Спорт
Дончиќ запрен во Орландо, Јокиќ имаше повеќе поени отколку минути
Историската серија на Лука Дончиќ заврши во Орландо. Словенецот на првите девет натпревари во сезоната постигнуваше најмалку 30 поени, против Орландо уфрли 24 поени. Орландо го победи Далас со 94:97.
Дончиќ се мачеше со добрата одбрана на Меџик, погоди девет од 29 обиди од поле и на крајот заврши со 24 поени и по шест скока и асистенции.
Денвер нагетс славеше победа во Индијанаполис, против Пејсерси 122:119. Никола Јокиќ на теренот мина нешто повеќе од 20 минути и забележа 24 поени, шест асистенции и четири скока, Арон Гордон имаше дабл-дабл со 18 поени и 16 скока, а Џамал Мареј додаде 18 поени.
Бенедикт Матурин постигна 30 поени во поразениот тим, Тајрис Халибартон запиша 21 поен и 12 асистенции, Ајзеа Џексон имаше дабл-дабл ефект со 17 поени и 10 скока, додека Бади Хилд додаде 17 поени.
Милвоки бакс, без Јанис Адетокумбо, по едно продолжение славеше во дуелот со Оклахома сити тандер 136:132 . Кај Бакси се истакнаа Ентони Картер со 36 поени и 12 асистенции и Брук Лопез со 24 поени и 13 скока. Оклахома ја предводеше Шеј Гилџис-Александер со 39 поени.
ЛА Клиперс повторно беа подобри од ЛА Лејкерс во градското дерби, 114:101. Џорџ со 29 поени беше најдобар кај победниците, на Лејкерси не им помогнаа ниту 30. поени на Леброн Џејмс.
Кевин Дурент, во победата на Бруклин над Њујорк 112:85, забележа трипл-дабл со 29 поени и 12 скока и асистенции.
На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Шарлот – Портланд 95:105, Атланта – Јута 119:125, Бостон – Детроит 128:112, Чикаго – Њу Орлеанс 111:115, Минесота – Феникс 117:129, Сан Антонио – Мемфис, 122: 124, Сакраменто – Кливленд 127:120.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сноубордер на ЗОИ со две фрактури на вратот итно хоспитализиран
Камерон Болтон (35), сноубордер од Австралија, го скрши вратот кога падна за време на тренингот на Зимските олимписки игри. Веднаш бил префрлен со хеликоптер во болница во Милано.
Болтон падна за време на тренингот во сноуборд крос во Ливињо. Иако успеал веднаш по падот да ја напушти патеката, следниот ден се разбудил со силна болка во вратот.
Дополнителните тестови покажаа две фрактури, по што итно е префрлен со хеликоптер за понатамошно лекување.
„Кам сакаше неговите сонародници да знаат што се случува и дека е добро и дека за него се грижиме на најдобар можен начин. Тој е свесен колку сериозно пристапуваме кон неговата ситуација и комуникацијата беше одлична. Горда сум на нивото на грижа што ја доби“, рече Алиса Камплин од Австралискиот олимписки комитет.
Болтон освои сребро во мешан тимски сноуборд крос на Светското првенство минатата година со Миа Клифт.
Спорт
Влаховиќ бара 15.000.000 евра само за потпис на договорот
Според информациите од италијанските медиуми, повеќе нема да има преговори меѓу Душан Влаховиќ и челниците на Јувентус, околу нов договор. Сигурно е дека српскиот напаѓач, во јуни како слободен играч ќе го напушти клубот.
Весникот „Коријере дело Спорт“ денес донесе информации, околу финансиските барања на Влаховиќ кога станува збор за следниот договор.
Според нивните информации, српскиот фудбалер бара 10.000.000 евра годишна плата, како и бонус за потпис од 15.000.000 евра.
Дури и сега, со 12.000.000 евра годишна заработка, Влаховиќ е меѓу најплатените фудбалери во Серија А и е убедливо најплатениот во клубот.
Во преговорите околу новиот договор, Јувентус се обиде да ја намали таа сума, но да му понуди договор на Србинот на неколку години, така што намалувањето на платата би било компензирано, но тој ја одби таа понуда.
Како што тврди „Кориере“, Влаховиќ ги претпочита Баерн и Барселона како опции, кои најмногу се споменуваат во последните шест месеци.
Foto/ depositphotos
Спорт
Седлоски: Ги почитуваме противниците, ќе бидеме конкурентни во Лигата на нации
Репрезентацијата на Македонија утре ќе ги добие противниците за претстојното издание на Лигата на нации во кое нашата селекција за прв пат во историјата ќе биде дел од Б сегментот на ова натпреварување.
Токму овие дуели ќе бидат нов предизвик за оваа генерација на играчи, но и одлична можност за селекторот Гоце Седлоски да ја подготви репрезентацијата за квалификациите за Европското првенство кои почнуваат во 2027 година.
“Репрезентациите од првиот и вториот шешир објективно влегуваат како фаворити, со оглед на нивниот рејтинг, искуство и континуитет на големи натпреварувања. Но, тоа не значи дека однапред се знае исходот. Нашата цел е да бидеме конкурентни на секој натпревар, да го наметнеме нашиот стил и да покажеме дека Македонија со право е дел од Лига Б.
Ќе ги почитуваме сите противници, но најмногу ќе веруваме во себе. Ако бидеме организирани и фокусирани од првата до последната минута, можеме да бидеме незгоден противник за секого. Овој циклус го гледаме како нов чекор за напредок на репрезентацијата и шанса дополнително да го потврдиме нашиот квалитет.
Верувам дека репрезентацијата ќе расте низ циклусот натпревари во Лига Б и дека имаме стабилна основа за позитивни резултати”, рече пред жрепката предводникот на националниот тим.
Жрепката ќе се одржи утре во Брисел со почеток во 18 часот, Македонија е дел од четвртиот сад во кој се наоѓаат уште селекциите на Шведска, Северна Ирска и Косово.
Статус на носители имаат Шкотска, Унгарија, Полска и Израел, во вториот сад сместени се Швајцарија, Босна и Херцеговина, Австрија и Украина, а во третиот се наоѓаат Словенија, Грузија, Република Ирска и Романија.
Извор и Фото/ Фудбалска репрезентација на Македонија

