Спорт
Дуда Ивковиќ влегува во Куќата на славните
Душан Дуда Ивковиќ, еден од најголемите европски тренери на сите времиња, е финалист во изборот за нови членови на Куќата на славните во Спрингфилд.
Веста дојде од Сан Франциско, од Ол-стар викендот, каде беа претставени сите што дојдоа на само чекор од влез во кошаркарската сала на бесмртните, заедно со Ивковиќ има уште 16 кандидати.
Конечната листа ќе биде објавена во април во Сан Антонио, за време на фајналфорот на НЦАА, а воведувањето на Класата 2025 година во Куќата на славните е закажано за септември.
Ивковиќ, кој почина во 2021 година, беше една од најважните фигури во европската кошарка во тренерската кариера долга речиси пет децении.
Дуда Ивковиќ е еден од најголемите тренери во историјата на југословенската кошарка. Тој ја предводеше репрезентацијата на Југославија до две европски титули, една светска шампионска титула и олимписко сребро во 1988 година. Тој ја предводеше Србија до европското злато во 1995 година, ја освои Евролигата со Олимпијакос во 1997 и 2012 година и беше избран во Куќата на славните на ФИБА во 2017 година.
Комплетната листа од 17 финалисти се состои од:
Северна Америка: Олимписки тим на САД 2008 година, играчи Кармело Ентони, Бак Вилијамс, Двајт Хауард, Маркиз Џонсон, Џери Велш, судијата Дени Крафорд и тренерите Били Донован и Марк Фју
Женска кошарка: Играчи: Џенифер Ази, Сју Бирд, Силвија Фаулс, Маја Мур, Молин Болин.
Меѓународна кошарка: Душан Ивковиќ.
Оние кои придонесоа за кошарката: Мики Ерисон и Тал Броди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

