Спорт
Довициозо ја скрши клучната коска на мотокрос трка, вечер на операција
Мото ГП асот на Дукати, Андреа Довициозо ја скршил левата клучна коска при пад на тренинг со мотокрос во неделата во Италија и ќе мора да оди на операција, објавија италијанските медиуми.
Довициозо учествувал на мотокрос трка во регионалниот шампионат на Емилија-Ромања, кога паднал на своето лево рамо и веднаш бил однесен во болницата во Форли. Дукати потврдија дека Довициозо, кој трипати беше второпласиран во Мото ГП шампионатот, ја скршил левата клучна коска и ќе оди на операција во недела навечер во Модена.
Портпаролот на тимот тврди дека обично ваква повреда залечува сама, но Довициозо се решил на операција за да може да биде подготвен за првата трка од новата Мото ГП сезона на 19 јули во Херез. Бидејќи досега се закажани само 13 трки од сезоната, секое отсуство може да биде клучно во борбата за титулата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Реал победи во Сан Себастијан, еден триумф го дели од шампионската титула
Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа имењакот од Сан Себастијан на „Реале арена“ со 1:0 (1:0) во премиерниот натпревар од 33.коло.
На овој начин „кралскиот клуб“ со натпревар повеќе стекна 14 бодови предност во однос на Барселона.
Практично само теорија го дели Реал Мадрид од 36. титула во клупската историја.
Карло АНчелоти натпреварот го започна со комбиниран состав, а за прв пат стартер беше младиот Арда Ѓулер.
Токму младиот Турчин со голот во 29. минута му донесе победа на својот тим. Карвахал нафрли во шеснаесетникот, а Гулер шутираше низ нозете на голманот Ремиро.
Три минути подцна Реал Сосиедад преку Такефуши Кубо постигна гол кој беше поништен поради офсајд.
Сосиедад остана на шестата позиција со 51 бод до крајот на сезоната ќе се бори за пласман во Лига Европа или Конференциската лига.
Спорт
(Видео) Евролигата покрена постапка против судијата Болтаузер – Украл парфем од „фри-шоп“
Еден од најпознатите европски судии, Словенецот Матеј Болтхаузер (49) е тема број 1 во европската кошаркарска јавност поради видеото кое излезе во јавноста.
Имено, Болтаузер е снимен на него на аеродромот „Никола тесла“ во Белград на 8 декември минатата година како краде парфем на Том Форд од „фри шоп“.
Станува збор за парфем кој чини 221 евро.
Болтхаузер тогаш се враќаше од натпреварот од Евролигата меѓу Монако и Партизан, која ја судеше во Франција.
Поради видеото кое се појави пет месеци подоцна, Евролигата покрена постапка против Болтаузер.
Тој сигурно ќе се соочи со драстична казна, па дури и играчите си земаа слобода да кажат „збор-два“ за Словенецот.
Најгласен беше Мет Џенинг, кој директно го обвини Болтхаузер дека со години крадел, не само на аеродромот, туку и на терените во Евролигата.
„Човекот краде со години! Евролигата има голем број одлични судии, но ова момче е убедливо најлошиот и не е тешко да се разбере зошто”, напиша Џенинг, поранешен играч на Монтепаски, Ефес, Басконија, како одговор на видеото кое брзо се прошири низ Европа.
Salen a la luz imágenes de Boltauzer, árbitro de la Euroliga, robando un perfume en el aeropuerto de Belgrado
🫣 Los hechos sucedieron tras el partido entre Partizan y Mónacopic.twitter.com/brQUbuRYqa
— Eurohoops España (@EurohoopsES) April 26, 2024
Спорт
Арне Слот ќе биде новиот тренер на Ливерпул
Холандскиот стручњак Арне Слот од следната сезона ќе биде тренер на Ливерпул.
Трансфер инсајдерот, новинарот Фабрицио Романо тврди дека двата клуба се договориле, Ливерпул на Феенорд ќе му исплати одредена отштета за тренерот чии договор истекува во 2026 година.
Допрва ќе биде познато колкава сума ќе плати Ливерпул. Наводно Ливерпул понудил 9.000.000 евра, а Феенорд бара 13.000.000 евра.
Слот од 2021 година е на клупата на клубот од Ротердам на кој му донесе голем успех.
Во првата сезона го водеше тимот до финалето на Конференциската лига, таа година беше прогласен за тренер на сезоната во Ередивизие, а една година подоцна ја освои домашната титула со Феенорд.
Во својата втора сезона во клубот, тој го предводеше тимот до четвртфиналето на Лига Европа.
Пред Феенорд, Слот ги водеше Камбур и АЗ.