Спорт
Дурент за Баркли: Зошто некој бара мислење од тој идиот

Кошаркарот на Бруклин Нетс, Кевин Дурент, остро му реплицирал на легендарниот играч Чарлс Баркли, кој неодамна изјави дека професионалните спортисти меѓу првите би требало да ја примат вакцината против коронавирусот.
Изминатата недела многу натпревари во НБА лигата беа одложени поради коронавирусот.
„Не разбирам зошто некој сака да слушне што мисли тој идиот“, рекол Дурент.
Кошаркарот на Бруклин, поради тешка повреда воопшто не играше минатата сезона, во тековната кампања во НБА лигата тој има просек по натпревар од 31,3 поени, 7,5 скока и 5,9 асистенции.
Charles Barkley: "Atletas pagam mais impostos, deveriam receber a vacina antes."
Kevin Durant: "Eu não sei porque ainda perguntam a opinião desse idiota."
Cara, Barkley calado é um poeta. pic.twitter.com/a4dBtNve5x
— Game Winner Brasil (@Game_WinnerBR) January 22, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хас го покажаа болидот за новата сезона

Екипата на Хас го претстави болидот со кој ќе се натпреварува оваа сезона во шампионатот на Формула 1. Болидот ја носи ознаката „WF-21“, а ќе го возат дебитантите Мик Шумахер и Никипа Мазепин.
Хас, од сите тимови, направи најмалку промени во однос на минатата сезона. Најзабележливо е дека тимот ги смени боите. На новиот болид доминираат белта, сината и црвената боја. Оваа промена е направена поради главниот спонзор, руската компанија „Уралкали“.
Ко-сопственик во оваа компанија е таткото на Никита Мазепин.
Минатата сезона, Хас, освои само три бода и во конкуренција на конструкторите заврши на претпоследното место, во генералниот пласман.
Новата сезона ќе започне во Бахреин на 28.март.
Спорт
Клоп: Клубот ги плаќа, нема да им дозволиме да играат за националните тимови
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, нема да им дозволи на фудбалерите да играат за своите репрезентации, доколку по враќањето во клубот ќе мора да минат десет дена во карантин. ФИФА, минатиот месец донесе одлука, која им овозможува на клубовите да им забранат на фудбалерите да играат за своите репрезентации, доколку по враќањето о клубовите мора одреден период да минат во карантин.
Велика Британија има „црвена листа“ на држави кои се сметаат за ризични. Владата донесе одлука за задолжителен карантин, за сите оние кои влегуваат во Велика Британија, а доаѓаат од државите кои се на „црвената листа“.
На таа листа се наоѓаат Португалија и сите држави во Јужна Америка, што значи дека Алисон Бекер, Роберто Фирмино, Фабињо и Диого Жота нема да добијат дозвола од клубот да го напуштат Ливерпул.
„Ситуацијата е таква што не можеме да ги усреќиме сите фудбалски сојузи. Не можеме да ги пуштиме фудбалерите, а кога тие ќе се вратат да мора да одат во карантин. Мораме да признаеме дека клубовите ги плаќаат играчите, тоа значи дека клубовите мора да имаат приоритет“, рекол Клоп.
Тренерот на Ливерпул, рекол дека клубот ќе има трпение и ќе чека до последен момент пред да ја донесе конечната одлука.
Спорт
Химки се распаѓа – клубот на играчите им должи 3,3 милиони евра

Кошаркарскиот клуб Химки се наоѓа во тешка финансиска ситуација. Играчите три месеци не примиле плати, а долгот изнесува 3,3 милиони евра.
Химки има само три победи сезонава во Евролигата, а на тимот не му оди ниту во регионалната ВТБ-лига.
Играчите три месеци не примиле плати поради што Јонас Јеребко, Грег Монро и Даирис Бертранс веќе го напуштија клубот, Стефан Јовиќ и Девин Букер побарале да ги раскинат договорите, а се очекува дека тимот ќе го напуштат и Џордан Мики, Ерик Мекалум и Јанис Тима.
Извесно е дека клубот сезоната ќе ја заврши само со домашни играчи.
Поради неисплатените плати, Евролигата пред еден месец на Химки му забрани трансфери.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер