Спорт
Дончиќ ќе го пропушти првиот меч против Јута
Плејмејкерот на Далас Маверикс, Лука Дончиќ, сигурно ќе го пропушти натпреварот со Јута Џез. Далас и Јута се ривали на Западот во првото коло, во плејофот.
Дончиќ се повреди во последниот натпревар од регуларниот дел на сезоната. НБА инсајдерот, новинарот Адријан Војрановски, објави дека под знак прашалник е и неговиот настап во вториот натпревар.
Далас Маверикс, првите два натпревари од оваа серија ќе ги играат на домашен терен.
Регуларниот дел од сезоната Дончиќ го заврши со просек од 28,5 поени, 9 скока и 8,7 асистенции.
Далас, вечерва од 19 часот по средно-европско време ќе ја пречека Јута.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јокиќ диригираше, Денвер за полувреме го декласира Сакраменто
Никола Јокиќ повторно ги помести границите во НБА лигата.Изминатата ноќа, во победата на Денвер нагетс, стана играч со најмногу натпревари во кои имач најмалку 30 поени, 10 скока и пет асистенции со 80 отсто реализација.
Денвер во Сакраменто ги декласира Кингс со 136:105. Јокиќ на теренот мина само 29 минути, забележа 36 поени, 12 скокови и осум асистенции. Реализираше 14 од 16-те обиди од поле.
Во убедливата победа на Нагетс се истакнаа и Пејтон Вотсон со 21, Кем Џонсон со 16 и Јонас Валанчунас со 15 поени.
Резултати:
Хјустон Рокетс – ЛА Лејкерс 115:113
/Шенгун 22 – Зубац 33/
Милвоки Бакс – Бостон Селтикс 116:101
/Кузма 31 – Браун 30/
Њу Орлеанс Пеликанс – Портланд Треил Блејзерс 143:120
/Марфи 24 – Шарп 21/
Спорт
(Видео) Црвена звезда во триумфална серија, Динамо доживеа дебакл во Загреб
Фудбалерите на Црвена звезда победија во Штурм во 6. коло од Лигата на Европа и ја задржаа шансата да ја обезбедат европската пролет, додека од друга страна Динамо од Загреб доживеа пораз на домашен терен од Бетис.
Звезда победи со 1:0 во Грац со голот на Мирко Иваниќ во 55-та минута. По лошиот старт во Лига Европа, кога во првите три рунди освоија само еден бод, во наредните три кола, црвено-белите забележаа три идентични победи од 1:0, пред Штурм славеа над Лил и ФЦСБ.
Фудбалерите на Динамо доживеаа убедлив пораз (1:3) од Бетис. Натпреварот беше решен во првиот дел, кога Бетис од 31-та до 38-та минута постигна три гола.
Гостите од Севилја поведоа со автоголот на Домингез, а потоа следеа головите на Рикелме и Антони.
Утешниот гол за домашните го постигна Галешиќ во 89. минута.
На две кола пред крајот, Звезда има 10 бода и можна шанса за Топ 8, додека хрватскиот претставник е на седум бода.
Црвено-белите се во групата на тимови со ист број на бодови, кои на табелата се наредени од 14-то до на 17-то место, додека Динамо се наоаѓа на 26-та позиција.
Лига Европа, шесто коло:
Динамо – Бетис 1:3 (0:3)
/Галешиќ 89 – Домингез 31 г., Рикелме 34, Антони 38/
Ференцварош – Ренџерс 2:1 (1:1)
/Отвос 45+5, Варга 72 – Миовски 27/
Лудогорец – ПАОК 3:3 (1:1)
/Станиќ 33, Вердон 71, Чоичев 77 – Десподов 39, Вољако 48, Миту 90/
Митјиланд – Генк 1:0 (1:0)
/Чо 17/
Ница – Брага 0:1 (0:1)
/Виктор 28/
Штурм Грац – Црвена Звезда 0:1 (0:0)
/Иваниќ 55/
Штутгарт – М. Тел Авив 4:1 (2:0)
/Асињон 24, Томас 37, Мителштад 50 пен, Вагонман 90+4 – Ревиво 52/
Утрехт – Нотингем Форест 1:2 (0:0)
/Ван дер Хорн 73 – Калимуендо 52, Игоир Жесус 88/
Јанг Бојс – Лил 1:0 (0:0)
/Малеш 61/
Foto/ freerangestock
Спорт
(Видео) Миовски стрелец, Ренџерс поразени од Ференцварош
Глазгов Ренџерс загубија во Будимпешта од Ференцварош (2:1), во шестото коло, во Лига Европа.
Пкотскиот великан водеше со спектакуларниот гол на Бојан Миовски во 27-та минута. Македонскиот репрезентативец влегува во форма, откако беше стрелец изминатиот викенд, во Премиер лигата на Шкотска.
Ференцварош до крајот на полувремето изедначи, во петтата минута од судиското надополнување на времето погоди Отвос. Победата на Унгарците им ја донесе Варга во 72-та минута.
По шест рунди Ренџерс се на 33-то место со само еден бод и реално без шанси за пласман во нокаут фазата, додека Ференцварош со 14 бодови се наоѓа на четвртото место.
Foto/ freerangestock

