Спорт
Дуплантис, Меси, Кејти Ледецки, Сидни Меклафин кандидати за Лауреус наградата
Светскиот рекордер во скок со стап, Швеѓанецот Арманд Дуплантис, светскиот шампион со Аргентина Лионел Меси и американската пливачка Кејти Ледецки се меѓу номинираните за овогодинешното доделување на престижната награда Лауреус за најдобри спортисти во изминатата година.
Повеќе од илјада новинари од целиот свет избраа по шест спортисти за секоја од седумте награди што ќе бидат доделени во април.
Кандидати за најдобар спортист во 2022 година се атлетичарот Арманд Дуплантис, кој минатата година три пати го собори светскиот рекорд во скок со стап и ги освои светските златни медали во сала и на отворено, како и во Дијамантската лига.
Конкуренти на Дуплантис ќе му бидат Лионел Меси, кој со Аргентина го освои светското првенство, светскиот шампион во Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен, шампионот во НБА, кошаркарот на Голден стејт, Стеф Кари, францускиот фудбалер Килијан Мбапе и шпанскиот тенисер Рафаел Надал.
Во женска конкуренција, меѓу главните кандидати за наградата е и американската пливачка Кејти Ледецки, која на Светското првенство во Будимпешта освои четири златни медали.
Главна конкурентка ќе и биде атлетичарката Сидни Меклафлин, која веќе ја доби наградата за најдобра спортистка на годината. Таа освои две злата на Светското првенство во Јуџин и двапати го собори светскиот рекорд на 400 метри со пречки.
Јамајканската атлетичарка Шели-Ен Фрејзер-Прајс ја освои титулата светски шампион на 100 метри, полската тенисерка Ига Швионтек ги освои Ролан Гарос и Ју-ес опен минатата година, постигна 37 победи и годината ја заврши на првото место.
Меѓу кандидатите за наградата е и американската скијачка Микаела Шифрин, победничка на Светскиот куп, како и шпанската фудбалерка Алексија Путелас.
Објавени се и кандидатите за најдобар тим, а во финалето се аргентинската фудбалска репрезентација, играчите на Реал Мадрид, шампионите во НБА, Голден стејт Вориорс, англиската женска фудбалска репрезентација, рагби репрезентацијата на Франција, како и Ред Бул Формула 1 тим.
Кандидати за откритието на годината се фудбалската репрезентација на Мароко, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, казахстанската тенисерка Елена Рибакина, американскиот лизгач Нејтан Чен, американскиот играч на голф Скоти Шефлер и нигерискиот спортист Тоби Амусан.
Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер е рекордер со шест освоени награди, додека во женска конкуренција оваа престижна награда пет пати ја добиваше американската тенисерка Серена Вилијамс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Покетино си заминува од Челзи
Од Англија пристигнуваат вести дека аргентинскиот тренер Маурисио Покетино ќе го напушти Челзи.
„Сините“ сезоната во Премиер лигата ја завршија на шестото место со 63 бодови.
Со ова изборија пласман во Конференциската лига, што секако не соодветствува со амбициите на клубот.
BREAKING: Mauricio Pochettino is leaving Chelsea as head coach after one season in charge 🚨🔵 pic.twitter.com/8Forlxrsdj
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) May 21, 2024
Особено по огромните инвестиции кои ги имаше Челзи, а Покетино мораше да го плати цехот.
По завршувањето на сезоната, Аргентинецот имаше средба со челниците на клубот и со заедничка одлука беше решено двете страни да се разделат.
Се уште не е познато кој е во плановите на раководството на Челзи за негов наследник.
Спорт
Хезоња за својата иднина: „Немам идеја“
Кошаркарот на Реал Мадрид, Марио Хезоња изјави дека се уште нема поим што ќе се случува со неговата кариера во иднина.
Договорот на хрватскиот кошаркар со „кралскиот клуб“ истекува на крајот од сезоната, па прашање на сите прашања е дали тој ќе остане во Мадрид.
„Немам идеја. Флорентино Перез ми се заканува секој пат кога ќе ме види во трпезаријата дека морам да останам овде. Се надевам дека е така. Сите работиме да биде така“, изјави Хезоња за Ел Мундо.
Грчките медиуми го поврзаа со Панатинаикос, а има навестувања и за други потенцијални дестинации за најдобриот стрелец на Реал.
Хезоња сезонава имаше просек од 13,7 поени и 4,4 скока на 36 натпревари во Евролигата.
Хезоња и Реал во петок се соочуваат со фајналфорот во Евролигата, а во полуфиналето во Берлин ќе играат против Олимпијакос, што ќе биде реприза на ланското финале во кое подобри беа избраниците на Чус Матео.
Спорт
Англија со најголемите ѕвезди ќе настапи на ЕУРО 2024
Селекторот на Англија, герет Саутгејт го објави спискот на фудбалери за ЕУРО 2024. На спискот има 33. фудбалери, што значи дека до почетокот на првенството ќе седуммина од кои еден сигурно ќе биде голман.
На ЕП нема да патува долгогодишниот член на националниот тим, Џордан Хендерсон.
Списокот на Саутгејт:
Голмани: Дин Хендерсон, Џордан Пикфорд, Арон Рамсдејл, Џејмс Трафорд
Одбрана: Џеред Брантвајт, Луис Данк, Џо Гомез, Марк Гуеи, Езри Конса, Хари Мегваер, Лук Шо, Џон Стоунс, Киеран Трипиер, Кајл Вокер.
Среден ред: Трент Александар-Арнолд, Конор Галагер, Кертис Џонс, Коби Мајно, Деклан Рајс, Адам Вартон, Џерод Боувен
Напад: Џуд Белингем, Џерод Бовен, Еберечи Езе, Фил Фоден, Џек Гралиш, Ентони Гордон, Хари Кејн, Џејмс Медисон, Кол Палмер, Букајо Сака, Ајван Тони, Оли Воткинс.
Англија на ЕП е во Ц групата заедно со Данска, Словенија и Србија.