Спорт
Дортмунд го потврдија трансферот на Марсел Забицер

Борусија Дортмунд го потврдија трансферот на Марсел Забицер од Баерн Минхен, давајќи му четиригодишен договор на австрискиот репрезентативец.
Збицер пристигнува со 299 настапи во Бундеслигата за РБ Лајпциг и Баерн Минхен, но минатата сезона помина половина сезона како позајмен фудбалер во Манчестер јунајтед, кои решија да не ја искористат опцијата за постојан трансфер.
„Едвај чекам да почнам да го носам дресот на БВБ. Преговорите беа прекрасни и тие ми покажаа колку амбициозен клуб е Борусија“, вели Забицер.
29-годишниот Забицер е трето засилување за Дортмунд по трансферите на Рами Бенсебаини и Феликс Нмеча.
💬 Sebastian Kehl: „Marcel ist ein erfahrener Spieler, der seit Jahren auf internationalem Top-Niveau spielt. Er entspricht exakt dem Profil, das wir gesucht haben: ein zentraler Mittelfeldspieler, der uns als Box-to-Box-Akteur sowohl defensiv als auch offensiv verstärken wird.“ pic.twitter.com/aYO4Q3Nzmo
— Borussia Dortmund (@BVB) July 24, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Закана во Севилја. – Обесена кукла со порака „Јуниор, ова е твојот крај“
Кукла, со кеса на главата и шал на фудбалскиот клуб Севилја е снимена како виси од мост во градот. На мостот е истакнат и транспарент на кој пишуваше: „Јуниор, ова е твојот крај“.
Шпанските медиуми го толкуваат овој потег како закана за претседателот на клубот, Хозе Марија дел Нидо, Караско. Севилја ја информираше полицијата за сè, а истрагата е во тек.
Тензијата околу клубот не стивнува и покрај тоа што Севилја го обезбеди опстанокот во Ла Лига. Претседателот на клубот, Дел Нидо Караско, веќе подолго време е мета на незадоволните навивачи, кои често му викаат од трибините: „Јуниор, оди си“.
По поразот од Селта Виго минатата недела, неколку стотици навивачи на Севилја го пречекаа автобусот на тимот во тренинг кампот на клубот. Според „Марка“, цивилната гарда и националната полиција морале да интервенираат за да може тимот да влезе во комплексот.
Куршуми биле испукани од воздушен пиштол, додека навивачите возвратиле со навреди и фрлање јајца. Таа ноќ, фудбалерите на Севилја спиеја во кампот.
Севилја го осуди вандализмот. Пред неколку недели, по поразот од Атлетико Мадрид, директорот за стратегија и развој на клубот, Игнасио Наваро, беше нападнат додека го напушташе стадионот, а вчера, Федерацијата на здруженија на навивачи на Севилја, Сан Фернандо го прогласи Дел Нидо Караско и целиот негов Управен одбор за непожелни.
Севилја в недела ќе го одигра последниот меч оваа сеозна на домашен терен. На „Рамон Санчез Писхуан“ ќе гостува Реал Мадрид. Сезоната, Севилја ќе ја заврши на гостински терен кај Виљареал.
Спорт
Ова се кандидатите за најдобар играч и менаџер на сезоната во Премиер лигата

Објавени се финалистите за наградата за најдобар играч и тренер на сезоната во Премиер лигата. Најмногу кандидати има новиот шампион Ливерпул.
Меѓу финалистите за наградата за најдобар играч во Премиер лигата за сезоната 2024/25, нема играчи од минатогодишниот шампион Манчестер Сити.
Фудбалерите на Ливерпул кои се финалисти за оваа награда се Мохамед Салах, Вирџил ван Дајк и Рајан Гравенберг.
Седмопласираниот Нотингем Форест има двајца играчи меѓу финалистите: Морган Гибс-Вајт и Крис Вуд, додека преостанатите кандидати се напаѓачот на Њукасл, Александер Исак, играчот од средниот ред на Арсенал, Деклан Рајс, и Брајан Мбуемо од Брентфорд.
Финалисти за наградата за менаџер на годината во Премиер лигата за оваа сезона се Арне Слот (Ливерпул), Нуно Еспирито Санто (Нотингем Форест), Еди Хау (Њукасл), Томас Франк (Брентфорд) и Витор Переира (Вулверхемптон Вондерерс).
Гласовите на навивачите ќе се комбинираат со оние на фудбалските експерти за да се изберат победниците.
Минатата сезона лауреати беа Фил Фоден (најдобар играч) и Пеп Гвардиола (најдобар тренер).
Спорт
Варди в недела последен пат ќе го носи дресот на Лестер

Фудбалскиот клуб Лестер објави дека клупската легенда, Џејми Варди ќе го одигра својот последен натпревар за клубот во недела против Ипсвич.
Лестер ќе го пречека Ипсвич во недела од 16 часот во претпоследното, 37. коло од Премиер лигата.
Сезоната, Лестер ќе ја заврши на 25.мај на гостувањето кај Борнмут, но Варди нема да игра на тој натпревар.
Варди 13 години е во Лестер, а дуелот против Ипсвич ќе биде јубилеен 500. во дресот на „лисиците“. В недела ќе има шанса да го постигне својот 200. гол.
Лестер објави дека ќе одржи прослава пред и по натпреварот во чест на нивниот „најдобар играч на сите времиња“.
Џејми, кој минатиот месец објави дека ќе го напушти Лестер, нема да ја заврши кариерата, но сè уште не објавил во кој клуб ќе ја продолжи.
„Светот на фудбалот е луд, никогаш не знаете што ќе се случи. Ќе продолжам сè додека нозете не ми кажат да престанам. Нозете ми се во добра состојба. Го играм спортот што го сакам, го правам тоа уште од мал, па ајде да продолжиме така“, изјави Варди за „Скај Спортс“.
Англискиот напаѓач ја освои титулата во Премиер лигата со Лестер во сезоната 2015/16, во која беше избран и за најдобар играч во англиското првенство, а оваа сезона постигна девет гола на вкупно 35 натпревари.
Лестер веќе испадна од Премиер лигата и следната сезона ќе игра во Чемпионшип дивизијата.