Спорт
Дојде и тој ден – Бејл замина од Реал
Велшкиот фудбалер Герет Бејл повеќе не е член на Реал Мадрид. По девет години во славниот тим од шпанската престолнина, 32-годишниот напаѓач со порака на социјалните мрежи се прости од навивачите. Останува да се види каде ќе ја продолжи кариерата.
Поранешниот играч на Саутемптон и Тотенхем со кралскиот клуб минатиот викенд го освои петтиот трофеј во Лигата на шампионите, во Париз избраниците на Карло Анчелоти го совладаа Ливерпул.
Во писмото Бејл им се обраќа на сите негови поранешни и сегашни соиграчи, тренери, стручен штаб и навивачи кои секогаш го поддржувале.
„Дојдов овде пред девет години како млад човек кој сакаше да го оствари својот сон и да игра за Реал Мадрид. Да го носам белиот дрес, грбот на градите, да играм на „Сантијаго Бернабеу“, да освојувам титули и најважното – да се освои Лигата на шампионите Кога ќе погледнам наназад, искрено можам да кажам дека овој сон стана реалност и многу, многу повеќе од тоа. Да се биде дел од историјата на овој клуб и да се постигне сето она што успеавме да го направиме додека бев играч на Реал Мадрид беше неверојатно искуство за мене и нешто што ќе го паметам до крајот на мојот живот. Сакам да им се заблагодарам на Флорентино Перез, Анхел Санчез и целото раководство што ми даде шанса да играм за овој клуб. Заедно успеавме да оствариме моменти кои ќе останат запаметени засекогаш во историјата на овој клуб. Ми беше чест. Благодарам. Благодарам Мадрид!“, пишува во писмото.
Бејл во Реал пристигна во летото 2013 година за отштета од 101.000.000 евра. Со исклучок на еден период 2020-2021 година. година, кога се врати во Тотенхем како позајмен играч, цело време беше во Реал.
Последните години од неговиот престој во Реал не беа толку успешни, тој често отсуствуваше од тимот, а клубо јавно кажуваше дека сака да го продаде.
It has been an honour. Thank you! #HALAMADRID @RealMadrid pic.twitter.com/T7FL2LNRrD
— Gareth Bale (@GarethBale11) June 1, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Мектоминеј го запре Интер на „Џузепе Меаца“
Фудбалерите на Интер и Наполи одиграа нерешено 2:2 во дерби натпреварот од 20-то коло од Серија А.
Нероаѕурите не го искористија вториот последователен неуспех на Милан, кој ремизираше со Фиорентина. Наполи ја прекина серијата од шест последовни победи во која се наоѓаше Интер.
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, го одигра целиот натпревар, му аситираше на Скот Мектоминеј за првиот гол. Без сомнение ова беше најдобриот меч од почетокот на сезоната за Елмас. Според италијанските медиуми беше вториот најдобро оценет играч на Наполи, подобар од него беше само стрелецот на двата гола Мектоминеј.
Интер два пати водеше во дербито, но Мектоминеј не му дозовли да победи. Ди Марко го постигна првиот гол по девет минути игра, а изеднаши Шкотланѓанецот во 26-та.
Овој резултат се смени во 73-та минута кога Чалханоглу погоди од пенал. На пеналот му претходеше дуел меѓу рахмани и Мхитаријан, а судијата Довери досуди пенал по интервенцијата од ВАР собата. Поради неговата одлука бурно протестираше тренерот на Наполи, Антонио Конте, па доби црвен картон.
Осум минути подоцна, Мектоминеј изедначи на 2:2, откако ја следеше акцијата на Ноа Ланг. До крајот Интер имаше шанса за победа, но ударот на Мкитаријан во 95-та минута заврши во стативата.
Интер остана лидер на табелата со 43 поени, три повеќе од Милан и четири од Наполи и Рома.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Барселона го одбрани трофејот во Суперкупот на Шпанија
Фудбалерите на Барселона го одбранија трофејот во Суперкупот на Шпанија. Во финалето, во Џеда, го победија најголемиот ривал Реал со 3:2.
Вечните ривали, одиграа добар меч и покрај тоа што во првите 30 минути, двата тима ги одработуваа тактичките замисли на своите тренери. Во тој период две солидни шанси имаше Реал, преку Винисиус и Гонзало Гарсија. Двајцата лошо шутираа, па на голманот на Барселона, Џоан Гарсија не му беше тешко да ги одбрани нивните удари.
Барселона првата шанса ја имаше во 35-та минута, Рафиња излезе сам пред Курота,но реализицијата на Бразилецот беше ужасна. Една минута подоцна, од многу потешка позиција Рафиња успеа да погоди.
Потоа лудница во петте минути од судиското надополнување на времето. Магичен потег на Винисиус за 1:1, брилијантна асистенција на Педри за Левандовски, чии прием и реализиција беа уште подобри и за крај гол на Гонзало Гарсија за 2.2.
Вториот дел не донесе возбудувања, имаше и еден лош период, кога играчите на двата тима со прекршоци ја сечее играта на противникот.
Моментот на одлука се случи во 730та минута, кога Рафиња со многу среќа втор пат го совлада Куртоа.
И потоа повотрно лудница во судиското надополнување на времето. Де Јонг поради груб старт врз Мбапе доби црвен картон. Рашфорд во 95-та минута имаше шанса да го реши мечот, биеше крај голот.
Во 96-та Карерас од 10 метри, не успеа да изедначи, ударот беше слаб и одеше директно во голманот на Барселона, а во 97-та минута, Раул Асенсио се обиде со глава, но и неговиот удар лесно го скроти Џоан Гарсија.
Foto/ EPA
Спорт
Крај на сезоната за Конор Бредли
Фудбалерот на Ливерпул, Конор Бредли, ја завеши сезоната, по повредата со која се здоби во четвртотокот, против Арсенал (0:0). Дефанзивецот ќе мора да го оперира повреденото колено на левата нога, објави денес шампионот на Англија.
„Бредли заработи повреда на коленото во последните минути од натпреварот од Премиер лигата на гостински терен против Арсенал во четвртокот навечер. Бредли ќе биде опериран во наредните денови, а потоа ќе започне период на рехабилитација. Во оваа фаза од процесот, не е одреден временски рок за негово враќање во игра“, се вели во соопштението на Ливерпул.
Англиските медиуми објавија дека сезоната е завршена за 22-годишниот десен бек.
Потврдата за сериозноста на повредата на Бредли дојде по инцидентот во судиското продолжение. Напаѓачот на Арсенал, Габриел Мартинели, го турна дефанзивецот додека тој лежеше повреден на теренот, непосредно пред да биде изнесен на носилки.
На Мартинели му беше покажан жолт картон од судијата Ентони Тејлор, а потегот на бразилскиот крилен напаѓач беше жестоко критикуван од јавноста и предизвика гнев кај играчите на Ливерпул.
Подоцна кога дозна за сериозноста на повредата на ривалот, Мартинели јавно се извини за непримерниот гест.

