан (Лото Судал) зад него. Топ-3 го комплетира Италијанецот Диего Улиси (УАЕ Тим Емирати) со две секунди предност пред Роглич.
29-годишниот Словенец, Роглич, се најде во незавидна ситуација да ја искористи несреќата на ривалите и да тргне по поголема предност, но на крајот не се трудеше премногу. Сега тој има 35 секунди пред Британецот Сајмон Јејтс (Мичелтон) и 39 пред Винченцо Нибали (Бахреин Мерида).
What a moment for stage four winner @RichardCarapazM ?#Giro102 #Giro #TheBreakaway pic.twitter.com/jE6mOrhAB4
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) May 14, 2019
Not for the faint-hearted ?
Race over for @tom_dumoulin? #Giro102 #Giro #TheBreakaway pic.twitter.com/CpB5FOCy4o
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) May 14, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Навивачите на Челси бараат клубот да го отпушти Покетино
Лошата сезона на Челзи кулминација доживеа синоќа на „Емирати“. Челси беше прегазен со 5:0 од градскиот ривал Арсенал.
Медиумите, а по нив и навивачите, за дебаклот го обвинија менаџерот Маурисио Покетино.
Револтираните навивачи на „сините“, како што пренесува „Фудбал инсајдер“, бараат аргентинскиот стручњак под итно да добие отказ.
Челси, досега има 13 победи, односно победи во една третина од натпреварите во Премиер лигата, премалку со оглед на вложувањата пред стартот на првенството.
Спорт
Судот одлучува за фантомскиот гол на Јамал? Лапорта ќе поднесе тужба против РФЕФ
Барселона ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) поради, како што смета, неправдата на Ел Класико.
Ова значи дека судот треба да пресуди дали топката по ударот на Ламине Јамал ја минала гол-линијата.
Барселона, во неделата, доживеа пораз во Мадрид од Реал (3:2).
Фантомскиот гол на Ламине Јамал се уште е тема на шпанските медиуми, но и ситуација од која не се откажуваат во канцелариите на „Камп Ноу“.
Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта фи побара од РЕФЕ снимките од ВАР собата (видео и аудио комуникацијата). п
Федерацијата го одби барањето и соопшти дека нема да направи исклучок за Барселона. Сега Барселона сака да добие дозвола видео-записот да му го предаде судот. Лапорта побара и да се повтори Ел Класико.
Во шпанскиот шампионат нема гол-технологија, а ВАР сметаше дека топката не ја минала линијата со полн волумен.
Спорт
Капитенот реши да си замине од Атлетик Билбао
Икер Муниаин реши да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната.
Легендарниот офанзивец по освојувањето на Купот на кралот сфати дека тоа е најдобриот момент да се збогува со својот сакан клуб, по цели 20 години.
Муниаин е секако дете на клубот, а во академијата на Атлетико пристигна како 11-годишник и ќе замине втор на листата на одиграни натпревари, досега 557, но нема да го престигне недопирливиот Ќоп Ирибара, кој одигра 614.
Но, Муниан реши да си замине во вистински момент, има 31 година, конечно го освои Копа дел Реј, претходно Суперкупот на Шпанија во 2015 и 2021 година.
Нема намера да остане во Шпанија, голема е веројатноста да ја напушти и Европа, иако се уште нема донесено конечна одлука за тоа.
Својата одлука Муниаин веќе им ја соопштил на соиграчите и раководството на клубот, за до крајот на сезоната достојно да се збогуваат од навивачите и од „Сан Мамеш“.
Инаку, Муниан дебитираше за првиот тим уште на 30 јули 2009 година против Јанг Бојс и постигна 75 гола за Атлетик.
Погледнете го неговото емотивно видео кое го најавува неговото заминување од Атлетик Билбао…