Спорт
„Должни сме против Грузија да го дадеме максимумот“
Репрезентацијата на Македонија утре ќе ја пречека Грузија во рамките на четвртото коло од Лигата на нации. Селекторот Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев прес-конференцијата истакнаа победата е обврска, иако противникот е силен, а Македонија нема да биде комплетна.
„Атмосферата во екипата е добра, иако не го остваривме планираното во Естонија. Сепак, да не заборавиме дека нашата главна цел ја постигнавме, а тоа е дека Македонија е на чекор до Европско првенство. Утре имаме натпревар со противник со кој ќе се сретнеме во финалето и без разлика на сите отсуства, сите кои ќе истрчаат на теренот, должни се да го дадат максимумот. Прв пат играме во седум дена три натпревари, првиот натпревар беше многу важен од секаков аспект. Селекторот на Грузија исто има проблеми со повреди и отсуства, но на нас селекторите е да го искористиме тоа што го имаме. Не очекувам противникот да калкулира со составот, напротив“, изјави Ангеловски.
„Секако дека ќе им дадам поддршка на сите играчи кои ќе настапати. Имаме многу нови играчи, секако им треба мотив и јас стојам зад нив. Ќе го дадеме максимумот. Сите што сме тука конкурираме за првите единаесет. Ритамот е пеколен, три меча и тешко е. Не може секој меч да се добие, но уверен сум дека утре ќе дадеме се од себе да оствариме нова победа без разлика кој ќе истрча на теренот“, рече Пандев.
Дуелот ќе се одигра на арената „Тодор Проески“, утре со почеток од 20:45 часот.
Фото/ffm.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Наполи за полувреме ја реши Аталанта
Фудбалерите на Наполи ја победија Аталанта со 3:1 во натпреварот од 12-то коло на Серија А.
Новиот тренер на Аталанта, Рафаеле Паладино дебитираше со пораз на тереното на актуелниот италијански шампион. Пред репрезентативната пауза тој го замени Иван Јуриќ.
Наполи ја заврши работата во првото полувреме, кога постигнв три гола.
Давид Нерес двапати ја затресе мрежата на гостите, а Ноа Ланг исто така постигна гол во 45-та минута. Во второто полувреме, резервистот Џанлука Скамака успеа да го постигне почесниот гол за Аталанта.
Со оваа победа, Наполи се врати на врвот на табелата, има бод повеќе од Интер, Рома и Болоња. Рома и Интер в недела ќе ги одиграат своите натпревари од 12-то коло. Аталанта има само две победи од почетокот на сезоната, се наоѓа на 13-то мести и нема победа на последните осум натпревари.
Foto/ EPA
Спорт
Играч на „Брегалница“ нападнат за време на натпревар, приведен 36-годишник од Арачиново
Вчера околу 13:50 часот, на стадионот „Фортуна“ во Скопје, полицијата привела 36-годишен маж од селото Арачиново. Тој за време на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на ФК „Шкендија 77“ и ФК „Брегалница“ физички нападнал играч на „Брегалница“.
Интервенирале полициски службеници од скопската полиција, кои веднаш го привеле напаѓачот, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Спорт
(Видео) Пол Погба повторно игра фудбал
Пол Погба по пауза од 811 дена, односно по две години, два месеци и 19 дена, му се врати на фудбалот. .
Поранешниот француски репрезентативец, последен пат беше на теренот во дресот на Јувентус, одигран на 3 септември 2023 година против Емполи, по што беше суспендиран поради позитивен допинг тест и првично беше суспендиран од професионалниот фудбал четири години.
Неговата казна подоцна беше преполовена, па некогаш фантастичниот играч од средниот ред му се врати во фудбалот на 33-годишна возраст, овој пат како играч на Монако.
Тренерот на Монако, Себастијан Фоконоли го внесе Погба во игра во 85-та минута од натпреварот од француското првенство, во кој нивниот тим беше убедливо поразен. Со десетмина на теренот, во тој момент Монако веќе губеше со 4:1 на гостински терен од Рен.
Останува да се види дали овие минути ќе значат големо враќање во фудбалот за светскиот шампион од Мундијалот во Русија 2018 година.
Фото/ Принтскрин

