Контакт

Спорт

Дончиќ е назапирлив, Торонто броеше до 140 (видео)

Објавено пред

И четврти меч во низа Далас не знае за пораз. Маверикси ноќеска славеа против Портланд со 120:112. Својата класа повторно ја покажа словенечкиот интернационалец, Лука Дончиќ кој погоди дури 8 тројки од 12 обиди.

Словенецот мечот го заврши со 35 поени, 8 скока и 7 асистенции.

Кај Портланд Лилард беше најефикасниот со 34 поени и 10 додавања.

Актуелниот НБА шампион, Торонто ноќеска пред домашната публика броеше до 140 против Вашингтон, 140:111.

Се истакна Пауел со 28 поени и 5 скока. Освен него уште шестмина во победничката екипа имаа двоцифрен ефект.

На останатите ноќешни средби постигнати се следните резултати:

Индијана 116:114 Минесота, Филадефлија 100:89 Чикаго, Мемфис 113:109 Кливленд, Оклахома 108:115 Мајами, Сан Антонио 120:121 Атланта.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

„Премиерлигата ќе ја прекине сезоната“

Објавено пред

Директорот на Удинезе Пјерпаоло Марино рекол дека сезоната во англиската Премиерлига е завршена. Марино имал точни информации, запознаен е со ситуацијата бидејќи сопствениците на Удинезе се и сопственици на Вотфорд.

Според Марино во Премиерлигата ќе се случи белгиското сценарио. Белгијците минатата недела прогласија крај на првенството, а титулата ја освои Клуб Бриж.

„Белгијците веќе ја откажаа сезоната, не се исплашија од заканите на УЕФА. Во Англија Премиерлигата ќе излезе со исто соопштение бидејќи ситуацијата е сериозна. Се надевам дека ќе можеме да уживаме во фудбалот откако ќе заврши пандемијата. Колку и да бидеме без фудбал не е важно, најважно е животот да започне да се одвива нормално. Загрижен сум и за наредните сезони, не само за оваа“, рекол Марино.

Во Премиерлигата по 25 кола води Ливерпул со 25 поени повеќе од Манчестер сити.

Прикажи повеќе...

Спорт

Роналдињо префрлен во домашен притвор

Објавено пред

Некогаш најдобриот светски фудбалер Роналдињо е префрлен во домашен притвор. Почетокот на судењето во Парагвај Роналдињо ќе го чека во хотелот Палмарога во Асунсион.

Роналдињо и неговиот брат Роберто Асис беа уапсени пред еден месец во Асуснсион откако во државата влегле со фалсификувани пасоши. Тие 32 дена минала во затворот во Асунсион.

Судот ја прифатил кауцијата од 1,3 милиони фунти.

Додека беше во затворот Роналдињо беше една од главните теми на спортските медиуми.

Прикажи повеќе...

Спорт

Арсенал го планира трансферот на Унаи Нуњез

Објавено пред

Менаџерот на Арсенал Микел Артета има задача во летниот преоден рок да го засили дефанзивниот ред. По завршувањето на сезоната Арсенал ќе го напуштат Шкодран Мустафи и Сократис Папастадопулос.

Решение за проблемите што ги има во дефанзивата Артета треба да ги реши Унаи Нињез.

Нуњез е фудбалер на Атлетик Билбао, а во досегашниот дел од сезоната има одиграно 18 натпревари.

Арсенал за Нуњез се подготвени да издвојат 30 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија48 минути

Скопјанец потпишал изјава за изолација, па отишол да пазари во маркет

Скопското основнo јавно обвинителство предлага казна за човек кој ја прекршил мерката за самоизолација, откако од Словенија се вратил во...

Свет1 час

Главниот научник во ЕУ поднесе оставка

Главниот научник во Европската Унија поднесе оставка, обвинувајќи го Брисел поради одговорот на кризата со коронавирусот, нарекувајќи го „разочарувачки“, објави...

Свет1 час

Борис Џонсон е во стабилна состојба

Британскиот премиер Борис Џонсон ја помина и втората ноќ на интензивна нега, каде прима соодветна терапија поради коронавирусот. „Господинот Џонсон...

Свет1 час

(Видео) Вухан излезе од изолација, луѓето ја пееја химната на мостовите

По речиси 11 недели или точно 76 дена, кинескиот град Вухан, каде почна пандемијата на коронавирусот, излезе од изолација. Кинеските...

Свет2 часа

Трамп ги шокира Американците: Ќе го прекинеме финансирањето на СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа одржа ретко видена прес-конференција во Белата куќа, на која се пресмета со противниците на најлошиот...

Регион2 часа

Вучиќ: Полициски час преку цел викенд, вонредна состојба уште еден месец

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека вонредната состојба во Србија поради пандемијата на коронавирусот, би можела да биде укината во...

Македонија13 часа

Вработените во јавниот сектор, кои се ослободени од работа, нема да имаат лански одмор

На оваа седница Владата ја донесе уредбата со законска сила за примена на Законот за вработените во јавниот сектор за...

Македонија14 часа

45-годишен скопјанец почина од коронавирус на пат кон болница

Четириесет и петгодишен пациент од Скопје заболен од коронавирус починал на пат кон болницата „8 Септември“. Според информација од Институтот...

Економија14 часа

Македонската банкарска асоцијација апелира: Плаќајте преку интернет, користете картички место кеш

Македонската банкарска асоцијација информира дека банките и штедилниците интензивно преземаат активности за заштита на здравјето на клиентите. „Апелираме до граѓаните,...

Економија16 часа

ССМ: Поради солидарност, старите одмори да ги искористат сите вработени во приватниот сектор

Сојузот на синдикатите на Македонија и Државниот инспекторат за труд не ја толкуваат исто уредбата за користење на годишните одмори...

Свет16 часа

Крај на блокадата, Вухан отворен по 76 дена изолација

Кинеските власти ја укинаа блокадата на Вухан и ги одблокираа сите излези од градот кој беше жариште на епидемијата од...

Македонија16 часа

Коронавирусот и кај нас ќе се лекува со крвна плазма од оздравени пациенти

Изготвен е протоколот за лекување заболени од коронавирус со крвна плазма од излекувани пациенти, информира министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија17 часа

Филипче: Се влошува состојбата на родилката од Куманово

Се влошува состојбата на родилката од Куманово, која е заболена од коронавирусот, а чие бебе е негативно на Ковид-19, информира...

Македонија18 часа

Пендаровски-Столтенберг: Со здружени сили за справување со пандемијата на коронавирусот

Претседателот Стево Пендаровски оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Во телефонскиот разговор претседателот Пендаровски му се...

Македонија18 часа

Некои возови нема да сообраќаат, други ќе возат по нов распоред

Новонастанатата ситуација со полицискиот час, кој ќе почне од утре во 16 часот, а за време на викендот ќе трае...

Македонија19 часа

Адеми: Се разгледува одложување или укинување на државната матура

Министерот за образование, Арбер Адеми, изјави дека се разгледува и дискутира за тоа дали ќе се спроведе државната матура оваа...

Македонија19 часа

Интернет-картички за учениците од социјално загрозени семејства за онлајн настава

Над 18 илјади картички за мобилен интернет ќе овозможат околу 30 илјади семејства да имаат пристап до интернет за децата...

Македонија20 часа

За еден ден во земјава регистрирани пет смртни случаи од коронавирус

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести изминатите 24 часа починале четворица пациенти заболени од коронавирус. Станува...

Свет21 час

Во Русија почнаа клинички испитувања на три препарати против Ковид-19

Во Русија почнаа клиничките испитувања на три препарати за лечење на пациентите заразени со Ковид-19, мефлохин, хидроксихлорикин и калидавир, соопшти...

Регион21 час

Сите заразени со корона во Србија ќе мора да бидат хоспитализирани

Пациентите во Србија кај кои е потврдено дека се позитивни на Ковид-19 веќе нема да можат да се лечат во...

Досие