Спорт
Дончиќ ќе ги пропушти првите два дуели против Јута од плеј-офот
Првата ѕвезда на Далас Маверикс, Лука Дончиќ, нема да му биде на располагање на тренерот Џејсон Кид на првите два натпревари од плејофот против Јута во НБА лигата. Словенецот се повреди на последниот натпревар од регуларниот тек од сезоната против Сан Антонио.
Дончиќ има истегнување на мускулот на левата нога и нема да биде подготвен за игра најмалку уште седум дена. Тој сигурно нема да биде дел од тимот на Далас на првиот натпревар против Јута в сабота, а многу веројатно дека ќе го пропушти и вториот дуел кој е закажан за 19 април.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓоковиќ се огласи на Инстаграм: Се обидов
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се огласи по повлекувањето од полуфиналето на Австралија опен.
Ѓоковиќ се соочи со германскиот тенисер Александар Зверев, но мораше да се повлече од теренот по само еден сет поради повреда.
Тој им се заблагодари на организаторите на турнирот и му посака на Зверев среќа во финалето.
„Се обидов да се опоравам за мечот, но можев само толку да притискам. Сепак, носам позитивни спомени од овогодинешниот Австралија опен. Ви благодарам Тени Австралија што го пречекавте мојот тим, семејството и мене на прекрасен начин како и секогаш. Честитки до Саша во уште едно Гренд слем финале. Ти посакувам да го освоиш турнирот затоа што тоа го заслужуваш пријателе“, напиша Ѓоковиќ на социјалната мрежа „Инстаграм“.
Ѓоковиќ и Зверев одиграа сет долг 81 минута, го доби Германецот во тај-брејк со (7:6) откако претходно, двајцата вкупно не успеаја да искористат осум брејк топки.
Непосредно пред тоа Ѓоковиќ се обиде да ја ублажи болката со апчиња, но овој пат тоа не му помогна. Раптурата на мускулот, со коај се здоби во четвртиналето против Карлос Алкараз овојпат беше посилна од него…
Зверев во финалето ќе се соочи со Јаник Синер, кој успеа да го совлада Бен Шелтон со 3-0.
Спорт
Гвардиола потроши 152 милиона евра и не планира да застане
И покрај тоа што во актуелниот преоден рок потроши 152 милиони евра на засилувања, тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, сака да доведе уште тројца фудбалери од италијанската Серија А, објавија во петокот британските медиуми.
Манчестер Сити за 75 милиони евра потпиша со египетскиот напаѓач Омар Мармуш (25). Од Ленс за 40 милиони евра приситгна 20-годишниот узбекистански централен бек Абду Кусанов, а за 19-годишниот бразилски централен бек Витор Реис, кој пристигна од Палмеирас, клубот издвои 37 милиони евра.
Според англиските медиуми преодниот рок за Манчестер Сити се уште не е завршен. Гвардиола сака да донесе тројца играчи од СеријаА.
Прв на листата на желби на Гвардиола е играчот од средниот ред на Јувентус, Андреа Камбијасо (24), кого „старата дама“ не сака да го пушти среде сезоната доколку не дојде „понуда што не можеш да ја одбие“. Ова, според британските медиуми, би можело да значи дека Јуве би попуштил доколку им бидат понудени сто милиони евра.
Камбијасо може да игра како коректор на средниот ред или како лев офанзивен дефанзивец. Во март минатата година тој дебитираше за италијанската репрезентација на пријателскиот натпревар против Венецуела и досега има 13 настапи и постигнато два гола. Тој во Јувентус пристигна во јули 2022 година од Џенова за 13 милиони евра, а во мај минатата година го продолжи договорот со Јуве до јуни 2029 година.
Гвардиола сака да го подмлади и средниот ред на Сити во кој моментално се Илкај Гундоган (34), Кевин Де Брујне( 33) и Бернардо Силва (30).
Стратегот на англискиот шампион сака да доведе двајца Бразилци, Даглас Луиз (26) од Јувентус и Едерсон (25) од Аталанта.
Даглас Луиз помина две години во Сити, кој го продаде на Астон Вила за 17 милиони евра во летото 2019 година.
Во јули минатата година Луиз се пресели во Јувентус во трансфер вреден 51 милион евра.
Едерсон го носи дресот на Аталанта од јули 2022 година, кога пристигна од Салернитана за 23 милиони евра. Неговиот договор со клубот од Бергамо е со важност до јуни 2027 година.
Спорт
Синер лесно се справи со Шелтон
Јаник Синер ќе ја брани титулата на Австралија опен. Првиот носител во полуфиналето го победи Бен Шелтон со 7:6, 6:2, 6.2. Мечот траеше два часа и 36 минути. Противник во финалето ќе му биде Александар Зверев.
Синер имаше големи проблеми во првиот сет, Шелтон сервираше за предност од 1:0, но не успеа да го освои сетот. Синер потоа издоминира во тај-брејкот откако беше јасно дека Американецот со мислите се уште е во претходниот гем, во кој не искористи две сет топки.
Вториот и третиот сет беа рутина за Синер. Направи по два брејка и го реши мечот.
Шелтон, 20. на АТП листата, немаше константност за да му се спротивстави на светскиот број 1.
Финалето на Австралија опен ќе се одигра в недела со почеток во 9 часот по средно-европско време.