Спорт
Доминација на Бањаја во Муџело

Франческо Бањаја, актуелниот сбетски првак го комплетираше совршениот викенд на трката за Големата награда на Италија. Пеко вчера победи во спринтот, а попладнево беше најдобар и во главната трка. Извонредниот викенд на Дукати на домашен терен во Муџело го надополни вториот возач Енеа Бастијанини во спектакуларен финиш дојде до втрата позиција.
бањаја ГН на Италија ја започна од петтата позиција, но имаше фантастичен старт и се проби до првата позиција по само три свиоци. Најголемиот ривал на Бањаја, Хорхе Мартин, го следеше во текот на целата трка.
Долго време водеа Бањаја, Мартин и Маркез, а ги следеа Бастианини и Акоста и се чинеше дека трката така ќе заврши. Сепак, спектакл на крајот приреди Енеа Бастианини.
На четири круга до крајот го престигна Маркез, а во последниот свиок успеа да излезе и пред Мартин.
На крајот Бањаја беше прв, а топ 15 ги комплетираа Бастианини (Дукати), Мартин (Прамак), Марк Маркез (Гресини), Акоста (ГасГас), Морбидели (Прамак), Ди Џанантонио (ВР46), Вињалес (Априлија), Алекс Маркез (Гресини), Биндер (КТМ), Алеиш Еспаргаро (Априлија), Фернандез (Трехаус Рејсинг), Бецеки (ВР46), Оливеира (Трехаус Рејсинг), Ринс (Јамаха).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Идиотите не разбираат ништо од фудбал“

Кристијано Роналдо одговори на критиките упатени кон неговиот соиграч Жоао Феликс, поради неговиот трансфер во Ал Наср.
Феликс минатото лето се пресели во Челзи од Атлетико Мадрид, бидејќи не играше многу на „Стемфорд Бриџ“, замина на позајмица во Милан. Таму не се прослави се врати во Челзи, а во финишот на преодниот рок реши да замине во Саудиска Арабија.
Одигра пет натпревари во дресот на Ал Наср, досега постигна хет-трик со една асистенција.
Откако популарниот португалски подкаст Чуверињо ја доведе во прашање одлуката на Феликс во еден од неговите сегменти, Роналдо одговори на Инстаграм.
„Идиотите не разбираат ништо за фудбалот, а сепак даваат свои мислења“, напиша Роналдо, додавајќи три емотикони кои плачат од смеа.
Неговиот коментар оттогаш е отстранет, а подоцна беше објавена порака од профилот на подкастот во која се прашуваше дали заслужуваат таков напад, бидејќи редовно во суперлативи зборуваат за Роналдо.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Ни поп не може да го натера Аморим да ја смени формацијата

Манчестер Јунајтед сè уште талка на почетокот од новата сезона, а тренерот Рубен Аморим останува доследен на својата филозофија на играта, иако е под сериозен притисок од јавноста и навивачите.
Серијата лоши резултати дополнително ги зголеми критиките кон португалскиот стручњак, а повеќето полемики се однесуваат на неговата одлука да не отстапи од формацијата со тројца во последната линија, односно формацијата 4-3-3.
И покрај сè погласните барања да се промени нешто, Аморим е категоричен.
„Не, не, не. Никој не може да ме натера да го направам тоа, дури ни поп“, рече тренерот на Јунајтед, нагласувајќи дека стои зад своите одлуки.
Јунајтед ја започна сезоната лошо – освоија само четири бода од првите четири кола, а вечерва од 18.30 часот го играат дербито против Челзи.
Foto/ EPA
Спорт
Хамилтон ги продал сите автомобили

Луис Хамилтон, ѕвездата на Ферари и најуспешниот возач на Формула 1 на сите времиња, откри како се ослободил од својата колекција автомобили вредна повеќе милиони евра и се свртел кон нова страст, уметноста.
Седумкратниот светски шампион и рекордер со 105 победи им го потврди ова на новинарите во Баку во пресрет на Големата награда на Азербејџан, пишува „GrandPrix247“.
40-годишниот Британец потврди дека неговата гаража, која некогаш содржеше ретки примероци на Ферари, Мерцедеси и Мекларени, сега е празна.
„Веќе немам автомобили. Се ослободив од сите мои автомобили, сега повеќе ме интересира уметноста. Ако требаше да купам автомобил, тоа би бил Ферари Ф40. Но, тоа е прекрасно уметничко дело“, рече Хамилтон.
Хамилтон беше фотографиран веднаш до Ф40 на тест-патеката на Ферари во Фиорано во јануари, кога се приклучи на италијанскиот тим. Како долгогодишен еколог и веган, Хамилтон почна да ја намалува својата колекција уште во 2019 година, продавајќи го својот приватен авион и преминувајќи на електрични модели.
„Го возам само мојот електричен Mercedes EQC“, рече тој во 2020 година.