Спорт
Џордан: Поради овој документарец ќе мислите дека сум ужасен
ЕСПН на 19 април ќе ја емитува првата епизода од документарниот филм посветен на Мајл Џордан. Документарецот „Последниот танц“ за најдобриот играч на сите времиња има десет епизоди.
„Кога луѓето ќе ја видат серијата не сум сигурен дека ќе можат да разберат зошто сум бил толку напнат, зошто сум направил некои работи, зошто тогаш сум се однесувал така и зошто сум кажал некои работи“, рекол Џордан преку режисерот Џејсон Хејр.
„Кога ќе видите како го јавам Скот Бурел ќе мислите дека сум одвратен. Но мора да разберете зошто кон него така се однесував. Ми беше потребно да биде жесток во плеј-офот кога игравме со Индијана, Мајами и Њујорк. Ми беше потребно да биде јак, морав да знам дека можам да сметам на него. Такви работи луѓето нема да можат да разберат. Победувањето има своја цена. Лидероството има цена. Јас ги влечев луѓето кога тие тоа не го сакаа. Ги предизвикував тие луѓе кога не сакаа да бидат предизвикани. Заслужив јас да бидам тој тип бидејќи соиграчите не можеа да го издржат она што јас го издржав“, рекол Џордан во документарниот филм. Некои детали од животот и кариерата на Мајкл Џордан.
„Кокаински циркус“
„Видете луѓето порано не зборуваа многу на таа тема, но…Еден пример. Претсезона. Мислам дека бевме во Пиорија. Бевме во хотел, а јас како „руки“ се обидувам да ги најдам соиграчите. Тропам од една на друга врата и тога слушам од другата страна: ‘Псст некој е надвор! Кој е?’. Јас велам: ‘Ем-Џеј’. А од внатре се слуша: ‘О да ти е..м тоа е нашиот руки, не се секирајте’. Влегувам внатре, тука е речиси целиот наш тим (Чикаго Булс). Во собата гледам работи кои претходно не сум ги видел. Гледам црти кокаин, луѓе кои пушат марихуана, некои девојки…Веднаш заминав. Во тој момент си помислив, доколку влезе полиција и направи рација јас ќе бидам виновен исто колку и сите во собата. Од тој момент најчесто бев сам“.
„Наместо да оди на прием кај претседателот на САД се коцкал со нарко-дилер“
Џордан по освојувањето на првата НБА-титула со Чикаго не се појавил на приемот кај претседателот на САД Џорџ Буш. Официјално имал „сериозни семејни проблеми“. Вистината е поинаква, во Белата куќа не се појавил бидејќи игра голф и се коцкал со Џејмс „Слим“ Булер нарко-дилер кој подоцна бил осуден за перење пари. ФБИ нашле чек на Џордан на сума од 57.000 долари. Џордан подоцна се правдал дека му позајмил пари на Булер, а потоа признал дека тие пари ги изгубил на коцка.
View this post on Instagram
Anything with Michael Jordan is great, but THIS? This is something special. Don’t miss it.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

