Контакт

Спорт

Донован Мичел во Кливленд

Објавено пред

Сагата наречена Донован Мичел го доби епилогот. Изворедниот бек-шутер кариерата ќе ја продожи во Кливленд Кавалирс. Како што објави ESPN, Лаури Марканен, Охер Агбаџи, Колин Секстон, три незаштитени пикови од првата рунда и два драфт-пика, ќе одат во Јута Џез во замена за Мичел.

dobivaj vesti na viber

За да се случи овој трејд, Секстон ќе потпише нов четиригодишен договор вреден 72 милиона долари пред да се пресели во Солт Лејк сити.
Мичел долго време се поврзуваше со неколку НБА-франшизи. Се веруваше дека тој ќе се пресели во родниот Њујорк и дека ќе го облече дресот на Никс. Сепак, тој отиде во друга насока.

Ова го продолжи трошењето на Јута почнато со заминувањето на Руди Гобер, а очигледно е дека во Солт Лејк Сити ја напуштија филозофијата „победи сега“ и почнуваат да градат нов тим.

Јута Џез со овој трејд уште еднаш потврди дека тргнива во целосна реконструкција на тимот. Пред Мичел тимот го напушти Руди Гобер, а според американските медиуми, Јута работи и на трејдот на Бојан Богдановиќ.

Мичел помина пет години во Јута и за тоа време одигра 345 натпревари во регуларниот дел од сезоната и уште 39 во плејофот. Во тој период имаше просек од 28,3 поени или 23,9 во вториот дел од сезоната со 4,5 асистенции и 4,2 скока, т.е. 4,7 асистенции и 4,9 скока.

Досега трипати беше учесник на олстар-натпреварите, беше член на идеалната дебитантска петорка, а во четири од досегашните пет сезони се најде меѓу 20-те најдобри стрелци во лигата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Нишиока го крена трофејот во Сеул

Објавено пред

Јапонецот Јошихито Нишиока ја освои својата втора титула во кариерата, победувајќи го Канаѓанецот Денис Шаповалов со 6:4/7:6(5) во финалето на Кореја опен во Сеул, негова втора титула по таа од Шенжен во 2018 година.

dobivaj vesti na viber

Со оваа победа, 27-годишниот Нишиока ќе скокне на 41. место на АТП листата во понеделник, негов најдобар пласман во кариерата и тоа пред домашниот Јапонија опен во Токио.

Нишиока, кој на патот до финалето го победи светскиот број 2, Норвежанецот Каспер Руд и 5. носител Ден Еванс, направи брејк во 10. гем во првиот сет за да дојде во предност, по што Шаповалов, кој исто така бркаше втора титула во кариерата да поведе во вториот сет. Но, Нишиока врати брејк за да израмни, по што во тај-брејк ја освои титулата.

Прикажи повеќе...

Спорт

Оливеира „мајстор“ на дождот во Тајланд, Бањаја нов лидер во генерален пласман

Објавено пред

Мигуел Оливеира стигна до блескава победа за неговиот тим КТМ по повеќе одложувања на стартот на Тајланското ГП поради силниот дожд, триумфирајќи пред двојката на Дукати, Џек Милер и Франческо „Пеко“ Бањаја, кој ја искористи лошата трка за актуелниот шампион Фабио Квартараро, за да стане нов лидер во генерален пласман.

dobivaj vesti na viber

Оливеира во првите кругови го помина освојувачот на пол-позицијата Марко Беѕеки, за потоа без проблем да го остави зад себе Австралиецот Милер, додека зад нив, Бањаја успеа да ги издржи нападите на повеќе возачи зад него како Жоан Зарко, за да освои 18 поени, со кои го прескокна Квартараро во генерален пласман, откако Французинот беше само 17-ти и остана без поени.

Италијанскиот возач сега има 219 поени, два повеќе од Квартараро, а во игра за титулат остануваат и Алеиш Еспархаро со 199 поени и денеска слабиот Енеа Бастијанини со 180 поени.

Прикажи повеќе...

Спорт

Светското првенство во Катар ќе чини 220 милијарди долари!

Објавено пред

Светското првенство во фудбал во Катар нема да биде посебно само по тоа што ќе се одржува во текот на зимата, ниту по тоа што е прв шампионат на Блискиот Исток, туку поради процената цена од неверојатни 220 милијарди долари.

dobivaj vesti na viber

За споредба, претходниот Мундијал во 2018 година ја чинеше Русија 11.6 милијарди долари, првенството во Бразил во 2014 година имаше цена од 15 милијарди евра, а на пример СП во 1994 во САД беше со оперативни трошоци од само 500 милиони евра.

Катар очекува 1.2 милиони посетители за време на Светското првенство, на кое потрошија 10 милијарди долари само наа изградба на новите стадиони, додека поголемиот дел од парите беа потрошени на проекти во инфраструкурата – нов аеродром, нова модерна метро врска, како и голем број на хотели.

Катар беше критикуван пораи човековите права на илјадниците работници-мигранти, откако до Министерството за труд на земјата беа доставени 2.000 жалби, а западните организации за човекови права тврдат дека неколку илјади работници ги загубиле своите животи работејќи на градежните проекти.

Мундијалот започнува на 20 ноември, а финалето ќе се игра на 18 декември.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Зеленски: Лиман е денес целосно исчистен

Украина има целосна контрола врз Лиман со најзначајното освојување на бојното поле на Киев во последните неколку недели, за кое...

Македонија2 часа

Радев: Бугарија е подготвена да го зголеми извозот на струја во Северна Македонија

Бугарија е главен извозник на струја во регионот и подготвени сме да го зголемиме извозот во Северна Македонија, изјави бугарскиот...

Македонија2 часа

Пронајдено машко тело во Вардар, се идентификува дали е момчето кое излета со автомобилот

Пронајдено е машко тело во реката Вардар, а во моментов се идентификува дали станува збор за 22-годишниот кумановец кој излета...

Македонија3 часа

Лефков: Аферата „Броило“ покажува како Ковачевски и неговиот кум свртеле 26 милиони евра

Фирми основани од Димитар Ковачевски и негови семејни врски вртат милионски суми во енергетскиот бизнис, и тоа додека Македонија е...

Македонија4 часа

Пендаровски и уште осум претседатели на членки на НАТО: „Русија веднаш да се повлече од окупираните територии“

Претседатели на дел од земјите-членки на НАТО од централна и источна Европа, меѓу кои и Стево Пендаровски, во заедничка изјава...

Регион6 часа

Бугарите гласаат на четвртите избори за помалку од две години

Бугарите денес гласаат на четвртите национални избори за помалку од две години, со мала надеж дека ќе се појави стабилна...

Свет6 часа

САД за украинското заземање на Лиман: Сега ќе им биде потешко на Русите

Американскиот секретар за одбрана го поздрави украинското заземање на Лиман, клучното руско упориште во источна Украина. „Многу сме охрабрени од...

Македонија20 часа

Фон дер Лајен го поздрави позитивниот моментум меѓу Бугарија и Македонија

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен го поздрави позитивниот моментум меѓу Бугарија и Македонија, по денешните состаноци...

Свет22 часа

Русија објави дека ја повлекла војската од Лиман

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека ги повлекла руските војници од стратешкиот град Лиман во источна Украина. Како што...

Регион24 часа

Интерконекторот со Грција е во функција, Бугарија сега добива гас од Азербејџан

Проектот за интерконектор е на агендата на ЕУ веќе 10 години. Започна во 2009 година, кога Бугарија беше многу силно...

Економија1 ден

Мелничарите најавуваат поскапување на лебот и брашното за 10 отсто

Поради скапата струја и растот на берзанските цени на пченицата, меничарите најавуваат дека до крајот на ноември цената на лебот,...

Економија1 ден

Мицкоски го покани Битиќи во „Белата палата“ за да му го објасни планот за закрепнување на економијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го покани вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи утре да дојде на состанок во...

Македонија1 ден

(Видео) Петровска: Поддршка од 78 милиони долари од САД за развој на Армијата

Ја добивме веста за сојузничка поддршка од вкупно 78 милиони долари кои ќе се насочат во проектите потребни да ги...

Регион1 ден

Бугарите стравуваат од политички хаос по изборите в недела

Бугарите кои утре ќе одат на четвртите избори за помалку од две години, претпоставуваат дека зимава ги чека неизвесност поради...

Европа1 ден

„Гаспром“: Од гасоводот истече гас колку што и’ треба на Данска за три месеци

Портпаролот на гасниот гигант „Гаспром“, кој е под контрола на Кремљ, во петокот изјави дека истекле 800 милиони кубни метри...

Македонија1 ден

Аферата „Броило“ ќе открие фирми блиски до власта кои правеле милиони во време на кризи, најави опозицијата

Додека стандардот на граѓаните пропаѓа со секој нов ден од кризите, некој дебело профитира и се богати.Тоа ќе го открие...

Економија1 ден

СДСМ: Во март пензиите ќе се зголемат за нови шест проценти

Се очекува наредното зголемување на пензиите во март идната година да изнесува околу 6 проценти, со што пензиите во период...

Македонија1 ден

Пендаровски во Бугарија ќе се сретне со Радев и Урсула фон дер Лаен

Претседателот Стево Пендаровски, по покана на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, денес во Софија ќе присуствува на церемонијата по...

Македонија2 дена

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Вицепремиерот Артан Груби денеска изјави дека ДУИ може да функционира и без него. Оваа негова изјава дојде откако лидерот на...

Европа2 дена

Медведев: Голема Русија повторно се раѓа

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, се огласи по потпишувањето на указот за пристапување на четирите окупирани украински...