Спорт
Драговиќ три години во Црвена звезда
Александар Драговиќ е првото засилување за Црвена звезда во летниот преоден рок. Репрезентативецот на Австрија, вчера ги мина лекарските прегледи, а денес го потпишал тригодишниот договор, од кој ќе заработи 1,8 милиони евра (600.000 евра по сезона).
Драговиќ во Црвена звезда дојде како слободен играч, откако му истече договорот со Баер Леверкузен. Иако имал финансиски подобри понуди, тој открил дека љубовта кон Црвена звезда била пресудна тој да ги одбие сите други понуди.
„Љубовта кон Црвенз звезда ми ја всади мојот дедо. Додека бев мал редовно ме носеше на „Маракана“. Ги гледав дерби натпреварите, тука се роди мојата љубов кон овој клуб. Мојот дедо сега сигурно е најсреќниот човек во светот. Долго време ја следам Црвена звезда, последните четири години е редовен учесник во европските купови. Една од причините што дојдов овде е и тренерот Дејан Станковиќ“, рекол Драговиќ.
На новите соиграчи Драговиќ ќе им се прикличи по ЕУРО 2020. Австрија првиот меч на шампионатот ќе го одигра на 13.јуни против Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Прашање на време е кога Вокер ќе се пресели на „Сан Сиро“
Кајл Вокер (34), капитенот и легенда на Манчестер сити денеска или најдоцна утре го очекуваат во Милано на медицински прегледи и потпишување на договор за позајмица до крајот на сезоната.
Вокер е во Сити седум и пол години. За клубот одигра 319 натпревари и освои шест трофеи во Премиер лигата и една во Лигата на шампионите.
Вокер има договор со клубот до летото 2026 година.
Спорт
Барселона во Лисабон, Атлетико го чека Леверкузен
По пауза од еден месец се враќа Лигата на шампионите. Вечерва и утре ќе се одиграат натпреварите од седмото коло.
Денешната програма ќе ја отворат натпреварите во Бергамо и Монте Карло, Аталанта и Штурм Грац, односно Монако и Астон Вила од 18:45 часот.
Дербито на колото ќе го одиграат Атлетико Мадрид и Баер Леверкузен кои се во директна борба за пласман во Топ 8, додека Барселона ја очекува тешко гостување кај Бенфика. Српскиот шампион Црвена звезда го пречекува холандскиот тим ПСВ.
За потсетување, најдобрите осум екипи директно се пласираат во осминафиналето, додека екипите од деветтото до 24. место ќе играат за преостанатите осум места. Тимовите се рангирани од 25. до 34. место ќе го завршат учеството во Лигата на шампионите.
Од 18:45 часот:
Аталанта – Штурм
Монако – Астон Вила
Од 21 часот:
Атлетико – Баер
Бенфика – Барселона
Болоња – Борусија Дортмунд
Клуб Бриж – Јувентус
Црвена звезда Белград – ПСВ
Ливерпул – Лил
Слован – Штутгарт
Спорт
ПАО ја потврди повредата на Јуртсевен
Панатинаикос има големи проблеми со повреди оваа сезона и тоа е причината што во моментов не е повисоко рангиран во табелата во Евролигата.
Се чини дека најголем проблем е отсуството на првиот центар, можеби најдобриот во моментов во Евролигата, Матијас Лесор, а од синоќа, одреден период ќе паузира и неговата замена, Омер Јуртсевен. .
Јуртсевен се повреди во дербито против Олимпијакос во грчкиот шампионат. Според информациите од клубот тој се здобил со фрактура на стапалото.
„Ќе биде надвор од терените месец или два“, изјави тренерот Ергин Атаман по натпреварот.
Атаман веднаш потврди дека клубот бара нов центар.