Спорт
Дурент ја мина границата од 30.000 поени – Феникс поразен од Мемфис

Кевин Дурент ја мина границата од 30.000 поени во поразот на феникс од Мемфис 112.119.
Гостите до победата ги предводеа бековите Џа Морант со 26 поени, седум скока и шест асистенции и Дезмонд Бејн кој запиша 20 поени, осум скока и четири асистенции.
Најефекасен играч во тимот за кој Бредли Бил не можеше да игра поради повреда беше 36-годишниот ветеран Кевин Дурент, кој постигна 34 поени (12/18 од поле, 3/4 за три) и додаде три скока и асистенции.
Поранешниот играч на Оклахома Сити Тандер, Голден Стејт и Бруклин ја мина границата од 30.000 поени во кариерата. Тој им се придружи на Леброн Џејмс, Карим Абдул-Џабар, Карл Мелоун, Коби Брајант, Мајкл Џордан, Дирк Новицки, Вилт Чембрлен и Џулиус Ирвинг.
Постигна 3.324 во дресот на Санс, малку повеќе (3.744) за Бруклин, а 5.374 за Голден Стејт. Тој помина девет сезони со првата франшиза, постигнувајќи 17.566 поени.
Чикаго Булс дожебеаја дебакл од Детроит пред своите навивачи. Пистонс во Чикаго славеа со 132.92.
Кошаркарите на Детроит ги расподелија поените рамномерно во убедливиот триумф. Малик Бисли (24), додека Кејд Канингем додаде 20 – заедно со шест скока и седум асистенции.
Центарот Карл-Ентони Таунс блескаше во победата на Њујорк Никс на гости кај Индијана Пејсерс (128:115) со 40 поени и 12 скока. Џош Харт додаде 30 поени и 10 скока.
Тимот на Торонто извојува тесна победа на гостувањето кај Филаделфија (106:103).
Скоти Барнс го предводеше Торонто со 33 поени (10/16 од поле) и 10 скока, додека камерунско-францускиот центар Џоел Ембиид, репрезентативец на САД, постигна 27 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Венцислав и Дејан Недев викендов ќе одржат ИТКФ-карате семинар и полагање за тренери и судии во Лондон

На покана од Федерацијата за традиционално карате на Англија, др. Венцислав и др. Дејан Недев на 21 и 22 јуни ќе одржат карате семинар и полагање за мајсторски појаси во Лондон, Англија.
Се очекува учество на околу 200 каратисти од повеќе карате клубови низ цела Англија. На крајот од семинарот ќе се одржи полагање за мајсторски појаси, тренери и судии.
Минатиот месец, Недеви учествуваа и на голем меѓународен карате семинар со врвни јапонски инструктори — Оиши, Кавазое и Наито — од Јапонската Карате Асоцијација.
Спорт
Милинковиќ-Савиќ го договорил трансферот во Наполи

Вања Милинковиќ-Савиќ, голманот на Торино, се согласи да се пресели во Наполи.
Договорот помеѓу српскиот голман и актуелниот шампион на Италија треба да биде потпишан до 2029 година.
Според медиумите во Италија, преговорите меѓу клубовите исто така одат во добра насока, па се чини дека нема пречки голманот да се пресели во Неапол. Наполи за трансферот ќе издвои 18 милиони евра.
Во својата кариера, повремениот репрезентативец на Србија ги носеше дресовите на Војводина, Манчестер Јунајтед, Лехија Гдањск, Асколи, Спала и Торино.
Спорт
(Видео) Индијана ја декласира Оклахома, изедначи на 3:3 во финалето

Индијана Пејсерс изборија мајсторка за титулата во НБА лигата. Пејсерс го изедначија резултатот во финалната серија на 3:3, откако ги победија Оклахома табдер со 108:91.
И двата тима се борат за првата титула шампион на НБА, а за прв пат од 2016 година ќе се игра мајсторка во финалето.
Решавачкиот меч е закажан за понеделник во 2 часот наутро по средно европско време во Оклахома.
Индијана до победата ја предводеше Оби Топин со 20 поени, Ендру Нембхарт уфрли 17, додека Паскал Сиакам додаде 16 со 13 скока.
Повредениот Тајрис Халибартон забележа 14 поени и пет асистенции.
Во тимот на Тандер, Гилџес-Александар имаше 21 поен, Џејлен Вилијамс додаде 16, додека Ајзеа Џо со 11 и Изеа Хартенштајн со 10 поени исто така беа двоцифрени.