Спорт
Дончиќ ги предводеше Маверикс до прва победа во новата сезона
Далас маверикс по поразот од Аталанта во првото коло во овата НБА сезона, на гости кај Торонто репторс стигнаа до 103:95 победа, предводени од Лука Дончиќ, кој го заврши мечот со 27 поени, 12 асистенции и 9 скока.
Тим Хардавеј заврши со 25 поени, а Порзингис додаде 18 поеи и 10 скока, додека кај Торонто, Ануноби имаше 23, а Ван Влит 20 поени. Далас губеше во текот на целото прво полувреме, пред да направат пресврт во третата четвртина.
Најинтересен меч беше тој помеѓу Индијана и Мајами, каде што домаќините стигнаа до победа по продолжение со 102:91.
Дуарте со 19 поени и 5 скока и Брисет со 18 поени и 9 скока беа најдобри за Индијана, додека Тајлер Хиро не беше доволен за Мајами и покрај тоа што мечот го заврши со 30 поени и 10 скока.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Кливленд – Атланта 101:95
Индијана – Мајами 102:91 ОТ
Торонто – Далас 95:103
Чикаго – Детроит 97:82
Минесота – Њу Орлеанс 96:89
Сан Антонио – Милвоки 111:121
Портланд – Финикс 134:105
Л.А. Клиперс – Мемфис 114:120
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Саињо подготвен за трансфер во северен Лондон
Манчестер Сити е подготвен да го продаде Савињо. Бразилецот требаше да го напушти клубот во летниот преоден рок, но тогаш Пеп Гвардиола во последен момент се премисли и го запре трансферот. Сега е извесни дека Савињо ќе замине, а следна негова дестинација ќе биде клубот со кого го поврзуваа и минатото лето, Тотенхем.
Савињо е играч во ротацијата на Гвардиола, најчесто е резерва, одигра 13 натпревари во Премиер лигата, иако помина помалку од 500 минути на теренот, нема постигнато гол, забележал две асистенции.
Доби шанса во Лига купот каде што постигна два гола, додека во Лигата на шампионите регистрираше една асистенција на шест натпревари, исто така како резерва.
Савињо е голема желба на Томас Франк, смета дека бил му бил идеален партнер на Мохамед Кудис. Тотенхем е подготвен да го плати обесштетувањето од 70.000.000 евра, што треба да биде доволно со оглед на тоа што Сити за него плати само 25.000.000 евра.
Тотенхем го сакаше и Антоан Семењо, но асот на Борнмут одби да се пресели во Лондон, бидејќи има понуди од Сити, како и од Јунајтед и Ливерпул.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брансон го торпедираше Мајами Хит
Кошаркарите на Њујорк Никс го победија Мајами Хит на домашен терен со 132:125, во рамките на НБА лигата..
Џејлен Брансон блескаше во редовите на Никс, го предводеше својот тим со 47 поени, на кои придодаде три скока и осум асистенции.
Мајами го отвори натпреварот подобро и стигна до +7 на крајот од првата четвртина.
Никс ја намалија предноста на Мајами во втората четвртина и го презедоа водството.
Покрај Брансон, кај Никс се истакна Мајкл Бриџис со 24 поени и четири асистенции, по него следеше Оу Џи Анунуби со 18, а Џош Харт оствари дабл-дабл со 13 поени, 10 скока и пет асистенции.
Калил Вер се истакна кај Мајами со 28 поени и 19 скока, по него следуваше Хаиме Хакез Џуниор со 23 поени и пет асистенции, додека Норман Пауел имаше 22 поени, четири скока и три асистенции.
Никс се на второто место на Истокот со 20 победи и осум порази, додека Мајами е на седмото место со резултат од 15-14.
НБА, резултати:
Бруклин Нетс – Торонто Репторс 96:81
МинесотаТимбервулвс – Милвоки Бакс 103:100
Вашингтон Визардс – Сан Антонио Спарс 113:124
Сакраменто Кингс – Хјустон Рокетс 125:124
Спорт
Џерард: Сè би направил за Ливерпул, не сакам Слот да добие отказ
Стивен Џерард е јасен кога станува збор за враќањето во Ливерпул – тој би се вратил и би ја завршил секоја работа што клубот би ја побарал од него. Но, во исто време го поддржа менаџерот Арне Слот.
Стивен Џерард е без работа откако ја заврши својата епизода во Саудиска Арабија, а оттогаш често работел како стручен коментатор. Во последното интервју, тој зборуваше за потенцијално враќање во Ливерпул.
„Ќе бидам брутално искрен. Би му помогнал на Ливерпул во која било улога во секој момент, секој ден. Буквално би направил сè“, рече Џерард кога го прашаа дали неговиот сон е да биде менаџер на Ливерпул.
Иако неговата желба е многу јасна, како навивач тој го поддржа Арне Слот и не сака да „му го види грбот“.
„Не сакам Арне Слот да остане без работа. Сакам Арне Слот да го поправи ова, да го сврти и да го направи Ливерпул голем. Кога Ливерпул ја освои лигата, буквално славев четири или пет месеци. Јас сум навивач на Ливерпул и му посакувам на клубот секогаш најдобро.
Но, ако Ливерпул каже дека им требам на која било улога, ќе бидам тука“, додаде тој.
Foto/ depositphotos

