Спорт
Дугари: Повредата на Нејмар е благослов за ПСЖ
По Бискенте Лизаразу, уште еден член на златната генерација на Франција од 1998 и 2000 година, Кристоф Дугари, тврди дека ПСЖ подобро игра кога во тимот не е Нејмар. Вчера, ПСЖ, објави дека Нејмар поради повреда ја завршил сезоната.
Кристоф Дугари тврди дека повредата на Нејмар е благослов за ПСЖ.
„За ПСЖ добра вест е повредата на Нејмар. Верувам дека тоа е неверојатна среќа за тренерот Галтие. Тимот има многу подобар биланс со пет играчи во одбраната, тројца во средниот ред и двајцата напаѓачи Лионел Меси – Килијан Мбапе”, изјави поранешниот фудбалер.
„Не можам да го поднесам, едноставно не можам повеќе. Не нервираат неговите дриблинзи, ме нервира неговиот став. Се уморив од него, не сакам повеќе да го гледам на теренот. Без Нејмар, ПСЖ ќе игра внимателно и на контранапади“.
ПСЖ, утре гостува во Минхен, во Лигата на шампионите. Првиот натпревар им припадна на фудбалерите на Баерн, кои во Париз победија со 1:0.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
ЛА Лејкерс објавија фотографија на Дончиќ во дресот на Лејкерс
Лос Анџелес Лејкерс на својот Инстаграм профил го објавија и потврдија трејдот на Лука Дончиќ од Далас.
Целиот кошаркарски свет го шокира веста дека словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ е трејдуван од Далас во Лејкерс.
Ентони Дејвис тргна во спротивна насока и кариерата ќе ја продолжи во Далас Маверикс. Сега Лејкерси објавија слика со Лука Дончиќ во дресот на Лејкерс.
Лука се уште има проблеми со повредата на скочниот зглоб, а откако ќе се рехабилитира ќе ги одигра првите минути во дресот на својот нов клуб.
Спорт
(Видео) Тенисер се заби во противникот и поради тоа победи
Неверојатна сцена го обележа мечот од Дејвис купот помеѓу репрезентациите на Чиле и Белгија.
Во решавачкиот меч за пласман понатаму решаваа Зизу Бергс и Кристијан Гарин. Дуелот имаше неверојатен крај.
Во последниот сет Бергс направи брејк за 6:5 и реши да слави. Тој скокна и удри во противникот, кого го собори на теренот.
Чилеанците бараа дисквалификација за Бергс, но судијата не се согласи со нив. На Гарин му отече окото и не сакаше да го продолжи натпреварот, поради што беше казнет.
Судијата му одзеде гем на Чилеанецот, а Белгија се пласира во наредната рунда.
На крајот резултатот беше 6:3, 4:6, 7:5 за Бергс.
Спорт
(Видео) Данците го пуштија Дувњак да го постигне последниот гол за Хрватска
Ракометната репрезентација на Хрватска доживеа пораз од Данска (26:32) во финалето на Светското првенство. Данска ја освои четвртата последователна титула светски шампион. До победата ги предводеше најдобриот играч на турнирот и најдобар стрелец, Матијас Гидсел, кој постигна 10 гола.
Последниот гол на натпреварот го постигна капитенот на Хрватска Домагој Дувњак. Данците како вистински џентлмени му дозволија на Дувњак да го постигне својот последен гол во дресот на Хрватска на десетина секунди до крајот.
36-годишниот Дувњак вечерва стави крај на репрезентативната кариера. Еден од најдобрите и најголемите играчи во историјата на хрватскиот ракомет се прости со сребро на Светското првенство, што е негов деветти медал со Хрватска. За жал, ниту еден од нив не беше златен, но без разлика на тоа, Дувњак одбележа цела ера на хрватскиот спорт.
A lovely moment at the end of a fierce battle. Domagoj Duvnjak scores one final international goal, honoured by the Danish players before they wheel away in celebration of their 4th consecutive World title! pic.twitter.com/5a4OfkHfY6
— (Un)informed Handball Hour (@HandballHour) February 2, 2025