Спорт
Домашните екипи не испуштија ниту бод во 11. коло од ПМФЛ

Во денешното 11. коло во Првата македонска фудбалска лига домашните екипи на сите пет меча извојуваа победи, и тоа без ниту еден примен гол.
Екипите на скопски Вардар и струмичка Академија Пандев се на врвот на табелата со по 24 бода, се уште актуелниот шампион, тетовска Шкендија заостанува цели 10 бода, а Работнички и по ова коло останува закован на последната позиција, со само 10 бода.
Денеска Вардар во Скопје славеше против Борец од Велес, а во Чаир Шкупи го совлада „фенерџијата“ Работнички. Во Струмица Академија Пандев ја торпедираше екипата на Македонија ЃП, додека шампионот Шкендија конечно победи, во Тетово против Силекс. Во петтиот денешен меч во Струга, домаќините славеа против Ренова.
Ова се сите денешни резултати:
Шкендија – Силекс 3-0
Академија Пандев – Македонија ЃП 4-0
Вардар – Борец 2-0
Шкупи – Работнички 2-0
Струга Трим Лум – Ренова 1-0
Вака изгледа табелата по 11 одиграни кола:
Вардар 24
А. Пандев 24
Македонија ЃП 16
Шкупи 16
Шкендија 14
Струга ТЛ 14
Ренова 13
Силекс 12
Борец 11
Работнички 10
Фото: ФК Вардар
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Отклучи го милионот – нова игра на „Sport Life“

„Отклучи го милионот“ е новата игра на Sport Life обложувалници која ќе се одвива од 14 март до 15 мај. Преку оваа ексклузивна акција, играчите, членови на СЛ клубот, ќе имаат можност да освојат вредни подароци. Победникот со најголем број поени од акцијата, ќе добие 1.000.000 денари. За второто место, следуваат 5 милиони SL маркет поени, а за третото место – 2.5 милиони SL маркет поени, кои можат да се заменат за вредни подароци.
За да се квалификуваат, учесниците треба да имаат добитен тикет уплатен со SL клуб картичка, кој ги исполнува следните критериуми: минимален вкупен коефициент: 25, најмалку четири одиграни натпревари на тикет и минимална уплата од 50 денари.
Во еден ден се бодува само еден добитен тикет, во зависност од висината на погодениот коефициент. Доколку играчот има повеќе добитни тикети или истиот тикет е уплатен повеќе пати, се зема предвид тикетот со највисока квота. Акцијата се однесува исклучиво на несистемски тикети и важи како за класичното, така и за обложувањето „во живо“.
Тековното рангирање на учесниците и правилата на играта, се достапни на официјалниот веб-сајт на Sport Life.
„Не пропуштајте ја шансата да бидете дел од највозбудливата акција и да го отклучите милионот!“
(ПР текст)
Спорт
(Видео) Хаос во Атина – Барцокас вербално се пресмета со навивачите

Тренерот на Олимпијакос, Јоргос Барцокас, вербално се пресмета со навивачите на неговиот тим, по поразот од Монако (77:80), во 32.коло во Евролигата.
Олимпијакос го доживеа третиот последовен пораз, пртходно доживеа пораз дма од Црвена звезда (73:81) и Асвел (81:70).
Сега првото место на тимот на грчкиот гигант е под закана бидејќи Фенербахче може да ги претекне доколку вечерва ја победи Басконија.
По натпреварот и поразот од Монако, Барцокас влезе во вербална расправија со навивачите на Олимпијакос, среќа што на тоа се заврши, поголем инцидент не се случи.
Што се случуваше во „Салата на Мир и пријателството“ погледнете сами:
XAXAXAXAXAXAXAXAXAXAXAXAXAXAXAXAXXAXAXAXAXAXAXAXAAXAXAXXAXAXAXAXAXAXAXAXAXAXAXAAXAXA pic.twitter.com/yVfiTxuRvH
— 𝐉𝐢𝐦𝐦𝐲 ☠︎ (@Real_JimmyGreen) March 27, 2025
Спорт
Легендата на Јунајтед има близнаци, едниот е капитен на Англија, а другиот на Шкотска

Дарен Флечер (41) имаше долга и успешна кариера во Манчестер Јунајтед. За клубот од „Олд Трафорд“ настапуваше од 2002 до 2015 година, одигра 342 настапи, освои пет шампионски титули во Англија и една во Лигата на шампионите.
Поранешниот репрезентативец и капитен на Шкотска стана татко во 2007 година, кога неговата сопруга ги роди близнаците Џек и Тајлер.
Двајцата тргнаа по стапките на својот татко и денес се големите надежи на островскиот фудбал. Згора на тоа, и двајцата се капитени на меѓународно ниво, но за различни репрезентации. Тајлер одлучи да игра за Шкотска, а Џек за Англија, земјата на неговата мајка.
Минатата недела и двајцата млади играчи ги водеа своите репрезентации до 18 години, а во 2023 година дури и играа еден против друг.
Двајцата се родени во Манчестер и имаат право да играат за двете земји, а се очекува за две години да донесат одлука за кого сакаат да играат на сениорско ниво.
Sons of Man Utd legend Darren Fletcher, Jack and Tyler are smashing it right now. 👏
The twins both captained their respective national teams of their age group in this international break ❤️ pic.twitter.com/c9mo7E6Zrc
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) March 27, 2025