Спорт
Џоел Глејзер со писмо до навивачите на Јунајтед, вети средба и подобри контакти
Косопственикот на Манчестер јунајтед, Џоел Глејзер, одговори на отвореното писмо од навивачките групи на клубот согласувајќи се да ја разгледа опцијата навивачите да бидат делумни сопственици на клубот и најавувајќи инвестиции на „Олд Трафорд“.
Трастот на навивачи на Манчестер јунајтед (МУСТ) му дадоа рок до петок на Глејзер да одговори на нивните барања поставувајќи четири точки на кои мора да се работи за интересите на клубот. Тие бараа нова структура на сопствеништво вклучувајќи независни директори, дозвола на фановите да гласаат и консултации за големи промени во клубот.
Глејзер одговори со долго писмо, во кое се согласува со дел од нивните барања.
„Ги прочитав сите коментари и се познава вашата љубов и страст за клубот. Сакам да отворам јасен канал на консултации меѓу фановите и клубот, а како што кажав и јавно, сакам ова врска да биде посилна. Вашето писмо го улови уникатниот дух на Манчестер јунајтед, создаден со децении триумфи, но и трагедии, кој уште се гледа во сегашниот возбудлив тим на Оле и големиот број навивачи. Искрено се извинувам за грешките што беа направени со европската Суперлига и ја сфаќаме потребата за промени со консултација со навивачите. Сакам да ве уверам дека моето семејство и јас се грижиме за Манчестер јунајтед и имаме одговорност да работиме за долгорочната иднина на клубот, во исто време грижејќи се за историјата и традицијата. Врвниот приоритет останува натпреварувањето за најголемите трофеи, играње возбудлив фудбал со тим составен од врвни засилувања и домашен талент. Сфаќаме дека мора да инвестираме на ‘Олд Трафорд’ и во тренинг-центарот и за тоа ќе се консултираме со вас“, пишува Глејзер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓоковиќ: Разни „стручњаци“ ме испратија во пензија, им благодарам на тоа
Новак Ѓоковиќ, в недела ќе се бори за 11-та титула на Австралија Опен. Десеткратниот шампион во Мелбурн, во полуфиналето, во спектакуларен меч го победи бранителот на трофејот, Јаник Синер со 3:2 (3:6, 6:3, 4:6, 6:4, 6:4) за четири часа и девет минути игра.
„Никогаш не престанав да верувам во себе. Многу луѓе се сомневаа во мене. Гледам дека одеднаш се појавија многу „стручњаци“ кои сакаа да ме пензионираат или веќе го направија тоа неколку пати во последните години“, рече Ѓоковиќ и додаде:
„Сакам да им се заблагодарам затоа што ми дадоа сила и мотивација да им го докажам спротивното. Ова не е изненадување за мене. Знам на што сум способен“, рече Ѓоковиќ.
Неговиот настап прптив Синер, особено беше импресивен во петтиот сет, кога спаси осум брејк топки. Во текот на мечот Ѓоковиќ спаси 16 од 18-те топки за брејк.
Противник во финалето в недела ќе му биде Карлос Алкараз.
Foto/ depositphotos
Спорт
Заврши сезоната за Џек Грилиш
Џек Грилиш, еден од најдобрите играчи на Евертон ја заврши сезоната.
Како што стојат работите, Грилиш ќе мора да се подложи на операција поради фрактура на стапалото. Со ова паднаа во вода сите надежи дека би можел да добие повик од Томас Тухел за настап на Светското првенство.
Менаџерот на Евертон, Дејвид Мојес, ја потврди веста.
„Веруваме дека на Џек му треба операција. Иако сè уште не е 100 проценти потврдено, повредата веројатно ќе го држи надвор од терените до крајот на сезоната“, рече Мојес.
Откако пристигна на позајмица во Евертон, Грилиш повторно почна да игра како во времето кога беше играч на Астон Вила. Сезонава дресот на Евертон го носи како позајмен играч од Манчестер Сити.
Foto/ depositphotos
Спорт
Данска ќе се бори за европската титула
Данската ракометна репрезентација ќе игра во финалето на Европското првенство против Германија, откако во второто полуфинале во Хернинг го победи Исланд со 31:28 (14:14).
Данците, в недела ќе се борат за третото европско злато, исто како и Германците.
Данска последен пат беше европски шампион во 2012 година во Белград, оттогаш двапати беше во финалето и двапати загуби од Франција (2014 и 2024).
Тимот предводен од Николај Јакобсен од клупата ги освои последните четири светски првенства и е актуелен олимписки шампион.
Во натпреварот против Исланд, Данците го скршија отпорот на својот ривал во второто полувреме, откако првиот дел беше израмнет.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше незапирливиот Матијас Гидсел, најдобриот ракометар во светот, со седум гола од исто толку обиди.
Веднаш зад него по ефикасност беше Јохан Хансен со шест гола (седум шута), додека Симон Питлик постигна пет.
Во поразениот тим, Јанус Даги Смарасон и Ори Фрајр Поркесон беа најдобри со по седум гола. Омар Инги Магнусон постигна шест.
Финалето ќе се одигра во недела од 18 часот, претходно во 15.15 часот ќе се одигра натпреварот за третото место.
Foto/ EPA

