Спорт
Договорен трејд помеѓу Рома и Милан

Челси и Манчестер јунајтед работата на размена на фудбалери, Рахим Стерлинг за Џејдон Санчо, а нешто слично во Италија се обидуваат да направат Рома и Милан.
Во овој трејд Тејми Ејбрахам би заминал во Милано, а Алексис Салемејкерс би станал нов играч на Рома.
Иако имаше светли моменти во црвено-црниот дрес, челниците на Милан веќе долго време сакаат да се ослободат од Салемејкерс. Белгиецот минатата сезона играше како позајмен во Болоња, но летово се врати во Милан.
Играч каков што е Ејбрахам му е потребен на Милан, бидејќи Јовиќ и Окафор не делуваат добро на нпочетокот на сезоната.
Доколку трејдот биде реализиран, Милан за Ејбрахам, покрај Салемакерс, во Рим ќе испрати и 10 милиони евра.
На овој начин ќе профитира и Рома, бидејќи најважно и е да го растерети буџетот. Особено што Дибала со својата висока плата остана во клубот.
Играчите се согласиле на овој трејд, останува само клубовите официјално да се договорат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ливерпул ја активира клаузулата во договорот на Фримпонг

Џереми Фримпонг ќе биде првото засилување на Ливерпул за сезоната 2025/26.
Оваа вест ја потврди еден од најдоверливите извори, блиски до она што се случува на „Енфилд“, Пол Џојс.
Тој го потврди она што се шпекулираше со денови, дека Ливерпул ќе ја плати откупната клаузула од 35 милиони евра и дека Фримпонг автоматски ќе го напушти Баер Леверкузен.
Арне Слот сигурно ќе има причина да биде среќен, а блиски извори пишуваат дека тој особено го сакал Фримпонг бидејќи може да ја покрие целата десна страна од теренот, а доколку е потребно и да го замени Мохамед Салах, бидејќи има исклучително силни офанзивни карактеристики.
Фримпонг, кој започна во младинската академија на Манчестер сити и играше за Селтик, ќе ја преземе позицијата десен бек од 26-годишниот Александер-Арнолд.
Оваа сезона, тој одигра 53 натпревари за клубот и репрезентацијата и беше еден од клучните играчи во кампањата на Леверкузен за првата титула во Бундеслигата во историјата на клубот.
Селтик, неговиот поранешен клуб, ќе добие одреден процент од обештетувањето, според некои информации наведуваат дека е договорен процент од дури 30% кога Фримпонг од Селтик во 2021 година се пресели во Леверкузен.
Спорт
Македонија ги дозна ривалите на ЕП

Ракометната репрезентација на Македонија ги доби своите ривали на претстојното Европско првенство, кое ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.
Македонија ќе се натпреварува во Б-групата заедно со Данска, Португалија и Романија. Натпреварите во оваа група ќе се играат во Хернинг.
Европското првенство ќе се одржи од 15 јануари до 1 февруари 2026.
ЕП 2026:
Група А: Германија, Шпанија, Австрија, Србија
Група Б: Данска, Португалија, Македонија, Романија
Група Ц: Франција, Норвешка, Чешка, Украина
Група Д: Словенија, Фарски Острови, Црна Гора и Швајцарија
Група Е: Шведска, Хрватска, Холандија, Грузија
Група Ф: Унгарија, Исланд, Полска, Италија
Спорт
Халанд: Ужасна и здодевна сезона

Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, смета дека тековната сезона не е задоволителна за тој клуб.
Сити ќе се обиде да освои барем еден трофеј, оној во ФА Купот, во сабота во 17:30 часот ќе игра во финалето против Кристал Палас.
„Оваа сезона беше тешка. Не е убаво да се изгубат толку многу натпревари. Досадно е, не е забавно. Затоа мора добро да ја завршиме сезоната и да освоиме трофеј. Добра навика е да се стигне до „Вембли“, секогаш е важно да се освојуваат трофеи. Во една ужасна сезона ќе играме во финалето на ФА Купот“, изјави Халанд за Би-Би-Си и додаде:
„Кога ќе освоите четири титули по ред, а не ја освоите петтата, тоа значи дека сезоната не била успешна. Тоа е стандардот што го поставивме. Не се снајдовме добро во лигата, но сепак се надеваме дека ќе се квалификуваме за Лигата на шампионите.“
Халанд се приклучи на Сити од Дортмунд во јуни 2022 година за 51,2 милиони фунти, а неговите голови им помогнаа да освојат две титули во Премиер лигата, Лигата на шампионите, ФА Купот и Европскиот Суперкуп.