Спорт
Донарума ќе го засили Манчестер сити

Манчестер сити успеа да го комплетира трансферот на Џанлуиџи Донарума од Пари Сен Жермен за сума од 35.000.000 евра.
Италијанскиот репрезентативец официјално ќе стане нов голман на Сити во текот на денот, кога ќе го стави потписот на четиригодишниот договор.
Донарума беше избришан од плановите на Луис Енрике ова лето, откако одби да потпише нов договор со европскиот првак. Актуелниот му истекуваше на крајот од сезоната.
Голот на ПСЖ одо оваа сезона го брани Лукас Шевалие од Лил.
Италијанецот е второто голманско засилување на Сити во преодниот рок, откако претходно на „Етихад“ се врати англискиот репрезентативец Џејмс Трафорд од Барнли.
Поранешниот голман на Милан, кој го освои Европското првенство со Италија во 2021 година и ја однесе наградата за играч на турнирот, досега има одиграно 161 натпревар за ПСЖ, со 56 натпревари без примен гол.
Foto/ EPA/FRANCK FIFE
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Фармацевтите“ од Леверкузен му врачија отказ на Тен Хаг

Баер Леверкузен објави дека клубот ја прекинал соработката со тренерот Ерик Тен Хаг. Холандскиот тренер освои само еден бод во претходните две кола од Бундеслигата, неговите играчи пропуштија предност од два гола со играч повеќе во Бремен во последните 25 минути, а поранешниот стручњак на Ајакс и Манчестер јунајтед се најде на удар на јавноста.
Клупските ченици решија да му се заблагодарат на соработката и да се свртиат кон друг стручњак кој подобро ќе ја продолжи работата на Чаби Алонсо.
Проектот со Тен Хаг пропадна пред да започне и по само со три одиграни натпревари.
Леверкузен го победи само Гросаспах во Купот на Германија, беа поразени на „Бај Арена“ од не толку силниот Хофенхајм, додека во Бремен одиграа 3:3.
Холанѓанецот беше критикуван и за неговата игра и за изборот на нови играчи бидејќи малкумина ја оправдуваат инвестицијата на почетокот на сезоната.
Ерик Тен Хаг на клупата на Баер се задржа точно 62 дена, Баер го водеше 270 минути.
Во кариерата бил тренер на Го Ахед Иглс, Баерн „Б“, Утрехт, Ајакс и Манчестер јунајтед.
Foto/ EPA/HANNIBAL HANSCHKE
Спорт
Бен Сегир се пресели во Леверкузен

Мароканскиот фудбалер Елиес Бен Сегир потпиша петгодишен договор со Баер Леверкузен до 30 јуни 2030 година.
Висината на трансферот не е официјално објавена, но извори блиски до Монако наведуваат дека изнесува 32 милиони евра, со бонус од пет милиони евра и процент од следната продажба на играчот.
20-годишниот играч од средниот ред е продукт на младинската школа на Монако. Во „малото кнежевство“ во 2023 година ја започна професионалната кариера.
Спортскиот директор на Леверкузен, Симон Ролфес, истакна дека тој е „првокласен техничар, интелигентен и имагинативен во дриблингот, со прецизно и разновидно додавање“ и додаде дека „ќе внесе дополнителна енергија во офанзивната игра“.
Тренерот на Монако, Ади Хитер, исто така го пофали младиот фудбалер, истакнувајќи дека созреал во Монако и дека го очекува успешна кариера во Германија.
foto/ Bayer 04 Leverkusen
Спорт
Бразил го освои ФИБА Америка куп, Јаго МВП на турнирот

Бразилската кошаркарска репрезентација е новиот шампион на Америка. Во натпревар со малку квалитет и многу борба на ФИБА Америка Куп 2025, Бразилците го победија вечниот ривал Аргентина со 55:47 во Манагва, Никарагва.
Бразилците го осовија својот петти златен медал, но прв по 16 долги години. Бразил на Американскиот куп, низ историјата освоил 12 медеал.
Тимот предводен од клупата од хрватскиот стручњак Александар Петровиќ се врати на врвот за прв пат од 2009 година. Покрај петте шампионски титули, Бразилците имаат и три сребрени и четири бронзени медали во својата богата историја.
Натпреварот го реши капитенот Витор Бените, кој погоди клучна тројка една минута и 53 секунди пред крајот за водство од 55:45. Тој кош го запре налетот на Аргентина, која со серија од 7:0 го намали дефицитот на седум поени (52:45) и се закани со пресврт.
Претходно, во четвртата четвртина, бразилската клупа, предводена од Алексеј Борхес, Рејнан Сантос и Бените, започна серија од 10:2, со која Бразил се одлепи на +14 (52:38) пет минути пред крајот, создавајќи залиха што се покажа недостижна за Аргентинците.
За најкорисен (MVP) играч на турнирот беше прогласен Јаго Дос Сантос.
До неодамна, член на Црвена звезда, тој го водеше Бразил во финалето со 14 поени, два скока и пет асистенции, па затоа оправдано беше прогласен за најкорисен играч на Америка Купот, официјалното ФИБА првенство на Северна, Централна и Јужна Америка.
Заедно со Јаго, неговиот поранешен соиграч од Црвена звезда, Американецот Џавонте Смарт, како и сонародникот Бруно Кабокло, поранешен играч на Партизан, беа вклучени во идеалната петорка на турнирот.
Покрај нив место имаше и за Хуан Фернандез од Аргентина и Кишон Џорџ од Канада, која остана без медал бидејќи беше поразена од САД во „малото“ финале со 90:85.
Foto/ EPA